Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Јас го разбирам муабетов и знам дека нема ни да помисли на средување и шминкање кога ќе го види ама многу лоши коментари се изнапишани, полни со осуди..
    И јас чекам бебенце во моментов и само на едно ми оди мислата во моментов, дали ќе ми биде девојчето здраво и како ќе го поминам пораѓајот, ама да ви кажам нешто искрено кога си ја спакував торбицата си ставив и шампон за суво миење и црвено карминче а и пред некој ден имав мали болки па вечерта фатив чупалица и средив веѓи, па црвен лак си ги налакирав ноктите на нозе за девојчицата да види убава мама кога ќе ми дојде.
     
    На Sexybaby86, lackygirl, BoaVista и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.107
    Па јас да замарам . Црвен лак на нозе за време на пораѓај? Дали си сигурна дека е паметно?
     
    На Annath, Leo_29, TutiFuti и 2 други им се допаѓа ова.
  3. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Те молам посочи ми зошто не е во ред, навистина не ми паѓа на памет.. затоа што и додека сум бремена после првото тромесечие почнав да се лакирам..
     
  4. Charlotte*

    Charlotte* Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2018
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.191
    Пол:
    Женски
    За царски не смееш лак на ноктите, уште помалце јака боја.
    Мислам дека од бојата на ноктите се гледа како влијае анестезија
     
    На thelittle17, LiliBoz, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.107
    Во бременост ок е. И јас се лакирав. Но на пораѓај, паѓањето на кислород во телото прво се гледа на периферните делови како ноктите и е прв знам дека нешто не е во ред. И на операција не се оди со лакирани нокти. Ако не ми веруваш мене еве линк:

    https://www.theindusparent.com/this-is-why-you-must-remove-nail-polish-before-delivery
     
    На thelittle17, dunika, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  6. mamaJana

    mamaJana Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    1.480
    Допаѓања:
    7.258
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам што ми посочивте @Cka @Charlotte* , не бев запознаена со ова.
    Јас ќе одам на природно породување, но утре од сабајле ќе го замолам мм да ми ги избрише ноктиве пошо сега ако намирисам ацетон ќе истурам црева со киселиниве што ме жегаат.
    Се утепав од читање околу породувањето ама незнам зошто ова не ми влегло в памет..
     
    Последна измена: 29 ноември 2018
    На dunika, eli25, TutiFuti и 4 други им се допаѓа ова.
  7. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.068
    Допаѓања:
    225.458
    Пол:
    Женски
    бриши зашто не знаеш дали ќе е природно како што планираш. НајдобронамерНо. Со лесно.
     
    На Annath, Charlotte* и mamaJana им се допаѓа ова.
  8. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    Јас абер немав дека ќе се пораѓам, отидов на обично ЦТГ и контрола, нашминкана, фенирана, па кога ми кажаа дека сум отворена и ќе се пораѓам, во таа паника како што брзо се отварав, нит некој ми спомна што сум отишла со пудра и кармин, нит ништо. Знам само ми рекоа накитот да го тргнам и ми дадоа стегач за коса на бокс.

    Во болница после не сум користела шминка, дека повеќе со бебето бев, а за излегување си ставив пудра и си се средив. И не гледам ништо страшно ако некој сака да се среди за излегување од болница. Кој како сака така нека си прави. Најмалку е потребно морализирање. Секој си знае што е најдобро за себе и за своето дете.

    Со исклучок на мислењата кои беа дадени како совет на членката, има неколку кои се баш полни со зајадливост и празно морализирање, а нема потреба за тоа.
     
    Последна измена: 29 ноември 2018
    На thelittle17, dunika, *Ench@nted* и 18 други им се допаѓа ова.
  9. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.829
    Допаѓања:
    23.640
    Пол:
    Женски
    Ова за лакирани нокти мајками ми го кажа, нив пред 30 год тоа му го кажувале, дека треба ноктите да се чисти бидејќи преку нив се гледало ако нешто не било во ред како што опишаа погоре.
    Иначе за шминкањево, секој си знае за себе, дури лежам таму не планирам да се шминкам, но за излегување од болница здравје Боже се да е во ред со бебе пред се а после со мене, планирам да си ставам ББ крем и маскара, зошто да не се средам малку, ако сни родиле не треба да се баталиме. Никој не вели за шминкање како за на свадба, а за една маскара ако ставам да не сум отечена во очиве нема да му наштетам на бебе. Битола во државна не дозволуваат посети внатре во соба, ако можам ќе излезам во ходник и таму ќе се видам и со мм и со сите останати што ќе дојдат. До бебе никој нема да стигни ;)
     
    На Annath, Dina911, Coco31 и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    Муабетите не беа за шминка кога ќе треба да се излезе од болница, туку за шминка за да изгледаш убаво пред посетата што ќе ти доаѓа. Со болна рана, потечени гради, растечена крв и млеко, подочњаци од непреспиени ноќи, сигурно нема да ти биде до шминкање за да изгледаш убаво пред гости, а нема ни да ти биде до гости!

    А што се однесува и до искачањето, со првото дете не ми ни беше битно како изгледам ни колку ми е мрсна косата кога излегував од болница, со болни и отечени гради, и огромна болка кога седнував, гледав побрзо да се облечам, косата во реп и да си одам што побрзо! Градникот што ми го донесоа ми стоеше како натакарен на балони! Не дозволив ни да ме гушкаат домашниве ради градиве. Незнам за вас, но мене ми се плачеше од болката! Ново искуство, хормони до плафон, не ни помислив на шминка.
     
    На thelittle17, Annath, An-na и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Девојки ја обрнавте работата скрос у друг правец. Не знам што толку ме свативте погрешно? Искрено ме навреди коментарот @Cka демек ако сум прашала за шминки, не мислам да прашам за дете, бог да чува.
    И знам, кога работите се напишани, и се читаат различно се свакаат. Никаде не пишав дека мене приоритет ми е да ми идат луге у болница, да канам гости у хотел што би рекле некој од вас, да доагаат да ме гледаат, јас да лежам шминкана у кревет, а за дете кој му е гајле. Така ја напраивте работата, ама нема врска, жени сме, тоа ни е во крвта :)
    Порагајот е единствена работа за која се оди и се излегува од болница насмеан, здравје боже се’ да е во ред. Нормално таму ке слушаш доктори и сестри што ке ти кажат тоа ке праиш. И да, @Cka се’ е така болно како што имаш опишано, ама пак ке кажам и болката е релативна работа, некој се боцне од игла и плаче, некој на порагај не рече оф, а знаеме дека маки не чекаат нормално, само ете јас не сакам да ги замислувам така како што ти ги имаш опишано, иако реално таква е работата.
    Форумов не е за да се правиме паметни и да пишуваме три страни глупости, еден ја извадил работата од контекст и ајде сите по него ке пишуваме зајадливи коментари.
    Дајте вратете се назад, девојката @Iki lepi прашува за реален прблем, нека се најде барем еден нејзе да и одговори.
    Поздрав до сите и ви посакувам убав ден и со што повеке корисни коментари :*
     
    На gjoker4e, eli25, Iki lepi и 7 други им се допаѓа ова.
  12. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    @Dina911 само позитивно размислувај. Поарно да мислиш на шминки отколку да те фаќа паника и мисла дека ќе одиш на колење. И не, не е секој пораѓај таков хорор, не се секирај. Јас имам сосем позитивно искуство, нит отечени гради и кругови млеко, нит проблем со станување, штом ме спуштија од интезивна одма станав, нит бев ненаспиена, напротив баш убаво се одморив во болница, нит имав проблем со излегување по нужда. Раната секако дека малку подболуваше, ама не беше нешто страшно. Само позитивно и се ќе биде во ред.
    И воопшто не ги ставај при срце некои од коментарите, повеќе служат за морализирање него помош.Ти ќе му бидеш мајка на тоа дете, ти ќе го сакаш најмногу и ти ќе знаеш што е најдобро за него. Не дозволувај ради некој коментар да се посомневаш дека нема да бидеш добра мајка или помалку мајка од некоја мајка овде. Уживај си во бременоста и со лесно на пораѓај.
     
    Последна измена: 29 ноември 2018
    На anggell, SexiLy, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.
  13. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    @Dina911 , муабетот кај што рече дека ти за разлика од другите, имаш многу луѓе што те сакаат и ќе ти дојдат на посета во болница, и ти мораш да бидеш нашминкана беше полош од другите коментари што ти ги дадоа. Советите ти беа да одбегнуваш шминки уште во болница поради многу причини... ама ти си знаеш. Ако тие што те сакаат, те сакаат само нашминкана, тогаш ете направи им го кејфот. Јас свое новородено бебе сакам да го бакнам на главчето, да го милувам... со пудра и со кармин, не би го направила тоа... ама секој со приоритетите во животот, нема пто да судиме, нели.
    А за излегување од болница, мислам ок е и да се поднашминка некоја жена, ако е за сликање и слично, ама за да седиш на болница натокмена, да не дојди некој во посета.....мислам делува малку смешно. Јас да имам приватна болница, би забранила, искрено!!! После ако се нафрли бебето, болницата ќе е крива, ќе викате не било чисто, затоа (или може некоја од сестрите имала менструција)!!!
     
    На Annath, LiliBoz и An-na им се допаѓа ова.
  14. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Да се вратиме на темата. Некако никој не пишува за Санте Плус? Некоја да сподели искуство или дали знаете кои се цените за породување? Мислам дека се поевтини од Систина и Ремедика.
     
    На Dina911 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.969
    Допаѓања:
    5.372
    Пол:
    Женски
    Миличка, уживај си во еден од најубавите денови во животот и не му ја мисли многу на коментарите од другите.
    Нашминкај си се, дотерај си се, прави се што ти душа сака, ако треба сликни се и за инстаграм и фејсбук, и не му ја мисли :*
    Камо и јас да го дочекам овој ден, па ако треба и ко на свадба ке се нашминкам, иако, не се шминкам многу.
     
    На SexiLy, 789_angela, YoursTruly и 4 други им се допаѓа ова.
  16. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    А како резултат на што беше напишан тој коментар? Не читајте селективно. Членката културно си праша за услугата фризер што ја нудат во приватните болници и за шминкање и доби коментар дека не прашувала за бебето него за шминки. Па колку треба да си безосетен и исфрустриран за да така дрско се обратиш на трудница пред пораѓај? Демек неа не и е битно здравјето на бебето, шминката и е побитна. Па за бебето ќе си праша доктор, нема сигурно по форуми да прашува. Плус тоа, жената ако е прворотка може незнае со каков предизвик ќе се соочи. Остајте ја да научи. Или научете ја, ама не со иронија и надменост. Членката останала бремена со инвитро и покрај сите маки кој ги носи инвитро процесот пак останала позитивна и си терала нормална бременост, ама направила смртен грев што прашала за шминка на форум, каде сите сме светици и најмајки, па и скокнаа да и кажат дека не и било битно бебето.

    Имаше коментари кои беа добронамерни совети, се познава кој коментар е пишан како совет, а кој е полн со фрустрации. Па и коментарот на една членка, не се сеќавам која беше(едитирам на @ocicka2014 ) за балоните, за сликањето, за малите мозоци. Дно дна. Ми беше срам што го читам. Не се свесни колку вриштат од фрустрација некои коментари.
     
    Последна измена: 29 ноември 2018
    На AlicaInWonderland, *Ench@nted*, anggell и 22 други им се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.097
    Допаѓања:
    135.107
    Членката праша за пудра и карминче, дека луѓе ќе доаѓале у посета. Нема потреба од омекнување на туѓите зборови. Од нејзиниот текст сфаќам дека
    1. Не и е битно дали детето ќе го направи кармин кога ќе го бацува, или ќе кива од пудрата.
    2. Ќе и идат луѓе кои ја немаат видено ненашминкана, значи далечни и многу, па затоа не и е гајле за имунитетот за детето.
    3. не е свесна дека бојата на кожата и устата се први знаци ако не и е добро.

    Подобро јас или друга членка да и предочи дека не треба отколку тоа да го дознае на полошиот начин. Оди на пораѓај, не на избор на убавица.

    И не, не сум мека и се да ме боли. Јас глас не пуштив на пораѓај, ама се спремав за тоа, не за шминка, Учев дишење, одев на часови, учев доење, а не у козметичко студио. И не сум повеќе мајка од неа, само имам искуство за пораѓај, а она нема.

    Вашите коментари, мисли си ти дека си топ срцка, мисли на шминки, нема да и олеснат доење, ризик од постродилна депресија, и да ја научат како да се врати во форма. После нашите коментари, гледаш дека сфати дека е глупост да е со малце карминче и пудричка и цело село да дојде да ја види? Од твојот коментар, ќе бараше и нијанса на сенка.
     
    На Snowbell, Annath, mal.ecka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.655
    Пол:
    Женски
    @Cka ок, да не беше ти така нај нај во све и така иронично да ги посоветуваш другите трудници, сите ко од бина на Звезде гранда симнати ќе одеа на пораѓај. Жената си беше свесна, и пред ти да се истрчаш со коментарот дека не и е битно бебето, не си ласкај напразно. Сигурно не планирала со кармин да бацува бебе, нити да води цело село. А и да планирала, има поубав начин да се каже, еве разлистај наназад неколку членки баш културно објасниле. Незнам која е потребата некого да правиш неспособен па и во теми за бременост. И доста потенцираш што ти си направила, зашто за тебе она што е правилно, за друг може да не е. Па побогу, не си родила само ти, за да драматизираш до толку.
     
    Последна измена: 29 ноември 2018
    На *Лорена*, karmenka21, Rebecca_R и 9 други им се допаѓа ова.
  19. Dina911

    Dina911 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    1.030
    Пол:
    Женски
    Еве по ова може да заклучам дека ти ме знаеш и подобро од јас што се знам сама себе што ми е битно во животот.
    Не знам само од каде толку иронија и зајадливост имаш собрано во тебе... дури сега и ми е криво што изгубив време во читање на твоите коментари и напразни објаснувања.
    Поздрав и се’ најдобро
     
    На Rebecca_R и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ај малку олабавете, срамота е ова што и го изнакажавте на @Dina911. Се напаѓа ли вака дрско трудница пред пораѓај?! Не само што коментарите ви се цинични, далеку од искрени и поучни, туку ви се и навредливи! Со чест на исклучоци кои навистина ја подучија за бојата на ноктите и некои работи (што навистина е така), грото сте безобразно дрски. Треба да се засрамите што си земате за право со таква дрскост да коментирате. Срам да ви е, стварно срам да ви е! Го однесовте едноставното нејзино прашање до друга димензија со помош на навреди. Посебно коментарот на @ocicka2014 , мислам шта речи. Засрами се што воопшто така се обраќаш на трудница пред пораѓај, а воедно ги навредуваш и сите мајки!

    Ако потроши 10 мин во денот да стави пудра или кармин, тоа не ја прави помалку мајка и незаинтересирана за бебето. Не знам што толку имате потреба да напаѓате побогу, ако сакам да се исфенирам, ќе се исфенирам. Ако сакам да се нашминкам, ќе се нашминкам. Јас еве си ставав коректор под очите, каква ли немајка сум, срам да ми е. И да, царски се породив, ама немав мака. Станав одма, следниот ден се избањав, и коса измив, и коректор си ставав и немав кругови на спавачата. И да имав, немаше да биде трагично.

    Не знам што да кажам. Малце осет не е на одмет.
     
    На Moce19, gjoker4e, eli25 и 14 други им се допаѓа ова.