Убавини и изнакажавте на членката како да е најголема немајка. А онде во другана тема на оваа изјава од доктор во приватна клинка ќутите. Др ми вика ајде пробај на нива како ги раѓале порано. Да беше ова во државна клиника имаше да се плука до бесвест до сега. Но тука докторот не мислел лошо.
И тоа од таа тема е извадено од контекст. Таму сакав да искоментирам, ама се воздржав, оти не вреди нерви и време да трошам. Еднаш бев и јас вака нападната како Дина во темата за царски, кога реков дека не поддржувам царски по избор на мајката, туку оправдувам само кога мора, и дека сум за природен пораѓај. Значи МИСЛЕЊЕ искажав, а бев нападната со „желби“ дај боже да завршиш на царски, да видиш како е и ме направија од го*но подоле. Недолични коментари фрштат од исфрустрирани мајки на сите страни на форумов, едвај се чека да се навреди и да се плука и да се вадат муабети од контекст. Мислам, шта речи? Мајките стануваат посебна категорија на жени аждаи веќе, секоја втора е најпаметна, секоја втора све знае, секоја втора плука и руга други мајки и идни мајки... Ни нема спас веќе, ни како народ, ни како луѓе. Човечност нула.
Форум е, затоа во голем дел све се вади од контекст. Кога не е кажано во живо да се слушне и тоналитетот, пишаниот збор многу често грешно се сфаќа. Не треба ни да се става при срце.
@Kitten јасно е тоа дека е форум и погрешно се толкуваат некои работи баш зашто се напишани, а не кажани усно, ете тоа беше случајот во Породилни приказни. Ама ова тука со Дина е класично ругање и преувеличување на едноставно прашање. Еј, со цел памет и рекоа дека не и гајле за бебето штом сака да се нашминка. Мислам... Сериозно??? Срам ми е што читам искрено.
Отидов нашминкана на пораѓај, имав пудра и руменило,маскара и кармин на усните кој ми се подизбриша до царскиот дур стигнеме, никој не ми кажа да избришам шминка. На излегување ме исфенираа,се нашминкав, НЕ СЕ СЛИКАВМЕ, но сакав да излезам убава од болница, Убава за мене а не за светот. И не ставив селфи на 40 дена со бебето, се шминкам сеуште кога излегувам со бебе некаде,па може и за по дома да ставам маскара и коректор да се осеќам убава,а бебе е секогаш чисто,испеглано,намирено. НАЈмајка сум за неа, а не НЕмајка. Многу злобни коментари прочитав. Осет никаков немате.
Пак јас искрено да си кажам си имав маскара и средени веѓи на пораѓај и супер слики со бебчо имаме И подржувам тоа што сака и да си се среди и нашминка и јас го правев истото па боже мој не го бакнував бебето а и јас носев маска(до три недели ) и гостите беа со МАСКИ ( мој совет за членката да им каже на гостите да стават маски) и бебето само го виде маж ми и мајка ми другите не. 8дена лежев поради инфекцијата што ја фатил, цело време плачев од хормоните уште да немав посета или времето да го губам со средување мислам ќе полудев..
Баш е убаво што советувате шминкање на болница... Затоа што местото е баш за дотерување... Не е битно здравјето, само комшиите како ќе ве видат!!! И баш убаво што не сте ги бакнувале/гушкале вашите чеда, за да имате кармин или пудра. Само никој не одговори, доколку бебето, штотуку родено, добие алергиска реакција од вашите незаменливи шминки, ќе си се обвините себе си, или ќе плукате по болницата како била со несоодветни услови и заради нив детето ви се нафрлило? Дали ако лицето ви е маскирано со шминка,, ноктите со гелови, и докторите можеби превидат некој знак кој би го виделе од боја на кожа, и нокти, во принцип, дали нема по фб да плукате колку некомпетентни и неписмени доктори имаме во Мк затоа што не реагирале навремено на компликации? Едно е да сте биле шминкани, и ништо да не ви се десило, ама да охрабрувате такво нешто е како јас да охрабрувам возење со 200 на саат по улица, оти јас еднаш така сум возела и нешто не ми станало. Треба бе луѓе да се знае, тоа се пишани/непишани правила, се знае како треба на болница, како треба на работа, како во ресторан... И интересно прочитав дека нешминкањето за на пораѓај и на болница го поистоветувате со несреденост и нечистота... го ставате во ист кош со немиена и неисчешлана коса... мислам ХЕЛОУ!!!
Апсолутно се сложувам со членките дека прашањето @Dina911 беше извадено од контекст и членката беше направена најголема немајка на свет! И јас имав операција (со целосна анестезија) и си отидов (под)нашминкана и не добив никаков коментар од вработените на клиника. Едноставно подобро се чувствував психички кога знам дека нема да се видам потечена, бледа и исцрпена наредниот ден, така планирам да си појдам и на пораѓај - тоа е убаво и благословено искуство, сакам да си појдам со позитивна мисла и надеж и не значи дека ако ставам малку шминка не се грижам за детето. Напротив, дај Боже сите да поминеме со лесно и убаво, ако нешто тргне наопаку не верувам дека ни една мајка ќе посегне или помисли на шминките. И конечно, можеме да си размениме мислење и да си поделиме совет и без да се напаѓаме една со друга за се нешто и да судиме без да се познаваме. И онака има доволно негативности во светот...
Не е проблемот во пациентките што се шминкаат, туку што не се почитуваат болничките протоколи. А за тоа се виновни вработените таму. И ок е, секој нека си прави како мисли. Не значи дека ако стави пудра, бебето 100% ќе добие осип или сл. Туку само шансите се поголеми, отколку кога не би ставила ништо. Или не значи дека ќе има здравствен проблем после породување. Ама шансите да се открие тоа без да се маскираат кожата и ноктите, се поголеми, отколку кога би биле нашминкани и налакирани. Јас сум човек што сака да ги држи работите под контрола, барем тие што може. Пред двата царски отидов избањата и депилирана. Тоа ми беше доволно. А за посета, и мене не ми се допаѓа тоа што пуштаат во соба по приватните. Си има фоајеа за тоа и мислам така треба да биде. Среќа мене ми се погодија цимерките. Да носеа гужва ќе се жалев сигурно, или ќе барав друга соба. Сметам дека секој треба да има осет и за другите.
Сте се фатиле за бацување, та бацување. Еве не ми е јасно зошто е битно во тие минути кога има посета, толку е битно да го бакнуваш бебето... Посетата нема да дојде ненајавена, а ниту пак ке седи цел ден. Пудра и маскара се ставаат за 10 минути, се бришат за 5. Чудо големо ако стави шминка и откако ке си отидатат луѓето она се избрише со влажни марамчиња. Е добро де, феминката сака да биде убава, што е толку чудно? Ако таа шминка направи она да се чувствува убаво и посебно, не гледам проблем. Не менувај теми, @Dina911 убаво напиша дека кога ке и доаѓаат во посета сака да стави малку шминка и да си ја среди косата.
Истото ми се случи пред некоја година и желба добив и им се оствари, завршив царски, но не поминав полошо од првиот природен пораѓај, полесно поминав. И јас не навредив никој, добронамерно кажав совет за посетата во болница и можеби само бурно изреагирав на коментарот дека луѓето ја сакале и затоа ке ја посетеле, како другиве што немале посета никој не ги сакал. Сакав и статии да пуштам последици од посети во болница кај штотуку родено бебе, но да не вадам од памет. И верувам дека секоја мајка си го сака бебето највеќе на цел свет, но не секоја е запознаена со ете такви работи и убаво е да се даде некој совет. Крајно правете си како ви одговара, но да не биде после болницата крива ако вие или бебето фатите некоја бактерија, зашто секогаш за таквите работи прва болницата се набедува дека е одговорна и до душа од една страна е, дека дозволува да не се почитуваат протоколите.
И јас пред да се породам, пред да останам трудна, пред да го земам бебето скакав, зборував вака ќе биде, така ќе биде. Се додека реалноста не ме удри во глава. Слушајте совети од веќе што поминале, како викаат слушај паталец, место гаталец. Ама самите ќе знаете што треба да правите кога ќе го земете бебето во раце. А верувам дека тогаш најмалку важно ќе ви биде дали сте нашминкани и дали косата ви е средена.
Видиш, еве мене ми беше поважно да си го галам и милувам детето нонстоп, си го мирисав, бакнував по цело тело, а ич не сакав посети баш тогаш ни на пет минути,мене ми пречеа што се вели мајка ми и свекрва зашто хормоните ми беа хаос, а не пак во болница да ми доаѓаат ојлевци-дојлевци. И баш убаво пиша, подобро луѓе кај породени жени и бебиња кога има грипови, вируси отколку сама со бебето. Браво
Луѓе, дебатава изгледа нема крај. Може ли некој да отвори тема посебна за шминкање и дотерување после пораѓај, а оваа да ја ослободиме за релевантни прашања и споделувања за искуства со приватните болници? Трудниците ја отвораат оваа тема да прочитаат искуства, како што гласи и насловот на самата тема. Премногу се измешани наназад постовите за префрлање, но отворете нова тема, па нека продолжи дискусијата, без зајадливи коментари, овде да не се продолжува оф-топик за да не ве бришеме. Благодарам.
Devojki, od kade ste pozadovolni, Remedika ili Sistina? Jas sakam da se porodam so carski, bidejki sum golem panichar i od najmal pregled, duri i samo razgovor so doktor jas se vozbuduvam i krevam pritisok...Sobiram mislenja kade da odam. Bev ubedena za Remedika, ama sega pak chitam nekako mnogu pozitivni iskustva od Sistina i ne znam stvarno...
Ако си паничар, природно ти е подобра опција. Јас од Систина бев задоволна. Немам искуство од Ремедика за да споредам.
И јас решив за систина еве во понеделник имам првата контрола со доктор Златко Палчевски, мојот матичен го пепорача.Инаку и јас се двоумев за помеѓу тие две ама мојот матичен ми рече дека ремедика е болница а систина е клинички центар. Јас сум помалку проблематичен случај имам многу алерги на лекови и на анестетици и затоа го препорача Систина.
Еве сама да си одговорам, може ќе интересира некого, во Санте природно породување е 850 евра со вклучена анестезија и 2 дена во болница, а царски е 1390 евра. Малку по малку се качуваат цените и овде, па кај и да е ќе ги стасаат Систина.