И јас се решив за Систина ама сега слушам дека два месеци плата не земале, па се прашувам дали и воопшто ќе работи кога јас ќе се пораѓам. Каков баксуз сум ништо не би ме изненадило
И јас се запрашав за истото откако газдата им е во затвор, ама за толку успешна болница не би требало да се затвори. :/ Зошто?
Па нели им почина родилка пред некое време, поради лоша интубација при воведување на анестезија. Па после тоа затворена беше едно време, контролата утврдила дека анестезиологот не бил ни вработен во болницата, туку по договор на дело си работел на повик таму.
Знам за тоа, ама баш по тој инцидент не верувам дека ќе дозволат и друг и дека услугата мора да им е на врвно ниво
А можеби само ќе се шлепаат исто како и порано. Штом еднаш се извлекле со такво нешто, може пак ќе се извлечат, нели? Зошто некој би ризикувал да оди во таква болница и да не знае каква услуга ќе добие, а ќе плати толку пари? Срамота е што уште се отворени.
Систина плата не земале? Незнам кој ти го кажал тоа ама тоа е голема лага, систина си работи нормално и понатака без разлика што Камчев е во притвор сепак турците таму како ќе кажат така ќе биде.
Иста сум и јас паничар невиден бев, од разговор со докторот се препотував и решив царски и не згрешив во систина се породив кај Никола Панчевски си закажав и готово се олеснив. Инаку и сестрами работи таму другарката голема лажга е.
А како се осеќаше во текот на интервенцијата? И јас се плашам многу, за природно ми е страв од паника да не не соработувам...
Па и јас затоа царски викам ќе направам некоја беља, ако се пораѓам природно. Кога ме однесоа во сала ме фати страв ама ме опуштија почнав и да се смејам кога дојде докторот штама сите се заќутеа. Цело време бев возбудена едвај чекав да си го видам бебето што го чекав со години откако го извадија ми ставија нешто за спиење додека ме средат јас око не затворив хаха да не се лажеме отпосле боли ама се трпи јас би одела уште на 5 царски да знам дека ќе поминам така како што поминав. Со лесно и не се плаши
И јас бев решена за Ремедика, ама по вашите коментари овде се одлучив за Систина. Докторката рече би пробала природно, ако не бива ке одиме царски. Нормално и мене ме фака малку страв (ама малку ) од самиот чин, ама одев и на претпородилни часови кои се надевам ке ми бидат од корист, барем одприлика знам што ме чека и начин на дишење, напнување па ке видиме како ке биде Позз до сите и со лесно нека ни е
Во Штип, овде во болницата има и да ти кажам право многу се добри, знаеш од прилика како оди целата постапка, објаснуваат и за царски и за природен порагај
Pred porodilni casovi imas i i gak samo rasprasaj se. Jas vo 2013 so prvoto Bev. Sega kako e neznam so vroto ne otidov
Ubavi predavanja za trudnici ima vo Sistina sekoja sreda od 19 casot. Jas odev na nekolku i mnogu raboti nauciv od niv. Plus na sekoe predavanje si dobivav i po nekoe poklonce.
Има посебна група за матични клетки, прашував и таму и јас уште се мислам на 100 ума сум во врска со ова...
Еве јас да си го кажам моето искуство. Бидејќи бев со закажан царски претходно го извадив гелот од ноктите. Арно ама за шминката ич не ми текна. Сабајлето ставив пудра колку да не сум без ич (повеќе заради подочњаците) и малку маскара и отидов. Нормално никој ништо не ми рече, пудрата не се ни познаваше ама ете на сликите многу свежо изгледам. Е наредно не би. Имаше момент кога се изгубив па ме вратија. Да немав шминка можеби анестезиологот и порано ќе ме приметеше, што знам. Додека лежевме во болница воопшто не ми беше до шминкање, а за искачање на две на три и низ врата. Во секој случај секој си е своја приказна па не судам. Мене една сестра ми се сипа што држев телефон во рака додека бебе беше до мене. Сосема коректно, јас од возбуда не ни помислив. Не мислам ништо лошо, само сакам да споделам искуство. Со лесно на сите што ги чека породување