Ова ме потсети на мене. Претпоследниот ден пред да си одам, за малку ќе се онесвестев. Сестрата ме примети дека не сум добро по бојата на лицето, бев бледа ко крпа. После реагираа на време затоа што ми беше многу лошо.
Јас секогаш сум ко за на онкологија. не можат да се водат по мојата боја на кожа. Ама затоа кога помодрев во уста јасно им беше колку е саатот
Женски, вие што се пораѓавте во Систина а не водевте бременост таму, првиот пат кога бевте, закажавте само преглед кај избраниот лекар или? Јас сум 35та недела, наредна недела сакам да се јавам да закажам па не знам шо да кажам, преглед ли или?
Да, ќе си одбереш доктор. Ќе си закажеш кај него. Ќе кажеш прв преглед и цтг, 36та недела. Иди 15 тина мин порано за цтг
Мене првиот преглед ми беше со 36 полна недела, се јавив закажав обичен преглед, докторката ми направи ехо, од тогаш одам еднаш неделно. На првиот преглед не ми правеа ЦТГ, на следните два одев прво на ЦТГ, па на ехо. Последниот преглед имав и вагинален преглед.
Првиот ми го наплатија 2.306 денари мислам беше, кога отидов следна недела на преглед, на шалтер ги прашав од кога не се наплаќаат прегледи, нели ако закажам порагај кај нив прегледи не се наплакаат (така прочитав овде во групава и затоа прашав ). Одговорот на вработената беше дека такво нешто не постои, туку дека самиот доктор одлучува дали ке ти наплати преглед или не, еве втор и трет преглед докторот во систем внел читање на резултати и не ми наплатија ништо, а имав и ЦТГ и преглед на ехо кај докторот.
И јас бев во понеделник кај доктор Златко Палчевски во Систина и сум многу задоволна, многу убаво ме пречека 33 недела сум и кажав дека одлучив за породување таму кај нив, ми направи и цтг све платив 2400мкд.Следната контрола ми закажа во 35 недела да одам заедно со резултатите од брисевите и крвната слика што ќе ги направам кај матичниот гинеколог.
Се борев за воздух еден период. Тоа памтам па следно како се будам и ми прскаат нешто во уста . Тоа беше кога го вадеа бебе. Ептен гадно чувство имав, (ќе се воздржам од коментари ) ама си викав издржи бре кратко трае (читав претходно на форумов за тоа непријатно чувство ама сите викаа дека е кратко и подносливо) а главава ја вртев како на рингишпил да сум. Иначе имам прилично висок праг на толеранција на болка и се чудев како така ми е лошо . Тек после дознав дека бебето било заплеткано со папочната врвка два пати околу врат и рамо а плус докторот спомна некои точкички што задржале многу време ((нешто што било поврзано со клексанот)поима немам).
И јас тој момент се изгубив и тоа 2,3 пати, не можев да им кажам се борев за воздух и отварав уста да кажам ама неможев, но најверојатно они гледаат тоа на монитор и ми ставаа нешто и се ококорував за секунда, како нова бев кога ке ми ставеа, како одеднаш да се освестував и продишував на ново.. Најверојатно од возбуда беше тоа. Кога ја извадија и заплака веќе на 7мо небо бев и немав гајле
Баш докторот ми рече откако ќе го извадиме првите минути може да ти се слоши. И така и беше. Претпоставувам нормално е чим ете кај повеќе се случува. Ми помина кога го видов бебе
Немав и јас вакво лошење. Ете тука сега прв пат читам за тоа. Свежа бев во текот на целата операција, скоро на се се сеќавам. И мојот беш ептен заплетен во папочната. Го почувствував влечењето, ама и тоа не беше толку страшно или непријатно. Кога слушнав дека плаче се свестив дека не е повеќе во меше. Уште го помнам плачот и часовникот, 8:20.
Што убаво, јас не би да кажувам во детали за тој дел кога ја вадеа, ке ги извадам од памет труднициве, доста им е Битно најубаво е кога ке ги извадат и кога ке слушнете плачење, олеснува. Мене не ми ја донесоа одма на лице да си ја допрам помилувам.. ја гушнав тек трети ден
Вака кога ве читам ми изгледа дека и царскиов и не е баш нешто царска работа, да не речам полесна од природен порагај, како што повекето кажуваат, пошто слушам само различни коментари за царски и природно и на сто ума сум
Царскиот е далеку од царска работа Бебе мора некако да излезе, најважно е мама и бебе да се супер се останато се издржува