Во право си. Јас бев таму и во тие два дена видов дека со врски пуштаат, а ми се прават као не смее. И јас би полудела да не се видам барем со мажот во таква ситуација.
По ова што го пиша ми изгледа дека рандом особа ми влага у соба и ме гледа со бебето... Претпоставувам дека луѓето кои доаѓаат на посета се блиски на мајката и се таму доколку нејзе не и пречи... А ако не се најавиле незнам... сепак сметам дека да им се стави забрана за влегување е многу ригорозно... од друга страна оние што не се блиски што бараат во болници на посети за џабе губење време?
Срцка, приватно си е приватно. Тој што не направил споредба не знае. По правило така како е приватно треба да е државно ама не е за жал... Јас реков, ако имам можност да родам па во Систина кај истата докторка - ќе раѓам, ако не, не се осудувам државно да одам. да се редактирам @Grungie можеш да им кажеш дека не примаш посети бар за Систина знам зашто прашав. А чим може таму, може и во другите приватни бидејќи нив и полесно им е гужви да не им се прават.
Јас се породив во приватна во Плодност. На интензивна нема ни маж посета. Во соба можи само мажот да влези, друг никој. Ако сака некој на посета ќе ми кажеа сестрите и јас излегував од соба тие несмеат да влезат. Бебето сестрите им го носат само до врата да го видат од далеку. Чудно што таму така пуштале.
И Систина на интензивна не пуштаа нормално, а за во соба дозволуваа по еден човек. Не разбирам зашто да не пуштаат? Значи ние сме сите свесни дека утре дома ќе си одиме и дека треба трезвено да размислиме дека ако сме болни не треба да одиме на посета кај мало бебе ни првите 40 дена, ни па на 2,3 месеци. Колку и да е тоа бебе ако некој болен му се приближи може да префати нели? Епа исто и во болница. Лежам 5 дена, зашто да не ми дојде маж ми? Тоа бебе ќе е дома па со него, нема да сме сами ко у болница.
Искрено мене многу ми значеше што мм можеше да дојде. Имав и среќа што последните три дена бев и сама во соба откако цимерката си отиде, па тој седеше и по неколку часа. Пред тоа најмногу по двајца кај пациент имаше, по пократко време, и ич не ми пречеше што позади параванот беа мајката или сопругот на цимерката. Бебето и онака не беше цело време со мене, па не се ни сеќавам дали друг го виде пред да си одиме. На крај на краиштата сите што дојдоа ми беа преблиски луѓе, па ич не ми беше проблем, напротив, се радував на секоја посета.
Во систина да така е, дозволени се посетите од 10 часот наутро до 20 часот навечер, иако и порано/покасно да дојдеше некој не правеа проблеми, кај мене само маж ми, мајка ми и татко ми дојде еднаш. Маж ми и мајка ми постојано беа со мене и бебуш, па да не беа они што ќе правев таму сама. Друг никој не дојде, сите имаа осет кога треба да се дојде. Иако беа двајцата во соба никогаш не ми спомнаа нешто сестрите или болничарките дека треба по еден да седи. Маж ми беше и во предпородилна соба и на бокс, за спонтано породување дозволуваат додека пак за царски не.
Било така. Јас пред недела дена излегов срц, се е изменето. Еден на посета, 20 ч. максимум. Дури полнач немав зашто итно ме задржаа нели за цезареа и мм го остави доле на влез Б и ми го качија така.
Неколку пати имам лежено во систина, на трети кат и секогаш беше вака, посетите не беа ограничени. До пред 3.5 месеца исто беше може сега смениле не знам..
Na cimerkata moja i rekoa samo eden vo soba deka smee mene nisto ne mi rekoa znaci ne e smeneto nisto samo taka ti se pogodole lejdi sestrite
Не беше до сестрите, на цимерката и го пуштаа детето ама не и мажот (и обратно) . И се тоа од напред. Сестрите врска немаат со тоа. Ова зборам за во соба. Па бев цезареа, седев подолго, сите сестри ги извртев. Башка имав и врски ко што кажав, ама само вработените врска кои ми беа доаѓаа да ме видат ( уште на интензивна зашто мајка ми паничела) . Ни мене, ни на цимерката и даваа повеќе од 1. Е сега може нас не ни давале, а давале на другите соби од кај да знам.
И јас здравје во Плодност ќе се пораѓам и уште на школа кога ја разгледувавме болницата ни беше напоменато како че одат посетите. Баш како што кажа @Верче4 во соба (секоја родилка е инаку сама во соба нема цимерки) може да влезе само сопругот, за другите надвор излегува родилката во ходник, ако сака Посети за сопругот кога сака, за другите од 15-17 часот. Бебето на таткото му го носат во соба, откако претходно му клаваат маски и триста чуда, а другите може да го видат само преку стакло. Мене тоа ми се допаѓа, не за да изигравам ,јес да дома ќе си одиме и не може на луѓе да им забраниш да идат ( не на сите), туку најмногу зошто во првите денови после пораѓај на мајката и е потребно одмарање, да собери енергија за се што следува после кога за бебуш ќе се грижи сосема сама.
Може кога бев јас сестрите не беа тука на одмор беа тие што не давале не знам ама мене никој пат не ми правеа проблеми, мајка ми и маж ми беа постојано со мене ништо не ми спомнаа. А и ти беше 4 вечери и јас исто Е сега кога спомна врски.,Мајка ми познаваше две сестри и една болничарка, кои се врткаа тука постојано па може затоа ништо не ми спомнаа за посетите што знам..
Мажот ми можеше да иде во соба кога сака за него не правеа проблем, а за други никој не смееше. Таков им е редот ете незнам. Можи дека тука се шетаат кога ги носат бебињата по соби. Не дека идеше кај мене кизне кој само моите, сестра ми и свекрва ми, ама сепак не ги пуштаат внатре јас излегував.
Епа ништо, ни останува и други девојчиња да се породат, па да чуеме и од нив како било. За порано знам дека така било и како беше јас кога бев. Може мене така ми се погодило.
Јас за систина слушнав се најдобро за породување, а мене ќе ми биде доволно барем мажот да доаѓа на посета ако не може друг. И најважно ми е докторот секако, однесувањето на персоналот,а не да се однесуваат кон мене како кон животно (јас на клиника и викам на сестрата: извинете,ако може да ми ја откачите инфузијава да појдам до тоалет зашто многу ме се одеше од неа, не можев да издржам, а таа да ми рече: де бре кај најде сега и ми се раздра и после тоа видов-невидов па сама си ја откачував и закачував) и хигиената, не сакам по пораѓај да клечам во помочани тоалети како што е на Клиника. И ме нервира некој кога ја прави Клиника дека е мед и млеко, а дека приватните не чинат. Плаќаш да, ама се однесуваат убаво, а не да те потепаат уште малку ако ги прашаш нешто на ГАК.
Клиника и чаир не се споредуваат со приватните и тука нема простор за муабет. Е сега мене ми пречи тоа што во систина и ремедика се по две во соба. Реално за тие пари би требало сами да бидеме. Си замислувам како би било доколку сопругот и роднини на цимерката висат во соба по цел ден а треба да се породам во период на вируси и грипови. Дали бебињата се во соба а влагаат непознати луге? Искрено јас би сакала само сопругот и евентуално мајка ми да дојде. Навистина не би сакала сите да ми се шетаат по соба. Контакт со бебе само мм други НИКАКО
Jas imam samo najdobri zborovi za sistina. Dva pati vo den se cisti i dezinficira, vo bilo koe vreme mozes da pobaras peskir nov, vloski, sredstvo za higiena itn... Ako ne mozes da stanes si vikas bolnicar te nosi do wc...Odnos odlicen! Bebeto koga sakate da e so vas si se javuvate vi go nosat ili da go zemat ako sakate da odmorite. Non stop proverka na rana soveti i sl. Drugo ne mi teknuva a slobodbo prasajte
Дa, се случувaше бебињaтa дa се сo нaс a дa дoјдaт мoите или нејзините рoднини. Гo делaм твoетo мислење декa зa тие пaри требa дa сме сaми вo сoбa.