Да така е, еве веке јас пред порагај и муабетот на сите е оди царски да ти го извадат бебето, да не се мачиш
Да ама има многу различни искуства. Има што прелесно поминале природно, прелесно што поминале царски, но има и кои не поминале и така и така баш лесно. Јас можам да кажам дека царскиот ми беше полесен од природниот пораѓај, особено отпосле многу полесно и побрзо опоравувањето ми беше, без компликации. А има по царски што имаат страшни главоболки долго време, што ете ке имаат проблем со раната... јас само три дена имав главоболки и ништо друго, по една недела сама се правев дома, сама бањав бебе. И двата пораѓаи не ми беа најсјајни ама царскиот можам да кажам како полесен да беше. Ама зашто да не се проба природно, може ке поминеш прелесно и зашто да трпиш болка од рана ако ете можеби лесно ке поминеш... Јас сум за природен пораѓај, без многу форсирање и душа вадење со саати, ако не иде, не иде, тогаш царски. И уште нешто... трето да раѓам, пак ке одам со обиди за природно породување прво.
Јас како паталец со два царски, можам само да кажам дека ич не е лесно. Првиот пат поминав полесно. Вториот пат потешко, потешка беше операцијата. И сега, после две години имам последици. Јајниците и матката ми се поместени нагоре и не може да се видат со вагинален преглед, само абдоминално. За среќа, се е во ред, ама положбата не е нормална и се плашев од болките што ми се јавуваа толку високо. Очекувана последица после операциите. Се би дала да се пораѓав природно...
Значи тешко мене што си мислев дека царски е баш царски,оно да те деформирало. Уште и планови за во приватна ќе одам таму без збор ќе ме послушаат дека сакам царски не трпам болки затоа така размислував,но читајќи ве разбирам дека природниот си е чин за што сме скроени ние жените. Имало и ќе има случаеви каде што мора царски,но друго е на своја рака како што сакав јас да си бараш
Епидурална и природен пораѓај, ете ти прв избор, па ако не иде тогаш царски Јас дека траума имав и лошо искуство првиот пораѓај, за вториот решив приватно со епидурална да раѓам, но завршив царски.
А да не му ја мислиш многу каков ќе биде пороѓајот. Да оставиш доктори да проценат каков да биде. Ти биди спремна на сите опции и толку. Не му се плаши ни на едниот ни на другиот тип на пороѓај. Бебето мора некако да излезе и толку.
Дали некоја од вас знае да ми каже за контролата по 6 недели од породување, колку чини во Систина и од што се состои... И таа да не беше вклучена во пакетот?
Јас бев природно породена па баш и не видов некој благодет,целата сум испукала плус сум сецната шиена незнам колку конци.Додека сите си шетаа слободно јас се влечев одвај одев.Две три недели неможев убаво ниту да седнам ниту да легнам.Затоа пак сестра ми царски втор трет ден беше на нозе супер помина ниту болки осети ништо,баш царски.Ете нема правило.Само да сме живи здрави се се заборава ама кога би можела да бирам овој пат би избрала царски можеби заради првото искуство.
Не значи дека приватно ќе те послушаат за царски. Мене зборот ми беше да се проба прво природно, а ако се нема избор, тогаш царски. А не директно на царски по желба на родилката. И не значи дека сите ќе имаат исти последици како мене. Кај мене прво се проба природно и двата пати, на крајот околностите беа такви што мораше да бидам породена со царски. Тоа е тоа.
Знам дека ти е страв од болките и тоа е многу нормално. Јас сум породена со закажан царски бидејќи бебе беше карлично а јас прворотка и правев секакви вежби за да се заврти, но не бидна, остана карлично. Имав прекрасна бременост, лесна, без ниедна компликација и ако бебе беше наместено за раѓање со главче надолу ГАРАНТИРАМ дека ќе раѓав природно. Имав страшни главоболки после царскиот,10 дена едвај го доев бебето . Со раната проблем немав ама главоболката беше ужасна и освен лежење не ми помагаа никакви аналгетици. Цели 10 дена!!! Страшни породилни болки имаш додека излезе бебе од тебе и толку! Јас главата не знаев кога ќе престане да ме боли, ужасно беше. Доколку имаш нормална бременост оди на природно, ќе видиш дека можеш да издржиш бидејќи ништо освен плачот на бебето нема да ти е важно. Ова е мој совет, изборот е сепак твој. Со лесно мајче
Абе има жени викаат ич каква мака со рана од царски линивче малецко...како што има жени по месец дена на гз што не можат да седат после природен. Затоа напишав грешно сум мислела дека царски е она чекај анестезија па после 5 мин. слушаш плач,те средуваат,ајде во соба. Ама не било баш така,и на крај се се сведува на тоа дека брзо забораваш на секоја болка.
Мешиња дали некој имал искуство со голема глава на плодот,напредна за скоро 3 недели плус,дали мора да биде царски или се форсира само царскиов,малку сум во недоумица?
Голема глава мора да е царски, се мери претходно за да нема никаков ризик. Си има мерки до колкав дијаметар на главчето може природно, се плус иде на царски.
Еве ме мене породена царски во Систина и само едно имам да кажам, пофални зборови за целиот персонал, вреди секој денар потрошен овде.
Те молам сподели нешто повеќе Гледам тука се пишува дека не треба ништо да се носи, ама ти што ќе кажеш? Како е во однос на посети? Стварно би сакала да е ограничено и строго да можам да кажам не доаѓајте сите нема да ве пуштат Што би споделила што не е спомнато во темава а убаво да го знаеме? Јас имам уште 3 недели до термин ама бебе уште е карлично па психички се припремам за царски.