Имаше пауза направено заради здраствени причини. Јас сакав кај неа, но ме упати кај Ефремоски. Се породив во август.
Јас мн сакав кај неа и баш овде на форумов ми кажавте дека не пораѓа инаку не знаев. Следен преглед знам ја прашав жената искрено ми кажа што и како било и дека не се чувствува спремна да пораѓа, но можеби еден ден ќе започне пак што искрено не верувам. Јас имам многу позитивно искуство со нејзе. Срцка од жена.
прекрасна жена и доктор. ни јас не верувам дека повторно ќе пораѓа. ... Мене скринингот она ми го правеше...
Пред 2 години септември месец она требаше да ме пораѓа, со неа бев договорена иако на крај ме породи друга докторка што беше на дежурство ноќта. Мислам дека брзо после тоа отиде на боледување и престана да пораѓа
Девојки да прашам,од тие што се пораѓале приватно,ако договориш таму пораѓај од кога не ти наплаќаат преглед?на пр. имам закажано во 36 недела,тој се наплаќа ли и после тоа како е процедура,не прашав кога закажував?
Vcera bev prv pat vo Remedika. 36ta nedela isto. Se plakja avansno 6000 denari koi posle ti gi odbivaat (vkluceni se vo vkupnata cena). Mi pravea eho, ctg i infektiven skrining (mi zedoa krv za hiv, hepatit b i c). Ne se naplakjaat onaka plus.
Јас дојдов да не речам полуспремна за останување во болница )) со мене земав несесер со прибор за лична хигиена, мада тука имаш нели гелче за туширање и четка за заби. Ми дадоа да земам лап топ со мене дека имам потреба од него. Ништо посебно не ти треба, за царскиот нема потреба од посебно психичко спремање, само слушај што ке ти кажат, тоа ке правиш, воопшто не е страшно, колку повеке си опуштена толку полесно ке поминеш Посети си пуштаат нормално до 8 вечер, не ти ги најавува персоналот, ама претпоставувам кој и да дојде тебе ке ти се најави, кај мене маж ми и мајка ми што поседуваат повеке, дека сум сама во соба и не пречам на никој, другите што дојдоа беа само на 5-10 мин. Ако е бебе тука кај тебе во соба, бараат посетителите да имаат ставено маски, ако не сакаш да е тука, ги викаш, го земаат бебето и тоа е. За останатото немам замерка за ништо, како што кажав секој денар алал нека им е, така да опуштено и ке биде се’ во ред Ако ти текне нешто слободно прашај ме За ова истово прашав во Систина, прв преглед 36 недела само ехо без цтг ми го наплатија 2306 денари, следна недела отидов на преглед на ехо и кога дојде ред за наплата, прашав од кога не наплакате ако закажам порагај кај вас? Одговорот на вработената беше, не постои такво нешто, за тоа одлучува докторот, еве ми вели докторот сега напишал читање на резултат, така да нема потреба од наплата. Од тогаш имав уште 3 бесплатни прегледи ехо+цтг, крвна слика сите тие припреми за порагај и баш утре ке видам колку точно ке ми наплатат комплет и ке ви пишам, дека кога се јавив на почеток да прашам ми рекоа царски е 103.000 пакет. Позз
Ако не се лажам, периодот кога се пораѓаше ти во август, а и јас тогаш се пораѓав, беше на одмор. Јас бев договорена со неа, но испадна една недела пред да се врати на работа.
Од 36та. Од таа нед бесплатни се цтг, а ехо кога како, треба да наплаќаат тоа, но не наплаќаат. Еве мене две ехо прегледи ми направи, не ми наплати. Само тоа ехо во 36та го платив. После подготовка си платив 6000ден, која ја одзимаат потоа од цената кога ке се породиш.
Во систина сметката беше 103.310, во кои како доплата на порагајот ми наплатиле само анализа на крв за мене и бебето. Ние сме добри, царскиот кај мене излезе добро, од втор ден на нога и еве до сега супер. Поздрав, тие што сакате во Систина нема да погрешите
Што во случај,ако добиеш болки,а докторот кој те води на пр во систина,не е во мом на работа го викаат или не?
Има ли на форумот некоја што се породила кај др. Дракулевски во Систина? Навистина ли моментално е на боледување?
Не ти треба буквално ништо, јас отидов во фармерки, џемпер и ташна (за низ град, дамска или како ги викат). Во ташна имав лабело и крем за раце. Единствено нешто дополнително што ми донесе маж ми беше крема за лице, и четка за коса. И облека за излегување на мене и бебе. Долен веш, влошки, спавача се имаш таму во неограничени количини. ЗА хигиена имаш четка за заби, паста, шампон, гел а туширање, крпи. Во однос на посети, дозволено е посети по цел ден до 20 часот. Нема некаква рестрикција, било кој на рецепција може да каже : јас сум за кај таа и таа и го упатуваат во соба. Али ти ова не мора да го споделуваш со сите. Кај мене се погоди еднаш кај мене родителите, кај цимерката сопругот и коа дојдоа две другарки им рекоа дека ќе треба да чекаат да влезат и да влегуваат една по една и после тоа се смирија со посетите Имаш и соба за дневен престој, па може и таму да си седиш со посетите ако си во добра состојба (јас бев природно па немав мака, за царски сепак мислам тешко) Од продароци цвеќе и храна не смее да се внесува, ако ти донесе некој ќе мора да го остави на рецепција па на излегување да си го земеш. Ако сакаш да си сама во апартман се доплаќа 3.500 од ден, во пакетот имаш 3 денови за природен пораѓај и 4 за царски. Ако сакаш да останеш плус се доплаќа 8.000 од ден. Хигиенски немам збор, идеално е се. Породилната сала супер, сестрите екстра фини и многу смирувачки ти делуваат. Кога ме примија прво разговарав со анестезилог, за минати операции алергии и такви работи. Потоа ме прашаа за режим на исхрана, па ме посети и нутриционист за да се догориме што сакам, што смеам и несмеам. Постојано имаш сестра на повик во било кој дел од денот за било што. Постојано ти донесуваат води и сокови, не те оставаат да снемаш, јадење, ужини се е супер. Бебето исто преку тел го викаш кога сакаш да ти го донесат и кога сакаш да го земат. Пред излегување те посетува девојка од правна служба да праша дали се било во ред. Потоа фрзерката те договара за миење и фенирање и после сликање со бебе во бебешко катче и си идеш . А да, ти даавт и голема слика, првата слика од бебе, со сертификат за новороденче... И така, моето искуство супер позитивно, мислам се опфатив, ако има нешто прашај