Ти благодарам за споделеното искуство и за трпението да ми одговориш во детали <3 Се надевам и јас на вакво позитивно искуство.
Некој за ремедика вака позитивно/негативно искуство свежо дали имаат некои промени? Со тоа што цените се дигнати. Дали во соба се по две родилки? Посета колку е дозволена? Епидурал без проблем ли даваат? Искуства со царски рез? Дали даваат инструкции за доење,бањање на новороденче? Дали го облекуваат во нивно боди или наше додека се лежи таму? И дали докророт со кој што ќе закажеш доколку не е на смена го викаат? Фалааа
Јас имам позитивно искуство во Ремедика, се породив пред шест месеци. Во соба бевме две Посета мислам дека е до 22 часот ама не сум сигурна дека до тоа време немав никој на посета Јас бев со царски многу добро поминав. Многу брзо беше, кога го извадија бебето ми го дадоа да го видам се сликавме. Мене кога ме средија ме однесоа на интензивна таму лежев два саати па ме донесоа во соба и тогаш и бебто ми го донесоа да се изгушкаме. Вечерта се породив другиот ден предпладне веќе ме станаа ме истушираа. До вечерта и катетерот ми го извадија. Цело време се трудев повеќе да станувам да се движам. За два дена супер бев. Пиев многу течности немав проблеми со главоболка. Сестрите вело време ќе ти помагаат со доењето, пред да си одиш ќе имате обука со мм околу бањањето Во нивна облека ќе биде облечено додека сте таму Ако не е на смена докторот сигурно ќе го викнат, мене ми се погоди таму да е
Точно така е се’ како што си напишала, кога те пуштаат од болница звонат и на телефон да прашаат посебно сестрите за бебето како е, посебно за тебе, и на крај кога ми се јавија од грижа на корисници да прашаат за некоја замерка да не имам за престојот и третманот во болница им реков да, имам, барам за истата цена ако може престојот кај вас да го зголемите на 10 дена
Да го заборавив пост-третманот. Исто и се јавуваат да ме потсетат дека за бебето треба да си закажам контрола. Првиот месец контролите на бебе се вклучени во пакетот. Епидурал даваат по желба, мојот доктор ми кажа тераме природно и така и испадна, иако јас од страв еднаш му реков ајде царски. (наспроти муабетите дека форсирале царски ради пари, мене ми рече ма каков царски, топ си за природно). Ме подучија и мене и мм за бањање на бебето и како да се снаоѓаме по дома. Доење исто научивме таму. Бебето си беше во нивни бодиња... и така Мене ми се десија комплицирани ствари со бебе (кои што фала богу докторот на време ги предвиде, и фала богу што водев бременост таму па се беше спремно), па останавме подолго и од коа излеговме сестра ми ѕвонеше по два пати во ден да праша како сме дома, колку цицал, како е ситуација. Ми дадоа број на кој можам да добијам сестра 24 часа на ден за било што,и иако ги замарав на почеток со глупости секогаш најфино ќе ми објаснеа се и ќе ми ја покажеа позитивната страна Значи пре-позитивно искуство за мене. Да треба пак, исто би избрала.
Гледам се подобриле во систина, пред две години ниту се јавуваа, ниту прашуваа, а сестрите што ги чуваа бебињата беа за нигде
Мене ми се јавија два пати во еден ден, еднаш за бебето, еднаш за мене да прашале како сум. Ама затоа нутриционистот помина колку да се рече дека била, на излегување од болница ме фати и ми посвети помалку од една минута.
Нешто ме премислуваат за породување во Плодност Битола. Јас сакам во Охрид да се породам, на 10 мин ми е болницава, нема потреба да се носам до Битола, а иако сум на почеток на март за породување, можеби ладно ќе биде и ќе има снег.... Искуство некоја од таму, цена за породување (царски и природно) не знам како ќе биде, престојот прегледи како оди постапката .... барам на нет ама немаат цени..
Јас се породив Охрид и имам само пофални зборој за персоналот. Посебно за Мимоза. К јас бев на два ума за Плодност, ама матичната ме разубеди. Пошо мн лесна бременост имав и немаше потреба да се дрнкам до Бт. Секој си има право на избор
Па тоа и јас се мислам... немам нешто специфична бременост па да се породувам во специјална болница... Како и да е ти благодарам за одговорот
Rano mi e za poragaj no sakam da se informiram i nekoi ispituvanja da gi pravam vo bolnicata kade sto ke se poragam. E sega se mislam pomegu Remedika i Plodnost? Iskustva so ednata i drugata. Vi blagodaram
Тие што се пораќавте во систина, од кога почнавте да одите на контроли таму? Дали е потребно да се остави капар? Дали се наплаќаат сите прегледи во 9? И дали има некој што имал приватно здраствено осигурување па како поминал? Јас се мислам за тоа што го нудат еуролинк?
Јас почнав да одам штом влегов во 9ти, бременост водев кај Органџиски во Штип. За ова истово прашав во Систина, прв преглед 36 недела само ехо без цтг ми го наплатија 2306 денари, следна недела отидов на преглед на ехо и кога дојде ред за наплата, прашав од кога не наплакате ако закажам порагај кај вас? Одговорот на вработената беше, не постои такво нешто, за тоа одлучува докторот, еве ми вели докторот сега напишал читање на резултат, така да нема потреба од наплата. Од тогаш имав уште 3 бесплатни прегледи ехо+цтг, крвна слика сите тие припреми за порагај, три бесплатни прегледи за бебето во првиот месец и платив 103.000 царски порагај. Капар не земаат. За. Приватно осигурување не знам, битно услугата им е на ниво, јас презадоволна сум. Позз