Има два месеца за другите здравствени услуги што спаѓаат во него, како болничко лекување, хируршка интервенција и сл. За тоа мора да поминат два месеца. Но за породување не е така. Неколку пати прашав затоа што сум крај на седми, и ми рекоа дека тоа важи одма. Имаат некои нови понуди еуролинк кои ги немаат уште објавено на веб страната, интересни се за размислување.
Еве за каренцата конкретно од понудата што ја добив. Имав презентација пред некпј ден па ме интересираше искуство, затоа што мене ми звучи интересна понудата
Конкретно за породување си бираш пакет дали од 60.000, 75.000 или 105.000 илјади и врз база на тоа ти кажува колку е месечната рата. Периодот може да биде на 2 или три години. Доколку си го одбереш тој пакет од 75.000 а се породиш царски ќе треба да си доплатиш, но доколку го одбереш тој од 105.000 се покрива се. Или пак обратно одбереш 105.000 а се породиш природно, ти остануваат 30.000 денари кои можеш да ги искористеш за очно или заболекар. Исто така покрај ова треба да направиш и основен здравствен пакет кој е минимум 300 денари по особа месечно, кој пак покрива хируршки интервенции или болничко лекување без хируршка интервенција. Исто така кога детето ќе направи 1 година и тоа може да се вклучи во осигурувањето без додатни трошоци. Тоа е во кратки црти што го знам
Девојки, дали знаете дали во систина со пакетот за породување следуваат и неколку масажи за трудници? Пред година две знам дека имаше таква опција.
Мислам дека има, ама само ако водиш бременост кај нив. Побарај на нивниот сајт, го има тоа флаерот со што се следува.
Јас не водев бременост во систина, кога отидов на прв преглед во 36 недела и ги прашав за породување ми дадоа еден ваучер за масажа за трудници и за преглед за стоматолог, само ми е криво што не се организирав да го искористам ваучерот. Позз
Сега на страната од ремедика имаат напишано дека од денес 01.02 имаат нов ценовник за сите услуги. Зошто мислам дека нема да е поефтин
Поскапуваање е сигурно. Јас кога се јавив за приска 1 ми рекоа покачено е јануари од 3500 на 3800, ама дека од 01.02 ќе се покачи пак ама не знаат точно колку. Изгледа на се имаат покачуваање.