Супер и таму водам бременост плус, ќе си побарам ваучер на следната контрола, како би ми дошла не една, повеќе масажи Ептен претерале, ццццц
од 95,000 на 115,000 една членка има пишано погоре. Значи 20,000 ден поскапување. Да не мислат дека минималната плата е 500еур сега па толку поскапување.
Затоа што платите на докторите у државна се покачија за 10%. Можеби и на тамошните доктори им покачиле . Па така и тие веднаш направиле покачување на услугите за цели 10%. Не се нормални ,навистина
Јас лани во Јануари се породив 95000 беше, па после неколку месеци поскапеа на 105000. Значи ако е 115000 тоа е 10000 поскапено, ама ако е и од ова +20000 . Сега ќе се јавам да прашам. Едит: 115000 ден. Се е исто, само цената е повисока.
Еве ги новите цени во Ремедика Породување со царски рез чини 115.000 денари со 5 болнички дена и анестезија плус плаќате за бебето околу 2500-3000 денари за прегледите . Природно породување чини 85.000 денари со 3 болнички дена и анестезија плус плаќате за бебето околу 2500-3000 денари за прегледите.
Се јавив и јас сега. Истата понуда е, само цената е повисока Инаку ние останавме една вечер плус од тие пет дена и доплативме 10000 ден. (7000 за мене и бебето и 3000 за мм дека и он беше со нас). Сега ако и овие цени плус ги качиле
Женски дали во Ремедика пуштаат деца во посета? За во Систина ако добро памтам пишувавте дека не пуштаат.?