да во Санте дошол Др Бранко од кавадаречката болница многу спремен др ама у грешка клиника отишол инаку рамен му нема
Работата е што мораш таму и да се решиш природно ако се искомплицира ќе мора царски да те направат. Одиш за едно ама ако се приморани царски? Ризик јак
Др.Панчевски те чека за природно не форсира царски,истото можам да го кажам и за Др.Снежана Адамоска .
Колку време однапред треба да разговарам со докторот кој сакам да ме пораѓа, да договориме термини за царски итн. месец дена?
Јас ко влегов во 9ти си ја побарав докторката, посигурно ми беше така. Си се договоривме, ме следеше на цтг и на тел ми беше достапна до крај. Мислам месец е доволно.
Јас сакам да се породам во Систина, па мојот матичен гинеколог ми го препорача др.Златко Палчевски. Какви искуства имате со него? Јас до сега одев кај Димчев, ама само за скрининзи, па сега се двоумам кај кој да продолжам. Од Димчев за стручноста сум задоволна, што е и најбитно, но не знам баш дали пораѓа. Совети?
Од почеток на бременоста сум кај др. Гордана Петровска сега за сега сум презадоволна. Некоје ваше искуство од неа да останам за пораѓај кај неа.
Ја породи мојата кумашинка и беше задоволна. А зошто пак да ја менуваш кога те води цела бременост и ти ја знае целата историја, нема потреба да менуваш ништо според мене