Има и улошки, и папучи, оние тенки како хотелски. Ти треба пуњач и чешел само, ама можеш четка за заби, купка, ако сакаш да си земеш. За бебето не ти треба ништо освен облека за изнесување.
Во Ремедика сега има нови цени 115000 или 120000 е, пишувавме негде поназад ама не памтам Во цената ти се вклучени 5 ноќи, за породување одиш сабајлето дента за кога сте договорени. Доплаќаш за прегледите за бебето ортопед, ехо на срце... и ако евентуално имате потреба да останете подолго. Доктор си бираш сама и најдобро е барем 36та недела да отидеш за да се договорите со докторот за кога.
Здраво, јас се породив во санте плус со првото пред скоро 2 години, и ептен убаво поминав, од услуга, нега комплет. на кого стигнав ги препорачав. Со ова ќе се пораѓам систина зошто Јегени замина од Санте, а Пиперкова педијатарот излезе на пенѕија.
Јас и уште неколку блиски мои сме породени природно. Престани да веруваш на глупи трачеви од некои што не раѓале таму.
Фала на сите за информација. Секако сум решена за во Систина, па супер е што има убави искуства и за природно породување.
https://acibademsistinababy.mk/images/novosti/poroduvanje-paket.pdf овде ги има цените и се што е вклучено за во Систина
115.000ден царски рез во ремедика+од 1500ден до 3000ден за бебето зависи од тоа какви анализи ќе бидат потребни. 5 болнички дена си,не се рачуна денот кога ќе бидеш породена. Од 36та недела одиш тамо доколку не ја водиш бременоста кај нив,бираш доктор правиш цтг и оставаш 6000ден капар кој го одбиваат после од тие 115.000ден.
I Sapunov treba da si zamine od tamu i da otide vo Sistina ili Remedika oti e dobar doktor,a Sante e katastrofa.
Земи си влажни марамици, полнач за телефон, чешел, четка и паста за заби. Друго се имаш таму (папучи, гел за туширање, шампон, четка и паста, стапчиња за уши, крпи, влошки, мрежа гаќички...) За бебето ти треба облека за излегување од болница исто и за тебе. Додека си таму бебето е облечено во нивни шпихозни.
Од кога е прогласена епидемија на морбили важи ова за деца. И малце се поригорозни за време на посета,само сопругот може било кое време да влезе но не даваат да го држи бебето ни со такво хирушко облечен.
Со образложение дека на деца не е дозволена посета освен во простории за посета или во апартман. Што е и сосема исправно поготово во овој период на сипаници.
Вчера бев во Систина на прв ЦТГ и прегледот ми го наплатија иако таму ќе се пораѓам. Ми го дадоа новиор флаер со нови цени и услугите што ги вклучува. Ме интересира дали само мене ми е во глава дека ЦТГ прегледите пред породување, порано беа вклучени во пакетот? За сите што ќе се пораѓате таму или сакате инфо еве слика:
Во Ремедика од 36та цтгто е бесплатно, а ехо ако прават тоа се наплаќа (иако и тоа еднаш не ми наплатија). И ехо да не правеше? Инаку сега Систина пак поскапа од Ремедика.. до кога ли ке накачуваат приватниве
Во Декември нели рекоа во Ремедика дека ги покачиле платите на докторите, и од Фебруари веќе имаа нови цени покачени. Од наш џеб во нивен, наместо обратно Тоа е...