Јас вчера (36 недела) правев цтг и ехо кај д-р Палчевски, не ми наплатија ништо. Докторот рече дека тоа е вклучено во породилниот пакет. Е сега не знам, можно е да има врска тоа дека јас ќе се пораѓам со царски.
Ехото на крај ке ти го наплатат и мене така ми рекоа па на крат 2200 плус си имав во пресметката а ЦтГ не ми наплатија
@*Sara* @orhidea242 И јас во понеделникот бев на второ ЦТГ кај Палчевски, и тој на излегување ми рече, право по скали и да не застанувам на шалтер. Нормално не ми наплатија . Првиот пат ми наплатија 2500, и пишуваше ехо на сметката, а правев и цтг. Е сега гледам дека ехо ви наплатиле 2200, значи мене и цтг ми наплатиле во тие 2500.
Вие што сте породени во Систина, каков е тој скриниг на ушиња на бебе ?! Ќе ми го наплатат или во пакетот си е. Знам дека има 3 бесплатни прегледи за бебе во пакетот ама незнам дали овој скрининг влага во пакетот или е ,,дубаре за паре,,
Мене првото цтг заедно со ехо во 36 недела не ми го наплатија, докторот рече тоа е во породилниот пакет. Наредна недела сум на второ цтг и ехо, баш ќе видам дали ќе го наплатат.
Секому различно значи... ај пиши дали ти наплатиле наредна недела. И јас сум во вторник, па ќе видам како ќе биде.
Вчера бев на второ цтг и повторно со ехо и не ми наплатија. Можда има врска од доктор до доктор а можда и ќе си вкалкулираат во цената на крај. Иако докторот мене ми рече дека тоа си е вклучено во пакетот за пораѓај.
Значи секој од вработените различно кажува... јас бев на 3то цтг, ми земаа брисеви од нос, грло, крв ми земаа, ништо не ми наплатија сега. Прв пат на цтг кога бев, таа на шалтер ми кажа дека не спаѓа во пакет, второ цтг, докторот ми кажа да прескокнам шалтер. Ајде да си завршиме работа, па кај се 85 000 таму се и уште 2, 3 илјади за ехо и цтг.
Мене после второво цтг ми земаа исто брисеви и крв. И јас викам така, кај 115 000 (зошто кај мене царски ќе биде) па и 2-3000 плус, ништо страшно