Јас се породив во Санте и сум задоволна. Кај др. Бранко Поповски за него немам коментар се најдобро. Сестрите сите беа фини барем до мене. Сите беа ангажирани околу мене и што и да требаше се јавував одма доаѓаа. Исто и за бебето ме учеа како да а доам и се беше во најдобар ред. Мене ми се свиѓаше што немаше гужва ама тоа сум јас. Јас отидов бидејќи имав верба во докторот и поминав најдобро што може.
Јас, преубаво искуство, докторката е злато докторка, фина, комуникативна, опуштена... само позитивни и пофални зборови за д-р Корнелија
Јас сум презадоволна од Плодност и баш се упорни во врска со доењето. Цело време ми покажуваја ми помагаја кога и да ги викнев идеја, го пресоблекуваа бебчето кога и да му речев. Јас сум презадоволна од Плодност.
Јас се породив во Плодност и сум пре задоволна од сестрите како ги чуваат бебињата ги галат многу се грижливи
Од доењето не сум баш задоволна, ни јас ни другарките кои се породија таму. Не дека не беа заинтересирани, доаѓаа, ја поставуваа, ми влечеа брадавици, ме ставаа на професионална пумпа, но после се ја правеа најголемата грешка-шишето! Горе долу исто е секаде со доењето, потруди се предвреме да научиш нешто сама, нешто прашувај таму и така, упорно само .
Второ дете ќе ми е ова. Првиот пат се пораѓав во друга приватна болница и бебето воопшто не ми го носеа за подој па се изнамачив подоцна за да цица
Јас се породив во Ремедика со царски рез, др. Јовановски и Ефремовски беа.Не поминав убаво, ми оставија парчиња плацента неисчистени, поминав голгота, прво замалку ке умрев после тоа шетање од доктор до доктор и уште не ми е решен проблемот, во Понеделник треба да одам пак да видам дачи конечно ке ми направат хостерпскопија. Имав тешка бременост и заради да се почувствувам посигурно отидов на приватна клиника ама џабе... Болницата е ок, далеку од државно што се однесува до условите за престој а за другото заклучете сами. Со лесно на сите идни мамички.
Има многу задоволни од кај оваа докторка јас лично немам искуство, јас топло ви го препорачувам др. Благојче имам убаво искуство
Секаде ќе има и задоволен и не задоволен пациент се е прашање како ќе ти се погоде а и кои ти се очекувањата. Само со лесно и не се мисли многу најбитно е да веруваш во докторот!