Затоа не можам да најдам никакво инфо под тоа име. Навистина не знаев дека е место санте мислев две различни болници се.
Девојки кажете ми кога ќе почнат болките , за пораѓај во Систина каде одиш, ургентен или долниот влез? Ако докторот што со кој сме договорени е на одмор, има ли замена или кој е на смена тој доаѓа. Како оди процедура со природен пораѓај, и ако во меѓувреме решиш да се пораѓаш царски одиш на царски или не? Незнам дали имаат политика за тоа. Дали ако дојдеш со болки ти ставаат анестезија или не. Паника ме фаќа, не сакам со саати да се мачам, многу се намачивме до тука, барем породувањето да ми биде лесно и без паника.
Еве како пресно породена ќе ти одговорам што можам. Се најавивме на телефон и ни кажаа да одиме на ургентно, меѓутоа кога влеговме директ не упатија на гинекологија каде веќе не чекаа. За докторите не знам дали имаат замена, мене ме породи д-р Кацарска која беше на дежурство и сум презадоволна од неа. Да нагласам, се немав договорено со никој претходно. Јас бев отворена 6-7 прста, контракции покажуваше, а болки не чувствував, но барав и добив веднаш епидурал, што би требало да е исто и за со болки. Почнав природно, па од страв побарав царски, сепак почекавме се дури не се увиде дека навистина е потребен. За 10мин се организираа за царски.
Имаш наназад многу коментари за Санте, јас искрено не сум незадоволна, ако има повеќе од незадоволно тоа сум. За мене само докторите чинат, сестрите беа олош таму. Кога бев јас им беше период на стари одмори, сите биле наводно на одмор па намален персонал, нула услуга имаше. 3 дена не им текна да ме прашаат дали сум била во вц за да почнат да ми даваат храна, чај од нане само пиев 3 дена, а јас уште вториот ден сабајле отидов во вц. Врв на незадоволство беше што му оставија воздух во инфузијата и што воопшто не ме погледнаа за доење да помогнат.
@AngelOfArh пред колку време се породи таму? Како за друга болница да зборуваш. Сестрите екстра фини и уште одма ја ставаа на града и ме учеа како да ја доам.
Не верувам во болница која ги брише негативните критики напишани за неа наместо да одговори на истите, не верувам на болница која не одговара на меил од пациент кој со докази праќа жалба и за крај не верувам на болница која нема соодветен кадар и вработува млади девојчиња на 6м и ги испушта за да не ги пријави на неопределено. Во една болница не може да има само 2 возрасни сестри во гинеколошки дел и само 1 возрасна сестра во делот за педијатрија која патем не е никогаш дежурна и бебињата се оставени на девојчиња од по 21-24г. Таква беше реалноста во 2016г кога јас раѓав.
Жал ми е што си имала такво искуство стварно. Еве да не бидам оф топик ама само да го кажам ова. Педијатарот не беше добар, односно односот не му беше ок и не објаснуваше добро. Закажав во Систина и моето бебе од не полни три месеци го оставија да чека со 200души кои патем кашлаа, киваа и сл. И немаше место каде да чекам, ја држев во раце со транспортер. Сакам да кажам дека ние може да кажиме еден лошо еден добро за иста болница ама се е како ќе те послужи среќата.
Може цените за природен и царски во систина и исто за ремедика. Не можам да ги најдам новите ценовници