Ве молам за искуство доколку има такво, бидејки не сретнав низ темата, дали има некоја што се породила природно после царски рез во некоја од приватните болници, во која и кај кој доктор? Породена сум со царски и сега сакам природно но не знам кој доктор и болница да ги одберам каде што шансите се најголеми? Благодарам
Зависи колку време има поминато ако е малку време ризик е за тебе,а и накрај многу зависи од положбата на бебето.
Има поминато повеќе од две години, се е во ред и имам зелено светло од матичната но не знам кај кој да одам за да се договорам за порагај, затоа што знам дека е индивидуално и некои доктори не се нафаќаат, па да не одберам некој што без посебна причина ќе ме испрати директно на цараски. Затоа барам искуства, да знам кај кој доктор да отидам пред се за разговор на темата
Земи си влошки за гради, ќе ти требаат они дават пелена ако ти треба ама вака е боље маичка една и влошки јас зимам тото од зегин убави се
Јас бев кај Бранко Поповски кој се породил во Кавадарци ќе ти каже дека е доста упорен за природно,е сега е приватно во санте и зависи и до болницата во која ќе се одлучиш ,има и задоволни и незадоволни .Јас за овој може да ти кажам.Поздрав.
О не јас сум со едно само ти кажав доктор кој форсира природно ама и да имав пример сепак мора прво да си разговараш со докторот секоја бременост е своја приказна и избери си сама доктор секоја имала различно искуство и од ист доктор.
Здраво, јас од утре влегувам во 35та недела па да дособерам уште некоја информација. Ќе се пораѓам во Ремедика, докторот е одбран, треба да одам на преглед во 36та. Ме интересира колку чини тој преглед? Имам слушнато дека после се одбива од цената за пороѓајот, ама и за тоа не сум сигурна. И исто ако не ти е тешко да ми кажеш што треба да носам со мене?
Aa nikoj nisto nemoze da ti kaze zatoa edna planirase da se poraga vo plodnost bitola a bese od strumica no namesto toa se porodi vo strumica oti nemase vreme da odi do bitola koga ja fatija bolkite
Јас не платив ни едно ЦТГ или друг преглед од 36 недела до пораѓај. Некои оставаат капар од 6000 ден како гаранција за тие прегледи кои на крај ги одбиваат од вкупната сума. Јас немав оставено, на доверба до докторот. За носење носев резерва долна облека, крпа за лице, прибор за лична хигиена и полнач за тел. Од сето тоа само полнач ми беше потребен, четка и паста и неколку пара гаќи. Од таму дават крпи за туширање, за лице, гаќи за еднократна употреба( моите последните два дена ги користев), влечки и спаваќи, влошки, креми за гради, чај за доилки и се што ке затреба. Хигиената е на врвно ниво, се е чисто, тоалет и остали површини во собата постојано се чистат и дезинфицираат. Јас од таму излегов многу задоволна.
Воопшто за ништо да не се мислиш и да не се секираш, навистина се многу професионални, пораѓајот ке ти биде едно убаво искуство таму.
Да две се во соба. Има и апартмани со по една сама во соба. Посети од 15-17, но има исклучоци за домашните. Деца не е дозволено заради морбили.
Здраво, има ли некоја членка скоро породена во Систина да ми објасни како оди процедурата? Во понеделник влегувам 36 недела и имам преглед кај Гордана Петровска (за прв пат кај неа) и сакам таа да ме пораѓа. Предходно мислам дека имам читано дека се остава аванс, знае некој колку аванс? И колку е првиот преглед?
Во Систина не се остава аванс. Првиот преглед во 36та се плаќа околу 2000 денари. Следните ЦТГ не се плаќаат. Се плаќа на излегување од болница целиот износ. А на првиот преглед ќе си се договориш со докторката за пораѓај. Таа и ќе ти каже кога на следно цтг да идеш.