115000ден. царскиот 1640ден. прегледите за бебе 5000ден. од ноќ за апартман Доколку е закажано породувањето претходно се прави подготовка (крвна слика, цтг, отварање историја...) и се плаќа 6000ден. кои подоцна се одбиваат од цената. Посетите се од 12-14 и 17-19
Да, лани во јануари кога се породив со првото царски беше 95000, а апартман или придружник 3000 и нешто.
@Minnie-e , 115 000 + 1640 за бебе. Апартман ако бираш е плус 5 на 115...така? И да - дали вреди за парите? Задоволна ли си?
Да, јас бев 4 вечери и на 115000 имав плус 1640 за бебе и плус 20000 за апартман. За дали вреди, што да ти кажам!? Далеку е од убав фамилијарен одмор кој можеш да си го истераш со тие пари . Мојата одлука беше Ремедика најмногу заради докторот а и познати ми се веќе вработените, процедурата... За мене вредеше зашто се чувствував сигурна. Инаку има пропусти, не дека не. Меѓу кои се двоумиш ти?
Нели? Уште 5 да го родам се таму ке одам. Од хигеничарка до доктор. На кастинг ли ги бираат така да се услужливи? Дека може да се собите поубави,може...но јас не гледав воопшто баш се пристојни за една болница,што би се рекло како една државна болница на запад,но ние сме далеку од запад. Пред се, отидов таму да биде на сигурно моето бебе и јас. Бидејќи уште пред да останам бремена поддршка имам од таа болница и благодарение на сите тамо го имам денес ова мое вриштало. *ова не е платена реклама,но доколку имаме член од менаџментот на ремедика,нека частат еден преглед,пап....пенкалце тефтерче.....
Здраво. Прочитав наназад доста искуства со доста доктори и како што гледам за во Систина речиси за сите имате пофални зборови. Бремена сум со второ дете. Сеуште е рано за пораѓај меѓутоа сакам работите да ми се решени на време. Првиот пораѓај ми беше во Санте Плус кај Д-р Јегени - царски. Искрено поминав супер, со оглед на тоа што бев и со Плацента Превиа. Докторот не коментира и објаснува многу но си ја врши добро работата. Сега е префрлен во Ремедика. Не знам зошто но сакам следниот пораѓај да ми е во Систина. Какво е вашето искуство и совет со менување на доктори за пораѓај или останавте на истите? Благодарам. Ве поздравувам.
Здраво, јас целата бременост ја водев кај неа и таа ме породи царски затоа што бебчето беше свртено карлично. Благодарна сум и до небо. Презадоволна од докторката и сестрите. Од болница сама го носев малиот во транспортер Докторката е злато.
И јас би сакала мислење да слушнам... другарка ми се пораѓаше кај Димчев царски и многу беше задоволна. Ама некој друг освен него???
Јас ќе се пораѓам здравје кај доктор Корнелија Трајкова, па ќе пишам искуство за кратко. Ако има некој друг што се пораѓал кај неа, може да сподели искуство
Мили кои и да одберете нема да погрешите.Јас се пораѓав кај Ивановски и Темелковски(со бебуш вадев и миоми на цервикс),си поминав многу убаво,опуштено и со позитивна енергија.Опоравувањето ми беше многу брзо иако сум 40 години.Со лесно мили мои