3 прегледи има во пакетот и ги закажуваат многу брзо еден по друг, прегледот е мерење и консултацја, ако прават нешто доколнително, на папоче на пример, си го наплаќаат тоа Тие што се имаат породено природно, го викаа вашиот доктор ако не е на смена? Бевте некако договорени што ако е ноќе или не е на смена, или како одат тие работи?
Завршивме работа само за папочето ни наплатија и следно пак во петок ни закажаа. Цимерката моја, природно роди, го викнале нејзиниот доктор. Додека не дошол тој, си има друг доктор што ја следел и проверувал
Со вторава бременост ресивме во ремедика да се породам... колку чини и кој доктор е добар? Има ли некоја мамичка што е породена таму искуства....
85.000 е природно, 115.000 царски. Јас доплатив уште 1000 за некои испитувања за бебка. Ако случајно, поради некоја причина треба да останете повеќе од предвиденото, за мајка е 5.000, за бебе 3.000 од вечер
Поевтинелее, 6000 беше. @VedaG10 досадно ќе ти биде сама, убаво е да имаш цимерка, да си поделите два муабета и чоколатца. @☁сон☁ јас мислам со испитувања за бебе платив вкупно 118.000, со тоа што имав четири денови плус на тие пет, значи девет дена бев таму, ме хоспитализираа порано. А колку што памтам тогаш беше 95.000 царски, значи направиле доста измени во ценовникот.
Кога се породив со првото во ремедика не ни размислував за приватен апартман , ама сега некако ми е незгодно да не сметаме на цимерката.Кој знае каква ќе се падне овој пат Син ми сигурно ќе доага на посета кај ке издржам и јас и он 5 дена да не се видиме. А е и лепенка со мене да не биде вристење пиштење Мн ми е мака коа ке помислам на тие денови Хормончиња тоа е
Е ако е таква работата и ако имаш кој да те дружи бар пола ден, тогаш супер. Мене првите 4 дена пред да се породам ми беше ептен досадно, се дружев со сестрите и со докторите на дежурство. Леле па навечер полудував, сакав да искочам некаде со луѓе, не сум учена јас без народ. Мислам, сакам јас и самотија малку, ама тоа ако сум дома, ама во друг простор сама полудувам.
Прашај дали дозволуваат деца да влегуваат. Јас кога се породив април месец во Систина беше забранет влез за деца поради морбилите.
5000 денари од ноќ доплата на некоја цена или како? јас плаќам 6.500 од ден дека... Или пораѓајот оди како една пакет цена, па ова е доплата, може и така. Јас цимерка нејќам, не можам гола да седам пред некој, а вака лежев со спавача крената. Мене ми е дилема доаѓањето на ќерка ми додека сум на болница, да не се растревожи уште повеќе па да си оди со плачење и да ми пукне срцето од тага.
Па јас кога лежев првиот пат во Ремедика пуштаа посети до 10 вечер и деца и возрасни . Декември беше. Е сега дали има промени не знам.Ама сигурно ке пуштаат . Знам дека Систина во тој поглед се мнг строги и не пуштаат мнг посета . Не ми збори за тага , цела бременост само за тоа размислувам. Што е најпаметно да направам . Прво не сакав да го носат. Ама 5 дена ?? Па се решив кога ќе доагаат моите, маж ми ,свекра ми па го носат . И онака посетите се кратки . Како ќе биде не знам ... Кај ке се порагаш ? @RedRevolution ти беше во болница пред порагај ? Јас ќе бидам царски така да нема потреба да лежам пред тоа, ама за тие 3-4-5 дена ке се издржи некако. Иако со цимерка е подруго. Мојава првиот пат ептен ми се погоди . Мнг ми беше интересно.
Исто и во ремедика,деца не пуштаа. Тешко таа мајка 5 дена дете што не си виде. А и ригорозни беа во однос на носење бебе. Покрај тоа што го носеа таткото ако е само тука,не дозволуваа да го крева. Исправно според мене.
Во Плодност . Овде во соба само таткото го пуштаат, за другите треба јас да излезам во ходник, не смеат да влезат. Мислам го пуштаат и братче/сестриче, ама ако ќерка ми дојде после нема сила што ќе ја тргне од мене, плус па ако види дека останувам со бебето, не знам како тоа ќе влијае на неа. Јас сум на мислење да не доаѓа воопшто, нека ја лажат 3 дена некако. Па и декември ќе се пораѓам, ништо чудно да има и грипови и да не пуштаат деца.
Пуштаа во ремедика деца. Демек под 4 год да не е ама пуштаа и едвај проодени јас коа раѓав. Мене ми се Занесуваа од до посета а уствари беше ко хотел. Кој коа сакаше одеше. Ред се немаше никаков, осет од луѓе па ич-одејќи со теоријата плаќам шо сакам ќе праам. И така.
Така еее...као платив толку пари па има да дремам во собата,не му е гајле дали цимерката тука крвари и и е незгодно да стане да смени улошка...битно детето да го гледаат во соба... па не одеа на прозор да го гледаат тука да биде да го галат. Дека дома нема нивно да биде,од комшиите ке е... тоа ми сметаше највејќе посетите,иако од јануар месец беа поригорозни. Еве деца не оставаа во соба. Ако се прашувам најдобро е како во чаир. Посета,дома ова е болница и му треба мир и на родилката и на цимерката... Ама во сите приватни е исто.
Јас пред една година се породив со царски 5 дена седевме таму и со све прегледи за бебето плативме околу 105.000,00. А доктор дефинитивно Д-р Ефремовски најдобар