Нема оддел за породување таму. А гинеколози има ваљда, ама веќе кога сакаш приватно Ремедика или Систина да си бараш доктор.
Прекрасно искуство имам со др. Палчевски. Супер доктор а пред се човек. Природно ме породи пред 8 месеци. Со насмевка влегов на пораѓај и со насмевка родив. Достапен ми беше во секое време.
Прашање до мајките кои се породиле во Систина. Јас бременоста ја водам кај мојата матична, првиот скрининг го правев кај Димчев и за вториот сакам кај него. Доколку одлучам се пораѓам во Систина после 9ти ќе си одам таму на цтг. Ме интересира дали таму постои договор кој доктор да те пораѓа или здравје кој е на смена? Бебето со мене ли ќе биде или го земаат? Знам дека имаат доста време за посета, тоа значи дека ќе ги примат сите што сакаат да ми дојдат? Искрено освен маж ми не сакам никој да ми доаѓа и да ме посетува
Си бираш доктор/ка и тој те води од кога ќе почнеш цтг во 36та до пораѓај. Секако може и да се породиш кај тој што е на смена, ама веќе кога плаќаш подобро да си избереш доктор што ќе те води последниот месец и кој ќе го познаваш. Јас се пораѓав кај Корнелија Трајкова, искрено ја препорачувам. Бебето не е со тебе цело време, ти го носат во одредено време за цицање и ти кога сакаш. Имаш телефон им се јавуваш во делот со бебиња и ти го носат или може да иж се јавиш да го земат назад. Јас немав млеко до 5 ти ден па штом ќе почнеше да плаче за јадење одма им се јавував да го земат. Дека бев со царски и навечер седеше кај другите бебиња, ама ако сакаш може цела вечер да седи со тебе. Они го преслакаат и бањаат додека си таму. Пред да си одиш ти покажуваат како да го бањаш. многу внимание посветуваат на доењето и ќе ти покажуваат како да го местиш, ќе го носат гладно за да проба да цица па после му даваат дохрана. Посета може од 10 сабајле до 8 вечер.
Јас сакам да прашам за пресоблекување на бебе ние му носиме ствари или од таму сите исто ги облакаат?
Ако е за во систина таму додека е беба све му менуваат и облекуваат ама буквално све.Облека само за земање од таму.Со лесно
@Martka @LadyC да за во Систина прашувам, сестра ми и со двете дечиња се порагаше таму ама не ги облекуваа во шпикозни како сега туку целосно беа замотани и двете колку што се сеќаваме. Затоа сакав за посигурно да си прашам како е сега
Владимир Поповски е еден од најдобрите.. постар, но солиден доктор.. од марија не сум задоволна.. со останатите немам искуство..
Породена сум пред 3 недели царски, 86.000 али ние полеживме два дена повеке.. и плус за бебуш плативме уште нешто..
Мила јас се породив во август и на почетокот беше замотано,но потоа во облека бела со ракавчина на нитни и капче нивно пишува на нив систина,и цело време беше со нивна облека,кога не пуштаа ми го облекоа во моја облека.Бев царски и лежев 5 дена.Целата грижа за мене и бебка беше на ниво и све имав таму,ама буквално све.
А како е со плаќањето? На крај кога си одиш од болница се плаќа? И дали има многу додатни трошоци од онаа цена која им е дадена како пакет?
Супер ако е така Кога ќе спомнам дека размислувам за Систина реакциите се дека цената на крајот излегува многу повеќе заради додатни трошоци. Е сега дали тоа е секогаш така, или се работи за индивидуални случаи кои морале да прават некакви дополнителни испитувања или да останат повеќе денови, не знам...
Па зависи изгледа кај кој како. Јас за царски требаше да платам 101,500 пред три години, на крај плативме 106,000 . За бебето имав плус околу 1500 денари скриени трошоци и плус скрининг на срце сакав (кошта 3000) ама па извештајот важи 15 години дека се е ок со срценцето на бебето.
А не ве известуваат за ваквите трошоци? Јас и цимерката, исто не примија, исто се породивме, заедно не пуштија. Иста беше цената, па немам други примери. Другарка за ден + си плати колку што е за ден плус и и беше кажано.
Не, ама не е ни битно. На 115.000, не ми мењаат плус 1200 ден. Мене секако повеќе пати ми вадеа крв за проверки од на цимерката. Терапијата што ми ја даваа за зајакнување на крвта не ми ја наплатија.