Јас платив колку што ми беше кажано, за царскиот и плус скрининг на срцето на бебка, за кој ме прашаа прво дали сакам и ме информираа колку ќе чини. Немаше никакви скриени трошоци.
Никакви скриени трошоци ни за двете деца. Јас доплатив крвна група за нив заради мојот рх фактор, рогам инекција затоа што мора да се прими, сама во соба да бидам на мое барање. Ехо на срце на децата не платов ради скринингот во бременост. Така да не дозволувајте да ве лажат
Извини а зашто би лажела? Еве кај мене имаше 1500 денари трошоци надвор од сумата. И никој не кажа ништо, и не ми е прв пат да одам у Систина, истото и со малиот имаме лежено неколку пати увек е цената различна. Еднаш плаќам за неполни две вечери 15000 со попуст 10% ,еднаш плаќам 15000 за една вечер, а задњиот пат плаќам за 12 саати 11000 и нешто. Никад цената не им е иста.
Цената им расте цело време по малце. А зошто различно плаќаш треба тажу да ти објаснат. Јас не би платила без да добијам објаснување. Паушал сигурно не е. Добри 4 години не сум имала ваков случај
Епа и јас не измислувам. Не прашала, не ми текнало да ги чувам извештаите да ја видам разликата зашто секогаш за исто сме иделе. Крај краева твоето искуство е такво, моето е вакво, не значи дека некој лаже. Зашто ја сигурно не лажам.
Цените нон стоп им растат. На 2,3 месеца, оп 100че и сл. Јас прашувам ако платам повеќе од очекуваното. Последно имав една интервенција. Кога договорив термин со докторот беше една цена, а кога отидов беше 150 еур повеќе. Они во меѓувреме смениле цени. Им се напнав и ми наплатија "по старо". За пораѓај доплатив само крвна група за детенцето заради мојот рх фактор.
Дали некоја од вас има земено кредит од Стопанска Битола за Систина? Го гледав, без камата е и плус не мора да префрлам плата кај нив. Наместо на еднаш да ги дадам парите на 12 месеци нема да ги осетам, така си мислам... Искуства?
Плодност има само во Битола? Побарај поназад имаа пишувано за ова, брзо го одобрувале и немало камата колку што памтам.
Некако баш се поскапени цените по приватните за многу брзо време. Сакав во Ремедика ама во последно се мислам. А ич не ми се оди во државна.
Се напнав зашто погоре пиша дека лажеме. А многу ме нервира некој кога ќе каже дека лажам . Немам причина за тоа , нити некоја добивка. А дека им рипаат преку ноќ цените на приватните и не плаќаат данок, ослободени се ,дополнително ме нервира. И дека сакам пак кај нив без оглед на цена и се сакам пак. Оти имам доверба во нив, т.е. во мојата докторка и пак ќе кажам ради неа ќе одам пак ако решам за Систина оти сама со себе се борам ради износот.
Не мислам, тврдам. Ќе ти го сликам последниот извештај на работа кога ќе идам, таму ми е останат, нема ДДВ. Ослободени се. И дадов на една моја блиска да скенира последен пат што лежевме со Константин, нема ддв .
Нема ддв, ама не значи дека не се даночни обврзници. Тоа се различни работи Пс. Отвори извештај за најголеми должници на сајтот на УЈП и ќе најдеш бар 2 единици на Систина
Мене па една моја блиска ми кажа дека се они ослободени. Искрено поим немам, ама доста сумњиво ми падна. Ај баш ќе видам сега нс 9ти на контрола каква фискална ќе ми дадат. На педијатрија е 100% без ддв.