Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Породување во приватна болница

Дискусија во 'Бременост' започната од femina21, 25 декември 2013.

  1. Ema_83

    Ema_83 Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2020
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Сестра ми го зема за пораѓај минатиот месец, одлична понуда и услови се тоа, 0% камата плус мн мн брзо го одобруваат. Супер опција, трошокот не се ни осеќа. Со среќааа :)
     
    На Butterfly1107, LadyC и Jana06 им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Имам дома еден куп извештаи со фискални сметки. И од пораѓај и од контроли и од лежење во болница и за мене од гинекологија и за бебе од педијатрија, и крв од лабараторија....ги видов сега, на сите пишува ддв 0.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Значи цел оддел е. Арно вика татко ми, у Хилтон ќе платиш помалце вечер. :D
     
    На AlicaInWonderland и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.364
    Допаѓања:
    113.147
    Пол:
    Женски
    На Филотеа, Scorpio87, Aleksandra997 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Scorpio87

    Scorpio87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2016
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    318
    Пол:
    Женски
    Женички, во голема дилема сум, деновиве влегувам во 31 недела и веќе треба да одам на трет скрининг и да одлучам каде ќе се пораѓам. На првите два скрининзи бев во Ремедика кај Симонида, ПРЕЗАДОВОЛНА сум. Е сеа малку ми пречи што за истите пари Систина нудат бескаматен кредит и плаќање на рати со Дајнерс а и некои други поволности, се трудат околу тоа. По муабетите што ги слушав, Ремедика се поназад во такви некои услуги, а кога веќе исто плаќаме нели треба и да добиеме повеќе за, парите? Знам делаи во двете болници има одличен кадар. Молам за некаков совет околу доктор за породување и други детали, знам дека темава наназад истото се вергла, ако ви смета тоа пишете ми во порака. Некако станувам позаинтересирана за Систина.
     
  6. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам другарка ми се породи во Ремедика на 30ти октомври и мислам дека толку ја величаше Ремедика што се изналажа, наводно на царски уште прв ден пастрмка јадела, не им бранеле храна, мени цело време имале на рака, и за царски се лежело за исти пари 6 дена ( ја мислам дека ептен ме смота) .
    Ја во Систина се породив со првото, царски сум, лежев 3 ноќи, четвртиот ден си заминавме дома. Не ми даваа дента на пород да јадам ништо, прв ден исто беше, дури втор двопек со јогурт. Третиот ако веќе се олесниш (голема нужда) добиваш мислам мени. Колку што знам јас на царски мн треба да се пази преплет црева да не се направи.
    И други ми ја фалеле Ремедика, ама искрено не можам да кажам кога немам искуство. Јас од Систина сум ПРЕЗАДОВОЛНА. :)
     
    На M&M, Sexybaby86 и Scorpio87 им се допаѓа ова.
  7. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    308
    Пол:
    Женски
    Во Систина е полесно за кредитирање бидејки капиталот на Стопанска банка АД Битола е на Орце Камчев, исто како и Систина. Не мешам политика на темата само давам логично објаснување. Парите си ги префрла од едно на друго место и си ја рекламира клиниката. Што не е лошо за народот, но треба да се знае за да не испадни после дека Ремедика или други приватни клиники се заостанати во такви услуги.
     
    На Meckicja, Butterfly1107 и LadyC им се допаѓа ова.
  8. Coco31

    Coco31 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2017
    Пораки:
    1.844
    Допаѓања:
    7.047
    Пол:
    Женски
    @LadyC точно не те излажала другарка ти :) Првиот ден не јадев риба они ми дадоа што да јадам но од втор ден си нарачував јас од менито. Може беше така дека уште првиот ден се олеснив. Пет ноќи си таму, шестиот ден си одиш дома со ако си со царски.
    @Scorpio87 и јас бев кај др. Синонида и многу сум задоволна.
     
    На Scorpio87, eli25 и LadyC им се допаѓа ова.
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Значи подолго се лежи во Ремедика. Алал да ти е што си се олеснила прв ден мада ми е чудно оти клистираат и нема ништо во цревата празни се. Мене на напон на 3ти ден мислев раната ќе ми испука, а и на сок ме држеа така да немав ништо што да исфрлам. :)
     
    На Coco31 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    У мое време во ремедика имаше мени и за доручек и за ручек. Посебно. Да, имаше риба.
    6 дена се лежи тоа е точно. Првиот е нулта ден плус 5 дена. А за храна првиот ден после пород даваат лесна и која влијае на лактација. Доручек јогурт со корн флејкс. Ручек пире ориз компир супа..
     
    На Coco31, eta, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Браво. Искрено јас умрев за јадење 2 дена. Од глад пиев по 5/6 литри сок од јаболко. Само тоа имавме. Не смеело ради преплет црева. Ова доктори ми го кажаа зашто очајно барав нешто да каснам.
    Цревата се враќаат назад, па не знам дали е ок баш од одма јадење на цезареа. Е ај сега, два приватни болници со различни тертипи. Тоа е.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    И двете болници си имаат и предности и маани. Јас за ремедика се одлучив зашо знам ставаат морфиум а систина не.. Постоперативно. Јас немам ич болка осетено ради тоа. Оф немам речено. Ама знам дека второ ако раѓам нема да одам во ремедика.
     
    На LadyC му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Ааа грешка си. Ми ставија морфиум мене. :)
    Немав големи болки исто, само ми ставаа некоја инекција што ја собираше матката и беше преболна. Таа никад нема да ја заборавам.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Ааа ете. Пошто другарки од таму шо раѓаа ми рекле нема морфиум. А тие за матката 3 дена ги примав и умреф од нив. |(
     
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    5.372
    Пол:
    Женски
    Е какво мени во Ремедика.
    Бев таму на операција, лежев 8 дена, никакво мени не видов.
    Доручек и вечера јогурт со корнфлекс, за ручек супа, ориз и компир.
    Последниот ден, за доручек кифла со сирење.
    8 дена истото, една мандаринка не дадоа, да се освежи човек, освен од дома ако ти донесат.
    Претпоставувам дека и за царски рез е истата исхрана.
     
  16. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.054
    Допаѓања:
    225.403
    Пол:
    Женски
    Не знам зашо не си видела... Јас раѓав пред 3 год. Мени имаше и за доручек и за ручек.
     
  17. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.968
    Допаѓања:
    5.372
    Пол:
    Женски
    Можеби зошто на операција бев.
    Такво е моето искуство од Ремедика.
     
  18. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Јас ништо не сетив од тоа.
    Дека боцкаат во исто време и лек против болка, па немав мака.
     
    На fana, Sexybaby86 и LadyC им се допаѓа ова.
  19. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.204
    Допаѓања:
    148.432
    Пол:
    Женски
    Мене ми се слоши на операција и кога им кажав ми рекоа ти ставивме морфиум ќе се смириш сега.
     
  20. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    И јас исто, не се сеќавам да сум имала јаки болки, во исто време добивав и инекција за да се врати матката, плус за болка. Што ставаат не знам, ама болка страшна воопшто не осетив.

    Инаку и во Систина се лежи 5 дена со царски, 4 ноќи, 5-тиот те пуштаат @LadyC . За јадењето, дури третиот ден после царскиот добив пире и супа, претходно само двопек и јогурт. Мислам послаба од што бев пред пораѓај излегов од таму, умрев од глад :D
     
    На LadyC, eta и kukla21 им се допаѓа ова.