Јас природно породена во 8 сабајле, одма си добив ручек во 1. Лубеница и супа памтам, главното јадење не го памтам ама лубеницата и супата ги јадев со сласт. Жедна бев многу. Јас отидов вечерана, родив и одма на храна се фрлив. Штета доручек утнав.
Бисквити мене не ми дале... Не памтам што беа ручеците, ама тој двопек пет пати репете им барав памтам. А ноќите сум ги излапала, во среда ме примија, недела ме пуштија што значи 4 ноќи, ама дека ме задржаа на итен тој првиот нулта ден или каков и да е не го осетив. И последниот исто де, дека не испуштија околу пладне. Леле што се потсетив убаво ми дојде.
Никој тука не е неинформиран, знаеме и за Орце и за Банката, на крајот на краиштата и јас работам во банка. Ама факт е дека Ремедика се заостанати т.е. помалку флексибилни во тој поглед. Не е мала работа каматата бидејќи каматите на потрошувачките кредити се највисоки.
Во Ремедика со првото бидејќи се породив попладне, мени бирав од следниот ден. Првиот ден така лесна храна, после имаше ок јадење. Нормално. А со второто во Германија се породив сабајлето, одма после добив ручек. Најнормален. Вечерта ме станаа, па и вечера со лепче служеа.
Двата пати царски. И тоа тука буквално храна се даваше. Со леб, со сите салтанати. Клизма не добив никаква. Само ми кажаа да немам јадено 14 саати.
Ете Ремедика е различна .Тоа у Систина нема. Ама јас одам кај Ана ради Ана, не ради Систина веќе. Не би менувала болница од проста причина што тешко стекнувам доверба, а Кацарска богами ја стекна. Инаку и за Чаир гледав опција, ама по разговор со мм ќе одиме пак во Систина здравје .
Исто. Ручек со месо ми дадоа после царски, после полноќ се породив утрото ме станаа. Без клизма. Отидов во сала со флашата вода, само ми рекоа не пиј додека трае зафатот, наредниот пола час...а 5 минути до пред тоа вода се налевав.
Мене вода ми кажаа 2 саати пред царскиот да не пијам. А после тоа секако одма добив вода. Царскиот беше сабајлето во 8.30.. вечерта после 12 саати ме станаа. Водата мислам дека во принцип не пречи, ама полесно им е да работат на празна бешика. Иако катетер секако ставаат.
Да, се сложувам. Јас за природен отидов, па испадна царски, затоа вода си пиев. Само се изненадив колку беа релаксирани околу истото, дека вода имав пиено. Ново ми беше.
Zdravo mamicki konecno se odluciv za koja klinika da bide no ve molam za pomos koj doktor da go izberam da mi preporacate nekoj od sistina?
оххх ... државно или приватно? во првата бременост бев многу релаксирана и изборот ми беше Систина... се двоумев помеѓу две докторки Гордана Петровска или Снежана А.Клисароска... ја одбрав Снежана по препорака од две пријателки кои веќе биле кај неа и беа задоволни. Но ете во мојот случај, не испадна како кај нив. Секој е приказна за себе. Бев породена со цезариа на 08.02. и се беше во ред, се додека после 3-4 дена почнав да кревам тем 40. Мислеа дека проблемот се градите т.е. од млекото, но немав никаков застој со млеко, примав терапија во Кавадарци насабајле и навечер декстазон и герамицин но никакво подобрување. На 24.02. ситуацијата драстично се влоши, утрото не можев да станам, имав треска и паднав во бесознание, па назад во Систина... Испадна дека имам сепса во 21 век на отворен стомак и оставени парчиња од постелката, наводно биле закачени на некој мускул бла бла... Грешката не си ја признаа, докторката не дојде ни да ме види, ни да праша за мене. Но ФАЛА МУ НА ГОСПОД што беше со мене и се молам да е секогаш со мене и со сите нас. Сега имам траума и страв., што и како ќе биде. Овој пат изборот ми е Ремедика, бременоста ми ја следи др. Симонида Котларова и до сега сум задоволна од неа, уште малку се ближи и големиот ден
Јас одам веќе 11 години во Ремедика досега не сум имала проблем. Др. Симонида ја фалат многу иако не сум била кај неа, освен еднаш како замена за мојата ми читаше резултати и многу убав впечаток ми остави. Не е правило дека е приватно, па без проблем ќе поминеме ама јас сум сигурна дека ако и кажеш низ каква траума си поминала ќе ти се посвети. Баш ми е жал, знам како е да се моташ по болници ама разговарај си со неа, кажи и дека ти е страв и сигурна сум дека ќе се опуштиш после тоа.
Срамота е што не си ги признаваат ваквите грешки, е затоа некогаш не ги сакам приватните болници... за нешто што ти следува бесплатно ти наплаќаат брдо пари, и уште кога ќе направат ваква кардинална почетничка грешка, си ги мијат рацете... ко ти сама да се оперираше и ти си крива што доби сепса? Бог да чува. Мило ми е што на крај се се завршило добро, сега немој да мислиш негативно, со Господ напред, сè ќе биде во ред.