Во прави раце си,не ја менувај. Имам во ремедика одлично искуство со повејќе доктори немам замерка,Симонида ме породи царски,топ, жената е злато. Изгорена сум и од гак и од систина доверба стекнав во ремедика. А и сестрите што е многу битно после пораѓај се незаменливи. Да се насмееме исто вака ги фалев во некој пост, па напишав ако имаме на форумов од менаџмент или друг вработен во ремедика да почастат тефтерче,пенкалце еве уште ништо немам,не сум подмитена пишувам искрено. Со лесно
Добро што се се завршило добро. Требало отштета да барате. @Martka ДАли ти е појасно сега зошто не треба до небо да ги воздигнуваш приватните низ сите теми? Грешки секаде се случуваат.
Јас само споделив искуството мое.Никого нити воздивнувам,нити спуштам на земја.Со мојата состојба на клиника НЕМАШЕ ДА ПРЕЖИВЕАМ.Кога ќе ја осетиш мојата ризична состојба ќе правиме муабет.А нашево здравство се знае какво е,да не коментирам повеќе.5години буквално спиев на клиника и што се слушнав и видов ,не ми се ни коментира.
Гледам во Санте Плус имаат добра цена за породување, но многу се важни докторите, а не болницата. Кои доктори се моментално во Санте Плус? Знам дека имаше многу скандали во болницава и страшни случаеви. Некој ако има информации нека сподели.
Јас се породив кај Бранко Поповски. Беше во Кавадарци доктор, за мене важи за одличен доктор.Може да ти кажат и други членки доколку го знаат.
Др Бранко се префрли во Санте многу добар доктор со големо искуство и мн позитивни коментари за него , тој работеше во Кавадарци имаше мн пациенти , јас два пати имав контакт со него консултација пред пораѓај и на визита дури бев у болницата , за малку тој не ме породи , неговиот пристап е мн добар за време на пораѓај сите што биле со него само пофалби , други во Санте не познавам , членка погоре спомна скоро се породила ете може подетално да каже .. Ете баш пишала @BabyT*
Јас имам другарка што се породи во Санте пред 2 години и супер помина. Меѓутоа, денеска се консултирав со мојата докторка каде да раѓам и ми рече само Санте не ти препорачувам. Мислев дека е заради трагедијата што се случи ама ми кажа дека Санте немаат нивни доктори туку доаѓаат на повик анестезиолози, педијатри и сл. Во смисла, во не дај Боже ситуација не може брзо да се изреагира.
Не знам искрено. Баш побарав да видам каков персонал имаат, немаат вебсајт, нема ниедно име на специјалисти освен на двајца гинеколози од кои едниот мислам дека е во Неуромедика. Пишува само дека за пациентите се грижи тим од медицински сестри 24/7
Сестрите се грижат за тебе, точно, но имаш визита и секогаш има дежурни доктори. Незнам како поинаку, сестрите стават лек, инфузија, носат бебе, зимаат бебе. Доктор иде да те провери 2, 3 пати. Педијатар исто иде 2 пати да ја каже состојбата на бебето. Има сестра за бебињата дежурна која те 'учи' како да доиш, ти става бебе, ти кажува што-како. Мене ми беше се нормално.
Добро ама кои се тие доктори? Како се викаат? Дали се вработени таму? За ГАК и Чаир се распрашуваме за доктори кај што не се знае кој ќе се погоди на смена, а не за болница каде не можеш да го видиш персоналот.
Јас пред 4мес се породив во Санте. А и јас имам слушнато после тоа дека имале педијатри и анестезиолози на повик. Ако ве интересира нешто слободно прашајте ме
Не баш скоро. Пред една година. За мене докторов е цар. Најдобар. Сум имала ризична бременост и ептен имало паника, а јас не ни осетив. Толку беше супер и опуштен со мене во сала, се беше супер....после некој месец на контрола за бебе една сестра случајно ми кажа како сите биле на нозе дека Димчев имал итен ризичен пораѓај и бил дојден од дома го станале од спиење јас до тој момент појма немав. Се се заврши супер. И багодарение на него бебе не беше на апарати. Многу рано процени што може да се случи и бев комплетно покриена со терапија. Предвреме се породив