Јас сум задоволна од Ремедика. Итен царски, првиот ден само вода, вториот лесна храна пире мислам беше. Во цената беа вклучени 5 ноќевања. Сестрите се закон. Мене и цимерката ми беше погодена па тие 5 дена мислам 24/7 се смеевме. И мене Симонида ме породи, и сега пак одам кај неа, закон е жената.
Извини само да те прашам,зошто и јас сакам во ремедика да се пораѓам,дали стави нешто во торбица за таму или само полнач и облека за тебе и бебе??
Јас бидејќи се породив итно, ништо не носев Додека бев таму ми донесоа од дома само полнач, четка и паста за заби. Друго се имаше. Доколку нема нешто, гел за туширање и сл, ќе побараш и ќе ти донесат Пред да си одам ми донесоа само од дома облека за мене и бебе
Дали некој има искуство со користење на приватното здравствено осигурување од Еуролинк за породување?
Ремедика НЕ во последниве 5 дена многу сестри и доктори сами си заминале од тамо нешто се случува чим си одат.. има и некој од Гинекологија заминато ама не знам точно кој.
или пак само пуштен муабет од конкуренција. Име презиме нешто конкретни информации има или....? Темава не е во трач/кафе муабет. Бидете посериозни
Колешка моја работи тамо и она ми кажа Можеш да си провериш дека имаат пуштено огласи за вработување и дека моментално немаат доктор по БиоХемија пошто и он си заминал Имате на remedika instagram профилот
па и да е така. Такви административни работи не гледам како би ги засегале пациентите. Има женички што секој момент ќе се породат таму и не гледам зошто би им влевале страв. Може деуга клиника едноствано им ги собрала сестрите со повисока плата. Тоа не ја менува стручноста на ремедика. не дека јас ги бранам. Јас лично за мене ја избрав систина. Ама не би да плукам по други ако нема некакви конретни докази и да создаваме страв кај бремените женички. Знам како е во такви моменти коа секоја ситница може да ти создаде стрес. Затоа и велам повнимателно со информации. Ете отворив и пишува поради зголемен обем на работа и си пуштиле оглас. Како што гледам гинекологија не се спомнува...
Нормално дека ќе пише поради зголемен обем на работа никој нема да ти пише ми отидоа сестри и доктори барам други Јас имам колешка на работа што се породи во Ремедика и што самата кажа здравје за другото сегде ќе одам ама тамо не.. Ремедика беше едно време но.1 за гинекологија а сега сегде читам и се по НЕзадоволни се. Јас работев 2ипол години во Систина и Систина за мене како Гинекологија е врвот што може да се постигне!!
За гинеколозите не ме фаќајте за збор само ми кажа дека најавиле отказ а за другите што си заминале за сите има отворен оглас за нови вработувања
И да си отишол некој доктор, не значи дека тие што останале се лоши. Секој си бара подобри услови, подобра плата. Може се административни детали во прашање, не е во ред да се генерализира. Пола доктори во Ремедика се дојдени од Чаир, што не значи дека сега Чаир не е добар избор за пораѓај. Не сум раѓала досега ама одам во Ремедика. Болницата, услугата и сестрите не ме интересираат, одам бидејќи сум задоволна од докторката. Сепак, за пораѓај 90% сум одлучена за Чаир и пак за редовни контроли би се вратила во Ремедика. Сум била и во Систина и освен дупли цени, друга разлика не видов.
јас не реков да не се оди во Ремедика.. јас кажам мое мислење за Ремедика НЕ.. Епа како пациент гледаш едно а јас како вработен и гледав и слушав општо за сите пациенти како се дискутира и како ги третираат од почеток на ден Пред пациентите сите се фини и добри а позади излегуваат смешки и ред други работи затоа за мене СИСТИНА за ГИНЕКОЛОГИЈА
Ова ми се случи во банка. Уште на врата бев кога почнаа да ме коментираат, само ги погледнав и искочив. До културата е, да не речам македонштината. Никој не си ја гледа својата работа, сите желни за juicy трачеви... Пак ќе кажам, мене тие ствари не ме интересираат. Нормално, секој со својот џеб, своето искуство ќе си оди каде сака.
А што бараш ти, машка особа тука да даваш совети? Колку што ти ги прочитав мислењата во други теми, машко си. Еве мене на пример ме испаничи за малку ќе и пишев на мојата докторка да ја прашам.
Јас си кажав тоа што слушнав и се случува јас не реков да не одите тамо! Јас кажав за мене НЕ дека никад не би одел во Ремедика а од искуство си кажав дека во Систина што сум работел и гледал за мене они се број 1