Женички, ај да се фокусираме на темава. Кој има да каже нешто конкретно, нека пише. Се што не е во таа насока ќе се брише
Не би одел мислев на мојата сопруга и нејзиното породување Како што ти и твојот сопруг одлучувате каде ќе се пораѓаш ти така и други одлучуваат! Зашто сигурно само ти не одлучуваш каде ќе одиш да се пораѓаш
Дечко, ако имаш конкретно нешто да кажеш или да советуваш, повели. Ако не, имаш многу трач теми кај што слободно можеш да пишуваш за сестри, доктори, како си оговарате на работа и сл. Тука има многу трагични случаи и жени коишто моментално носат одлуки каде да раѓаат.
абе шо може маж да ти каже во тема породување Не си гледаат работа таму, се маткаат по женски форум, во подфорум бременост, во тема породување...свшта
@INEEDLOVE ти ги читав мислењата правење глупости во 3та смена во која болница и да си вработен. Многу професионално од твоја страна. Па најде уште памет да солиш каде е подобро.
Какви се искуствата на оние што се породиле во последно време во Ре медика? Кои гинеколози таму се најдобри?
Жени, поради прилично лошо искуство со првото породување, овој пат сакам да се породам во Ремедика. Ради тесна карлица, нема дискусија ке биде или не царски. Дилемата ми е кај кој доктор да отидам бидејки немам баш искуство со докторите од Ремедика. Не ми е потребен доктор кој ке ме вика сонце, срце, и ке ми кажува вицеви за време на операцијата, сакам доктор кој ке ме среди како што треба. Ако имате препорака - фала ви.
Јас сум кај Петановски, а скрининзи кај Симонида. И двајцата би ти ги препорачала. Исто и Јане Стојковски. Нема да згрешиш
Срц Ремедика толку летнаа у вис што цените за пород им се исти со Систина. Другарка ми се породи на 30ти октомври, 115000 и наплатија царски , а толку е и у Систина, само за разлика од Ремедика , Систина има неонантологија и нормално треба да е поскапа. Ремедика нешто ако не е ко што треба праќаат на ГАК , Систина не праќаат освен ако сам не сакаш, оти е ИЗГОР скапо. Јас Систина се породив со првото, исто и сега ќе одам, не мењам, презадоволна сум. Инаку и Ремедика си се добри сигурно оти се фалени доста, ама моја братучетка пред пар години имаше компликации таму,па ја не се решив да одам кај нив дури и кога беа поефтини.
За мене Систина не е некој репер по кој треба да се водат другите болници. Секоја приватна си ја одредува својата цена, па наше е да одлучиме. Како што кажав, јас одам во Ремедика заради докторката, а ќе раѓам во Чаир зашто и двете болници имаат нереални цени.
Мене ме породи Др. Симонида Котларова во 2017та и сум презадоволна од се. Раната супер зарасна, се беше во најдобар ред. Многу посветена и внимателна докторка. Сестрите исто така, секогаш достапни за било што. Јас лично сум презадоволна и здравје летоска ќе се пораѓам пак таму. Син ми се роди некоја недела порано па супер си помина и тој таму. Јас мислам дека платив 90 000 ама ете сега кажуваат дека поскапиле.
Зашто не ми стигаат нотификации не знам... Знам дека во октомври другарка ми ја плати истата сума што сега е и во Систина. Ме зачудија искрено, оти они беа поефтини. Свашта се исподесиле за три години.