Добро беше, немаше гужва. Се изнервирав што ми рекоа да ги фрлам ракавиците. Си носев сама дезинфекциско средство, 100 пати се намачкав дури ја разранив едната рака Али скроз се разочарав, некои луѓе се туркаат буткаат, не одржуваат дистанца, ги вадат маските со раце па пак ги ставаат, накит носат, се чепкаат за лице, со пуштени коси... Не разбирам....
јас бев сабајле сама, зашто минатиот пат ми рекоа неможе да влезе сопругот.денес гледам пациентките дојдени со мажи, гужва ми се виде.инаку втора смена ке немале, само дежурен доктор.
И јас бев денес, исто кај Димчев. И го забележав истото и баш си искоментирав џабе дома толку пазење. Јас кога отидов во ходник веќе имаше 4 девојки и еден сопруг, шо за ситуацијава не е малку. Ама тоа е, среќа веднаш влегов. На одење прашав за капар, ми рекоа нема потреба, при испис си плаќаш се. А имав прочитано овде као 6.000 ден плаќаш капар па после ти одбиваат и малце чудно ми стана.
јас одам трет пат веќе, си праам цтг одам кај докторот нит сум прашала за капар нит ништо мислев дека си е вклучено во цената на крај коа ке се породиш.не сум тачна
И јас отидов сама, не пуштаат придружба а пак ги влечат горе мажите, не знам што е толку проблем во кола да се почека. Јас намерно не сакав мм да доага, вака од врата влегов директно во вц, се ставив за перење и јакна и ташна и влегов одма да се бањам. Мм за тоа време ми ги дезинфицираше кондурите, го пребриша подот и кваките.
Здраво, нова сум на форумот па сакам да прашам дали има некој што ќе се пораѓа во Систина во скоро, кај кој доктор и дали сте известени за задолжителното тестирање од Корона?
јас планирам здравје, кај др.бојаџиев.за тестови не сум сигурна ке те излажам, ама можно е да прават.ама др.не ми кажа ништо за тоа а денес бев
Кога ти е термин? Јас во август сум, и мене Кацарска не ми спомнала ништо за ова, може дека рано и нема зашто од сега да се зборува ... Инаку праша дали е безбедно кога се јавив да закажам преглед кај Димчев, сепак решив да одам, и ми рекоа 100% дека е, ама јас искрено со резерва ќе одам. Никаде не е безбедно. Никому на чело не му пише дека е позитивен...
оооо мене ми е термин за недела две рано е за тестирање да ти спомнуваат, јас за недела дена ке раѓам па ни они не знаат ништо.а за безбедно само се надевам дека е, кај и да одам не се знае нели
И ја сум у Систина. И со првото се породив таму, сега и со второто кај Кацарска. Господ да не чува само, само еден Господ... Со лесно срце и киВче таму до најзгодниот доктор гинеколог.
хаххахах мислам декае ок и коректен ми се глеа имаш искуство значи, ја клинцо тресам од страв.кај од пораѓај па и ова коронова не задеси.ама со господ напред и у ова време деца се раѓаат нели
Офф, мене термин ми е за две недели бев вчера на цтг и др. Петровска ми рече дека сега се прави и тест за корона пред пораѓај, во случај да е позитивен не пораѓаат без разлика што си нивни пациент
Аајдеее, малце позитивно ве молам! Се ќе биде во ред, мора кураж да си даваме сите една на друга. Се ќе помине како треба, без грижи...
Мене ме загрижува тоа што нивните тестови се различни од оние на центарот за јавно здравје, цел ден тоа го зборат на вести...