има разлика да, мада недај боже да бидат позитивни зар ке ни смени нешто а дента коа ке те примат те тестираат или? ти објасни?
Ми рече да одам во Понеделник да направиме анестезиолошки анализи припрема за пораѓај и со тоа и тест за Корона било задолжително... јас од почеток водам бременост таму и сега ептен ми е на мисла да не ме зезнат на крај, цела бременост немам никакви проблеми ниту еден ден не сум била настината сега со оваа корона од психа сите си патиме...
со лесно нека ни е, побудалевме веќе.мене ми кажа докторот само на 7ми да дојдам и со провокација да почнеме пораѓај.веројатно сабајлето ке ми направат испитувања, ништо не ми спомна :/
Ova za testiranje od korona pred poragaj samo za Sistina li e ili i za drugite bolnici? Uste ova ni falese vakvi stresovi pred poragaj....
Изгледа им е воведено во протокол. И во фамилија близок ко хоспитализираа и пред прием тест за корона му правеа. Плус 1200 денари трошок.
Не разбирам што значи тоа дека нема да имаат втора смена? Пример, ако се породуваме во втора смена нема да биде нашиот доктор, туку дежурниот ќе не пораѓа?
Во било кој ден од денот и да се породиш во моментот кога ќе дојдеш во болница веднаш ќе му биде јавено на твојот доктор и тој ќе дојде да те породи .
Изгледа систина се преорганизираат некако. Веројатно за да имаат тимови кои не се сретнуваат и да имаат континуитет во работењето.
ваљда ке се договориш прва смена со докторот, а ако те фатат болки навечер би требало да го викнат, бар така беше.прашувам да не има измени и за тоа
Па јас мислам дека сеуште е така за порагај не верувам дека тоа го имаат сменето ,ако сакате во среда сум на преглед ќе прашам и ќе ви пишам.
Да, баш пишував во темата Труднички муабети. Денеска имаше гужва, околу 10 трудници бевме вкупно до 9.30h. Ми правеа прво цтг, подготовка за пораѓај (крвна слика, медицинска и фамилијарна историја) и требаше ехо ама докторот го викнаа за итен случај. Платив аванс од 6000 ден и тоа беше.