Исто како Јана што ти пишала, плус полнач за мобилен, чешел, а исто можеш да си понесеш и крема за брадавици, евентуално силиконски брадавици. Со лесно
Ајде уште едно можеби глупо прашање ама зошто да не Ме интересира во Систина дали си бираш за јадење или ти носат што има од болницата? Прашувам од две причини, прво- вегетаријанец сум па дали треба некого да известам за да не ми донесат месо за јадење и второ- дали да си земам во ташна сникерс или друго чоколадце за кога ќе се породам конечно да се заблажам малце
Јас се породив пред точно 2 години таму, немаше мени за бирање, меѓутоа секако ќе си нагласиш дека си вегетеријанец, треба да има замена.
ако си со царски попаметно ти е да јадеш тоа што ке ти дадат.првите два дена супа двопек јогурт.не јади друго потешко ке ти биде за варењето
Колку е царски сега во Систина? Некоја скоро да се пораѓала? Пред 4 години беше околу 100.000ден, првиот пораѓај толку платив. Знам се се качуваат цените од време на време
Јас се породив минатата недела во Систина. Од дома си носев само полнач, Рексона, крем за лице, стегач и четка за коса. Друго има се овде. Поминав прекрасно, од сам пораѓај, однос на целиот персонал, љубезност. Бебето ти го носат кога сакаш, ти даваат обука за бањање на бебето, упорни се за доење, ти објаснуваат детално за декој преглед што му го прават ортопедски, за слух и сл. Во однос на посети, само едно лице смее да те посетува, секој ден од 10-12 часот. Му пишав на сопругот кога ме качија во сала и веднаш се упати кон болница. Имаат посебна соба за чекање, и штом се породив го известиле и го однеле да го види бебето. Мене од сала ме однесоа на интензивна, ми дадоа телефон доколу сакам да се јавам да известам некого. После час ипол ме симнаа во соба. Хигиената е на супер ниво, во глобала презадоволна од се. Цената за царски е 115.000 ден плус мислам дека 1200 ден доплативме за тестот за корона. Ви даваат тестер од Веледа за брадавици, а исто ти даваат и силиконски брадавици доколку имаш потреба.
Со доењето има можност веднаш да се започне така? Ме интересира каква е постапката кога ќе започнат болките, се јавуваш на докторот или директно одиш во болницата? Се интересирам зошто не ми ја водеа таму бременоста и немам баш некаков личен контакт со никого таму, освен на два скрининзи што бев...
За доењето, одма ќе ти го стават на цице кога ќе ти го донесат во соба. Нема никогаш да го заборавам тој момент Сега пред пораѓај, не одиш кај никој доктор да те следи?
Ќе си одбереш доктор и од 36 недела ќе почнете со цтг. Би било убаво тој што те пораѓа да знае историја од твојата бременост.
Леле изгледа нема... Јас кога се породив заради морбили го пуштаа само таткото во соба додека е и бебето. Со маска и мантил зелен и му викаа дека не смее да го крева бебето... Други пуштаа да дојдат во соба ,но бебето го земаа. Паметно. Дури и кај цимерката да имаше посета бебињата ги земаа. А деца не оставаа Аман нека се смири ситуацијава ке побудалам за син ми 5 дена... Рано ми е мене ама и тоа со морбилите па траеше.... А и да ти кажам поарно да затегнат со посети,освен маж и дете барем во ходник да видиш абе никој ама баш никој не ми треба во тие моменти.
Не сум пишала update. Прашав вчера за посети и нема. Ни маж, ни на 5 мин... Никако. Мислев да не смениле нешто зашто прочитав за Систина дека можело ама не. Уште е строго.