Не беше лоша, обично фенирање, само лошо е што сама мораш да ја измиеш косата, па она само те фенира после На тие пари и масажа на глава треба да ти праат, а не сама да се миеш, ама ајде
Јас кога се пораѓав не даваа торба на сите. Цимерката доаѓала само за скрининг и пораѓај и не доби. Ова беше пред година ипол. Може е сменето. Имам и пријателка коа пред 7-8 месеци исто не доби торба, беше само за пораѓај. Инаку точно како го дефинираат, незнам. Јас после првиот позитивен тест бев на контрола, од честито бремена си, прегледи мин еднаш месечно, најчесто два, скрининг, пораѓај ми беше се таму Некој беше прашал за мени, нема конкретно мени, зависи како си породена ти носат различно. Кај царски малку е тенко со храна. И ако си веган или вегетаријанец си имаш опција. Коа ме примија дојде нутриционист и имавме муабет што и како, таа ни даваше совети за понатаму, што да јадеме, што да избегнуваме за грчеви кај бебе, што е добро за доење и млеко... Сокови од јаболко и вода колку сакаш. Неможеш толку да испиеш колку што они можат да ти донесат. За фризер незнам како е, ја одбив оваа услуга дојде фризерката да ме праша утре во колку часот ќе ме земе сопругот, во колку да закажеме фризер, ама и реков: не, фала...и незнам како е понатаму Од лични ствари само лабело, крема за лице, четка за коса и полнач. Ништо н пакував. Отидов со ташната со која си излегувам на шетање Останување вечер плус од предвиденото е 7.000 ден (беше тогаш, ова се што пишувам е искуство пред година ипол)
Јас се породив во Систина пред 7 месеци. Таму ги правев само првиот и вториот скрининг, а во 35та недела отидов на преглед и договорив со др. Гордана Петровска. Првиот преглед кај неа го платив како скрининг, а потоа одев на цтг и ехо по еднаш во неделата и не ми наплаќаа ништо (последните 4дена пред пораѓај одев секој ден) . Торбица и подароци добив, исто и фризерај и покрај тоа што не ја водев таму цела бременост. За таму ви е потребно само прибор за лична хигиена доколку преферирате ваш, инаку има и таму, евентуално некоја книга, и најбитно ланолин за брадавиците, јас баш ланолин не зедов па веднаш по првото доење го праќав мажот ми долу во аптека. Во однос на цената пишале и предходно 85000 со 115000 без никакви скриени трошкови, а се што ви е во пакетот доаѓаат и сами ви кажуваат ( скрининзи и прегледи за бебето, обука за бањање, фризерај, контрола 40ден по пораѓај итн)
Кај мене во пакетот пишуваше и ваучер за масажа ама не го добив Исто и торба добив на прва контрола, бодејќи коа излегувавме немале. Така да најверојатно си во право дека следува ама изгледа забушаваат
И мене заборавија да ми дадат на излегување. И ги прашав, нели има некоја торбичка. И сестрата жива се изеде како заборавила. Одма ми донесе. Единствено торбицата ми ја дадоа на прва контрола. Не дека ми беше битна, секако е грда бојата и не ја користев воопшто. Ваучерите ако не ги побараш не ги даваат. Бар јас таков впечаток имам.
Грда бојата рече бе. Каква боја се торбите сега? Мојата е крем, ама пред скоро 4 години. Мислев не смениле од тогаш И какви ваучери има сега знаеш ли? Нити пакет сум видела ни бутур.
А побарала некоја ваучер да каже каква масажа добила? Јас обавезно би си побарала ваучер доколку ми следи
У првата бременост ми следеше и ја глупа се јавив закажав - па ме примрзе па откажав. Глупа. А требаше да си искористам се.
Ремедика нема торби. Вчера ми донесоа некоја кеса прашав што е, имало некои ваучери, тестери за крема за брадавици од медела и не знам што друго, бекутан влажни, некои кремички и неколку пелени и сл. Немам отворено уште да видам ама горе доле се ствари што веќе си ги имам купено.
Е таа е, нешто измеѓу крем и окер, гомно боја исти се ваучерите, масажа и стоматолог. Е сега стоматолозите не работат, така да, останува масажава.
Лелеее абе за тие пари бар убава торба да даваат. Не ми смета бојата колку што ме напна што не можам да ја "трупам" многу оти тие нитни ко wannabe копчиња летаа и се откопчуваше. Можеле бар патент да стаат. Небитно тоа, само уште не можам да си објаснам зашто нас не оставаат гладни до скоро крај (двопек еден трет ден мислам добивавме) а у Ремедика храна топ од одма. Цезареа е цезареа , па нели би требало секаде ист да е и принципот? Мене глад ме уби таму ненормално. Јана ти цезареа си? Јадење кога прв пат ти дадоа? Батали торба ама уште сега сум гладна мислејќи што ме чека првите два дена у болница.
Ништо не ми дадоја во ремедика освен тестери за бебе и за мене оние контратубекс лепенка,мустела,бекутан... Амаааа после 3 ден кога ме прашаа што сакам за јадење,пилешко , пастрмка или незнам што друго имаше тој ден. Така слатко си нарачав пастрмка па гарнирче убаво. Супи обавезно и колаче. Другиот ден нарачав шпагети болоњезе со шопска. Е доручек и вечера пецива беа со јогурт. И некое колаче А сок бистар и ладен чај од праска немам пиено од тогаш. Сум се препила. Тие два дена без храна беа хоророт,не раната А баш сакав флизерај тогаш. Јас сама се фенирав. Може некаде да им пишеме да иде фЛизерка што...
Хахаха, да цезареа ама тој ден не јадев, само сокови многу, вода и инфузии, а може и дека покасно ме породија. Првиот ден од царски доручек корнфлекс со јогурт, ручек супа и пире и вечера солен перек (преубав). Втор ден доручек лиснато со јогурт, ручек супа, пире и ориз и вечера пак нешто лиснато беше. Е за денеска ми дадоа мени и си нарачав свашта Супа, пилешки прсти, пекарски компир, салата... Иначе, ми донесоа цимерка зашто се наполни болницата, природно е породена и одма и дадоа се да јаде дури и благо и донесоа. Исто е со водата и соковите, цело време носат.
Така треба сегде да е ајде нека нема избор ама културно да е..а не на тетка ми со царски и носевме тенџере со супа тањири и прибор во чаир дека немало што да и дадат и така 3 дена се мкневме