Ќе сањаш за ова @LadyC Броени бисквити и двопек ексклузивно јадење дефинитивно јадењево во Систина е катастрофа.Џабе се вадат демек храна соодветна демек за болни кога везе нема тоа.
Греота бе... Без разлика кај си, дали плаќаш кеш или здравственото ти покрива секој заслужува да јаде како што треба. Барем тоа. И вака и така во државните се си носиш од дома. А да не збориме па за трудници каква исхрана треба да имаат што се спремаат за доење и што знаеме низ што поминале за да донесат на свет едно бебенце.
ништо не ти кажуваат ни за тебе ни за бебе читај по нет прашувај по луѓе и така.. ова беше пред 3г ама не верувам да смениле. За Ремедика отсекогаш се зборело дека имаа супер мени и храна
Да,ама од систина си одите дома шланг како да не сте родиле.И со фЛизура. Мене патиките не ме собираа
Кога ме прашуваа како сум изгледала ко да не сум родила после пораѓаите, им кажав одете родете во Систина и ќе видите И тука се испожалив колку бев мртва гладна, со тоа броените бисквити и двопек Е после вториот ден е друга приказна, со болоњезе шпагети, риба со компир, супа и салата... Храната е поубава од пред две години, ама па додека стигнеш до асална храна веќе изгледаш ко пред да си затруднела
Ја коа бев два дена гладна ме држеа. Толку им беше жал на моите грицки скришум ми носеа , а ја скришум грицкав од цимерката. Себичњак у пм. Ја чекав да заспие да си каснам навечер касно оти ми беше страв да не ме пријави. Уште па ти вика какај. Абе секако од сок од јаболко ќе се испразнам клистирана. Само кажи термин да закажеме оти ред пред вц се чека.
А зашто не побара повеќе да ти донесат ако не можеш да издржиш или ради царскиот толку даваат? Ако е ради царскиот мислам има логика затоа од приватни со царски стануваат за 2 3 дена а од државниве за 2 недели
Снаа ми работи во Систина. Ја прашав зашто не ми даваат јадење и ми кажа дека може преплет црева не дај боже да се создаде додека не почнат да се местат... Има логика ова и верувам дека е така,ама па пукнав од глад. Среќа па пиев МНОГУ сок од јаболко за глад да не осеќам често (ме залажуваше моментално) па бар немав болки во глава изгледа брзо ја исфрлив анестезијата... И да, ја станав одма ден после операцијата. Многу ме болеше, се мачев првиот ден, вториот исто потешко, од трет ко нова бев. Ама сите ме советуваа да станувам повеќе и почесто, па без оглед на се слушав и помина брзо.
И јас се налевав со сокот од јаболко Јас мислам јадење ми дадоа многу касно. Се породив во скоро 13ч и јадење прв пат ми донесоа следниот ден за вечера. Асално јадење ми дадоа од ручек до утрото пред одење. Од што бев прегладнета, не ни можев да јадам. Ја сфаќам логиката да не се оптоварат цревата и се тоа, ама па и по други болници даваат регулар (полесно) јадење. Може и тука да дадат пиренце, супичка, палента. Не се тие некои тешки јадења. Што вика @LadyC пред испис треба да одиш во ВЦ. Црева празни, што ќе излезе?!
Ај не претерувајте. Секаде ги стануваат родилките после пораѓај побрзо. Некои имаат поголема толеранција на болка и побрзо се опоравуваат и одат повеќе во споредба со други.
Па тоа и јас сакав да го кажам, протоколот за станување е малтене ист. Јадење исто, преплет црева можеш да добиеш од некакви си мениа. Јас две недели не можев да јадам како претходно, а не пак во болница. Јас се породив во недела навечер а вторник сабајле станав.
Ја знам многу за царски што од систина дефинитивно станувале за 2 дена а од државниве клиники има требало денови да се опраат ..секако има исклучоци . Не знам што им ставаат во Систина ама има нешто во инфузиите
Јас од тука што читав првото станување било најтешко и после царскиот прво тоа си помислив, како ли ќе станам. Дојде сестрата и ме спремаше. Ми објасни да не гледам надоле туку во моја висина и дека станувањето ќе биде хорор. Јас станав без да ја фатам за рака и си тргнав сама, си се измив нит ми се сврте нит ме болеше толку многу. Боли да ама издржливо. Дали бев под доза аналгетици или ете трпам болка, не знам. Вториот ден ме болеше повеќе ама јас не легнував. Претерав. На столче си седев. И денеска еве 3ти ден веќе гајле немам, боли ама многу е подобро. Колку повеќе стануваш толку полесно е. Бебето ми е плачко и цело време сум легни-стани. Се надоврзав само на твојот муабет, дефинитивно е до жената, а не до храната.
Да до сам човек е. Јас не можев од првпат да станам. Ми се сврте, ме болеше раната,нозете не си ги осеќав. Сто пати ми падна жал за сестрата колку се трудеше Заслужував јак шамар
Вториов пат многу повеќе ме болеше и генерално потешко поднесов. Станав одма другиот ден, ама ми се сврте, но не се предадов и зачекорив. Се форсирав со често станување и закрепнав многу брзо. Првиот пат полесно станав, одма од прво станување се истуширав, сега малку потешко, ама генерално пак брзо закрепнав.