@eli25 добра си, другарка моја не стана 3 дена во ремедика. Во Систина реално те форсираат да станеш. Не знам дали би те чекале 3 дена, башка едвај чекав катетерот да се вади. @Sexybaby86 стварно е пострашно? Уф! Јас трикот го најдов во станувањето после боцкање на коктелот за контрахирање на матка и против болки. Тоа држи некои 2ч и тогаш станував и движев поинтензивно. После е полесно.
Јас се породив вечерта во 9 ама дека природно уште утре дента најадена си бев неможам да се пожалам така да си излегов од болница горе доле со стомак како трудна така да вие со царски сте предност бар шланг сте после пораѓај
Исто е, не е пострашно, само секој нареден царски се’ повеќе боли. Зборови на докторката И гасовите се поболни, и тоа ми го кажа и вистина така беше, ме искина стомакот и цел ми се поду од заробен гас третиот ден. Мораше чепче да ми стават за да можам да ги ослободам, зошто од болка не можеш нели да стиснеш и да си прднеш Ама штом дојдов дома и си ја видов и големата, ко нова Никогаш нема да заборавам како ме гушна кога ме виде, заборавив и на болка и на се’, таква најискрена на свет прегратка од неа првпат добив Се немавме видено воопшто откако отидов во болница, нели забранија посети тогаш
Мојата најдобра другарка породена царски два пати исто у систина па рече дека 2 царски за разлика од првиот бил песна немав вика ни болки многу како првиот ,и станување и се рече дека и било полесно.
Нема правила Беше за нијанса потешко кај мене, ама пак лесно поминав во смисла на закрепнување, тоа ми беше муабетот. Мене и докторката ми рече уште кога се договаравме да очекувам за нијанса поголеми болки и гасови повеќе и така и беше Покрај царскиот, истовремено имав и друг (минимален) зафат на матката и јајниците, па можеби затоа. Тоа заборавив да спомнам, можеби затоа ме предупреди Гордана
Можеби немам искуство можеби индивидуално па секој организам различно реагира ,битно е да сме добри на крај тоа е најважно
Lele ja molev ednata bolnicarka da mi donese jadenje I mi dade mleko chasa so 3 biskviti, kako se najadov a I posle 6 mesec trauma imam koga ke vidam viva sok od jabolko.
Абе какви денови, што ти е, пишав искуство од државно. Значи породена недела навечер, вторник сабајле на нозе бев. Болничарка ми објасни што и како треба, ме држеше за рака до веце. Инекции за враќање на матка примав плус самите ми ставаа и инекции за болка. Кажаа ако ме боли, да ги викнам и ке ми примат уште.
Ти се погодило.. други што кажуваат молеле сестра да им дојде да оим помогне да станат од кревет. Зависи треба и среќа малце а и зависи колку трпиш болка
Да бидам искрена, во цел царски најмалку на неа обрнав внимание. Нозете не ги осеќаш да ама во текот на операцијата нема да ти е битно тоа, а штом те прафрлат во соба, набрзо ќе почнеш да ги чуствуваш. Додека се свестиш што - како ќе ти пуштат. Е после тоа, дали ќе те боли главата или не од неа е индивидуално. Конкретно јас сакав да ја трескам од ѕид затоа што бев убедена (и уште сум) дека ударите од ѕид помалку ќе ме болат.
Јас бев со врски, и тоа дебели, ама поминав поефтино од приватно. Плус јас државно бев заради докторот пред се. Ама и други што ми кажуваа поминале сосема добро на државно. Овде читам како да е страшно, а слушам други искуства.
Епа тоа е работата си имала врски јас немам и затоа би одела приватно плус и заради епидиралната . И затоа имаш добро искуство од болницата
Во државните е или-или. Зависи како ќе ти се погоди. Жена што ја познавам со првиот царски беше во Чаир абе вика милина, немаш потреба приватно да плаќаш. Сега и со второто се породи со царски, ептен се жали, дома раната и крвареше, не сфатив што направиле во болницата ама многу лошо помина. Заврши во Систина ама од таму и рекоа да си оди кај што и го направиле тоа. Жената за греота, ни навака ни натака.
И ја само се породив таму, пс ме фенираа. У момент коа имав најголеми болки ради млеко што ми надојде одеднаш, и реков на фризерката да не ме фенира, она ми рече морала.. И така, седев со пумпа се молзев и плачев, а она ме фенираше...
Не ме остави и мене на раат сестрата Станав слефниот ден, ама не од првпат се врати подоцна. Ми рече мора да станеш и крај,а јас соработував нула !