Не е страшно, одма пушта. Ме пушти уште на интензивна со цревото додека се топлев Ако не се лажам, и ти со првото беше на царски со епидурал, како мене. Многу е полесно со спинална, одма пушта и никакви болки немав потоа во глава (некои се жалат на главоболка, штознам). Едино за време на царскиот во едно време ми се приповраќа, малку повратив, ама од што паѓа притисокот, а јас и без тоа имам многу низок. Рекоа сосем нормално. Сама си се префрлив од сала, на еден кревет, на друг, па на мојот во соба Не се плаши
и мене за тоа ме караа, ама ми се тресеа сами од студ, па ми ставија едно црево да ме загрее. да со епидурал бев првиот пат. не знам зошто си мислам језиво е да не можеш нозе да мрдаш! Ете го повраќањето! и другарки во Ремедика повраќале за време на царскиот. Изгледа до спиналната е. И јас сум со низок притисок. Анестезиологот добар ти беше? Јас во него се крстам, светла точка ми беше кога се пораѓав.
Мене ми напомена анестезиологот за нагонот дека се добивал и штом сум го почуствувала веднаш да му кажам. Ова беше кога анамнеза ми земаше пред царскиот. И ми дојде нагон кажав одма тука плус вбризга нешто и како нова бев. А си викав леле вака ако ми е лошо како ке го видам бебево... Со спинална бев но 5 и пол часа не ми пушташе. Најштрашниот дел ми беше....
Ако бил Ѕвонко Крстевски цар е човекот. Он ми ја стави епидуралната, а на пораѓај жена беше исто префина ја фатив за рака и не и дадов да мрдне. Аууу цревото цел живот ќе го памтам колку ми беше убаво кога се стоплив. Многу е полошо целосна. Или епидурална или спинална бирај. Сум била еднаш под целосна и неспоредливо е чувството после тоа. Од целосната едвај си дојдов при себе и многу ми беше лошо. Од епидуралот како да не сум ни била под анестезија, многу брзо ме пушти.
Ти благодарам. Со син ми се породив со целосна, немав никаква мака. Јас и не ни знаев дека може царски со епидурална
Леле како ги памтам овесните пахуљици од Ремедика што ми ги дадоа 2 ден. Не сум јадела повкусно нешто, гладна како волк како Алачки правев дур јадев мх мх мх шала на страна од царскиот тоа ми беше најтешкиот дел, а најбедниот кога сестрата дојде да ме носи да ме бања не ме собираше да влезам во туш кабината, вратата тесна, а мене страв стомакот да не ми се допре. Кога ќе помине све е смешно, ама дур си таму...
Обично со епидурал продолжуваат тие што почнале природно. Прво ти ставаат аналгезија, да те обезболат, а ако одиш на царски веќе станува анестезија, ја зголемуваат дозата. Едино ладно ми беше, па нозете ми играа и им пречев дур траеше интервенцијата. Ама цревце за греење дадоа и топ ми беше
Леле и јас колку бев гладна. Им викав ќе умрам од глад хаха јас лазањите уште ги памтам. Аха. Ај здравје, имам уште два месеци па како ќе биде, така
Овој беше мојот анестезиолог. Да можам да го бирам па него го сакам. Топ чоече, башка лесна рака. @Среќичка спинал се става на цезареа, после како минува дејството на интензивна ти фукаат едно црево што дува топло зашто мраз ти станува. И кулираш 2 саати. Јас топ поминав, дај боже да ми е исто и сега.
Една млада докторка беше анестезиолог, префина. Ме галеше цело време по глава и стоеше до мене. Кога и’ кажав дека ми се повраќа, одма реагираше, срце беше ептен. Не знам како се вика, ама супер беше Цревото што топли е права ствар, не знам зошто после првиот царски не ми го ставија, се тресев како ненормална Сега овојпат одма ми го пикнаа под ќебе, ми ставија и песок на раната (едно ко торбичка полно со некаков си песок да ја притиска раната) и си лежев на интензивна едно саат време. Предобро чувство
Мене ми се жалеше една пријателка за песокот, дека он тоа ја болело, дека притиска на раната. Те болеше тебе?
Не, ништо не осетив јас. На интензивна ми го ставија песокот, тогаш уште под анестезија си, ништо не осеќаш Кога те носат во соба, го тргаат. Јас ја чув докторката рече ставете и’ песок, па дигнав чаршавот да видам што чудо е тоа
Со првото не ми ставија вакво нешто, бар не се сеќавам. Сега да, а што улога има, појма немам. Секако не осеќав ништо