Песок се става на рана што крвари. Многу брзо го сопира. Маж имаше хируршки зафат, не на стомак(не е за цревата и матката), а многу тешко му сопира крварење, му ставаа песок. Одма сопре. Дали од тежина, топлина - не знам.
Стара воена финта од терен кога немале со што да сопрат крварење. Сум го гледала по филмови, ни на крај памет дека тука има такво нешто.
И мене ми беше Звонко Презадоволна сум од него. Срцка е човекот. Се погоди дежурен дента кога одев 3 пати на цтг, и ми рече оди сега дома ама нешто ми мириса дека до вечер пак ќе се видиме, тука те чекам и стварно така бидна За време на царскиот ми вршеше лајв пренос што се случува, до каде се, цело време ми правеше муабет и на крај ме сликаше со бебчето. Потоа дојде неколку пати и да провери како сум. Како отидов најадена со лигњи и ракчиња немав никаква мака од анестезијата. За брзо време и ми пушти. пре презадоволна сум! едит: мене не ми ставија црево за греење
Звонко е срцка. За операција ми беше и он ми земаше анамнеза пред царскиот,но испадна Бранко да ми е. Ао многу лоша смисла за хумор беше не ме бендиса. Ич. И јас немав црево... песок имав на рана и ужасно ме чешаше цело тело на интензивна. За 5 месеци се надевам ке ми е Звонко.
Zdravo .. dali nekoj znae kolku kosta den plus vo Sistina ako deteto ima zoltica .. falaa mnogu za toj sto ke mi odgovori
Јас имам правено интервенција таму и анестезиолог беше Бранко. Пат ми беше да треба да бидам под анестезија и многу ми беше страв. Бранко има чудна смисла за хумор ама ме изнасмеа и скроз ме опушти. Сега кога одам Ремедика кога ќе го сретнам по ходници смеење ми доаѓа дури.
Да ве прашам тие што сте породени во Ремедика кога точно бевте на гинеколошки преглед, дали спаѓа во пакетот и дали закажувавте или бевте како за цтг што се иде? Ми кажаа контрола за 40 дена ама јас само гледав што поскоро да си одам дома и не прашав ништо
Пред 2 и пол години тој преглед беше бесплатен, вајда уште е. Ехо мислам дека ми правеа да видат дали е вратена матката во нормала. Се закажува. Јас тогаш и пишав на Др на вибер и ми пиша кога да одам. Претпоставувам дека ехото го прави докторот што пораѓа.
Да, докторот што ме породи ми рече да одам кај него, ми спомна нешто за матката ама јас не запамтив баш. Фала
Јас бев минатава недела. Го водат како бесплатен преглед после пораѓај. Си закажав кај докторот и ме гледаше на ехо само
Плус терапија за бебе со жолтица, така праша членката. Информацијата е од втора рака, другарка се породи пред 2 недели, но ја знам информацијата зашто цело време бевме во контакт. Цената беше без малце 18 000.