Извесно е дека ќе треба да останеш плус ден? И мое дете имаше жолтица, па интензивно ја сончаа навечер кога реално и не ти го носат бебето. Едната сестра ми кажа дури, сум ја сонцала цела ноќ, сега е бела на мајка За ова не ми наплатија ништо плус. Те читам колку си задоволна, ама јас најнепријатен и најкрш преглед што сум имала во бременост ми беше кај неа. Не знаеше да разликува вагинален секрет од остатоци од кринон гел. Па и какви фаци ми правеше, не ја личи за доктор. После се жалев на Ивановски
Викате 300еу е од ноќ во приватниве ако има жолтица..не знам за колку време жолтица поминува ако треба 3 дена да останеш заради жолтица ќе платиш исто колку за цел пораѓај ми нема логика да е толку скапо.. Ај некоја што била во ситуацијава нека појасни
Пред две години во Ремедика за плус две вечери што останавме поради жолтица доплатив 15000 ден. Сега сигурно е поскапо.
Па тоа е ок бидејќи е 100 еу по ноќ и 50еу да си доплатила за бебето има некоја логика .. не може да е поскапено на 18000 за ноќ така би дошло 600-900 еу за 2-3 ноќи ако има жолтица толку е цел породилен пакет
Секој со свое искуство. Многу ја кажуваат за арогантна и дрска, јас со неа никаков проблем немам. Што и да сум правела со неа до сега било супер. Јас имам мака од извикани доктори. @Milkiway имам лежено неколку пати со Константин во Систина, една вечер е 15000 денари. И на сумата имам некаде 10% попуст. Задњо лежевме од Рота минатото лето и за 10часа некаде 11000 и нешто ми наплатија. Скапо е ептен.
Да да затоа и ме зачуди ама па да си во дежавна и со жолтица имало случаи ги пуштаат дома да им помине кога ќе видиш така да ќе си плаќаме кога немаме болници
Може ли малку помош- неможам да го најдам пакетот за породување во Ремедика, што се е вклучено во цената. Ај ако го има некој нека ми го прати. Фала од срце
Абе ич нрмаше потреба, за второво и гинекологот и патронажната кажаа дека и нема потреба добро сум одлучила. А јас бев спремна од претходниот пат
Здраво, 33недела сум, се мислам за пораѓање меѓу чаир и систина. Сите што ги познавам а се породени во Систина се со царски, па не знам каде да прашам дали има некоја мајка породена природно во Систина и искуство, дали ја чекале... Јас не сакам царски ако нема потреба.
Не знам дали ја погодив темата за прашањето, сакам да ве прашам уште и кај кој доктор. Навистина од 20тина мајки што ги познавам сите се царски во Систина и само заради тоа и чаир ми е во глава, а за недела две веќе и доктор треба да изберам. Фала многу на одговорот
Јас сум породена во систина природно Др.Панчевски е мојот доктор ,склоп на околности природно ме породи Др .Адамовска ме чекаше цел ден за да се породам во ниеден момент никој нит спомна нит форсираше царски.
Никој нема да те сече ако почне процес на природен пород. Ни во Чаир ни во Систина. Ако си во можност топло ја препорачувам Систина.