Фала на сите, најверојатно ќе ја изберам Систина. Имам некоја недоверба во приватни клиники, колку повеќе читам тука искуства толку понеодлучна сум
@Малечко Кикенце Во Санте нема ограничено време за посети, може и цел ден. Јас се породив пред 3 години таму и така беше тогаш.
Врска нема дека царски инсистираат. Ако има потреба тогаш царски. Јас сум царски во Ремедика, ама 40 недели + 7 дена. 36ч со пукнат водењак, лежев еден ден цел ме чекаа за болки, па провокации и поради многу заматен водењак и пад на тонови на бебето завршив царски. Имам повеќе пријателки во Систина природно породени, во Ремедика немам познанички.
Јас и уште 2- 3 околу мене сме природно породени во Систина и сите сме презадоволни. Јас дури бев пречекана со муабетот дека имам тесна карлица, ниедна контракција, тврдо грло, ни мм отворена ама прво ќе пробаме природно без да прејде во измачување. Сепак, бидна природно.
Која е процедурата за вадење извод? Во Систина го кажувам името на пораѓај и после што? Ми даваат некаков документ и со тој се иде во матично? Што друго се носи во матично? Мора таткото да оди?
Јас имам искуство со останување денови плус во систина. За мајката е 7.000 денари од вечер Да се надоврзам за Кацарска, и од мене едно големо НЕ. Воопшто не е пристапна, арогантна е, и нема да ти помогне кога најмногу ти треба. Не верувам ни да дојде на пораѓај. Јас првиот преглед го имав кај неа, случајно така ми се падна и се договоривме да ми води бременост и да ме пораѓа. Ми даде демек број ако нешто ми треба, бидејќи не сум од Скопје. И коа после две недели ми требаше итно, не ми креваше на телефон, коа и пишав смс со што дешава (крварев) ми врати: што сега јас можам да направам преку телефон А прашањето ми беше дали итно да доаѓам во ск да патувам или е ризично да патувам. И потоа пак не ми креваше и не ми врати на пишување. За мене ова беше многу многу лошо искуство. А докторка така да се однесува, а претходно ти давала број и ти ветувала 24/7 достапност ми е крајно непрофесинално. За среќа после истражував и си го најдов Димчев, за мене најдобар на свет. И дека после имав ризична бременост немаше проблем да ми биде достапен на телефон цело време и да дојде на пораѓај коа не е на смена. И јас сум природно. Воопшто не форсираат царски ич да не се секираш. Јас прво сама сакав царски од страв, докторот ми се смееше и рече нема шанси. После пред пораѓај една од сестрите го советуваше докторот демек подобро било царски да идеме ама он кажа тераме природно. И воопшто не верувам дека прават царски таму каде што стварно не мора
Што е потребно да се понесе од дома за мајка и бебе за породување во приватна конкретно за ремедика .
Цениве по приватниве болници се ко они да ќе го родат детето, ти само да отидеш таму и да легнеш... Недај Боже да не се опраи ситуацијава со Корона, сите ќе треба по приватно да одиме сакале или неќеле. Башка до сега за секое испитување поради ситуацијава на клиника си плаќам приватно...
Девојки се пораѓала ли некоја кај Симонида Ремедика? Некои познанички оделе кај неа и биле задоволни јас мислев претежно скрининзи прави? Бев за Јегени од почеток ама имав преглед кај Симонида и сега се премислувам...Искуства?
Јас, имам пишано многу пати. Пред две и пол години се породив кај неа, итен царски. И пишав дека имам болки, одма дојде и ме чекаше се спремно, дека не сум од Ск. Дури и количка пред болницата. Супер поминав. И сега бременоста ја водам кај неа, достапна е во секое време на вибер.