Супер јас сега скрининг ќе правам кај неа и сакам да и кажам да почнам кај неа да се водам и здравје боже за пораѓај. Еден преглед кај неа имав и имам позитивен впечаток Супер штом и она пораѓа и е достапна на вибер тоа е најважно бар сега со коронава
Да. Мене со првата бременост и како психијатар ми беше. Поради претходна историја бев многу исплашена, среќа се добро заврши. Јас дека се испитувам таму и резултатите на вибер таа ми ги праќа.
Супер чим така да јас имав вонреден преглед кај неа случајно нешто испаничив дека ми е како по обичај и многу психолошки ме смири и ме изнасмеа дури и си збореше со бебето. И затоа ми остави впечаток и Јегени е таков ама он ми изгледа како секогаш да е во гужва и секогаш го чекаат еден куп и му ѕвонат и не можеш муабет да напрајш..затоа и се премислив фала ти
Јас кај неа ја водам бременоста, претходно ме правеше хистероскопија, за пораѓај не знам ама здравје планирам кај неа. Блиски мои имаат убаво искуство за пораѓај. Истото што го кажа @Среќичка ќе го потврдам. Секогаш достапна на вибер, ако и звонам и не ми се јави во моментот, кога ќе види дека сум ја барала ми се јавува. И баш како психијатар и мене ми беше во прво тромесечие кога прокрварев 2 пати.
Прашање до мајките кои овој период се породија во Систина - дали и кај вас не доде патронажна сестра? И како е во останатите болници (приватни/државни)?
Најголемото НЕ од мене за Кацарска, арогатна, никаква љубезност, никаква поддршка баш најмногу кога ти треба. Јас стигнав со 4см отворена ноќта и дежурна беше, а јас прворотка додека да дојде мојот докторот многу неубаво се однесуваше ај помислив дека среде ноќ може затоа е таква но после на операцијата пред докторот многу фина глумеше а после кога поминуваше на визита само очи превртуваше..никако не ми паѓа на памет кај неа
Мене патронажната ми се јави после една недела да дојде, ја прашав зошто, ми рече да ми покажела за бањање, да ја прашам ако имам нешто за прашување и да ми кажела за вакцината И реков фала, нема потреба со оглед на ситуацијата (корона), бебето си го бањам сама веќе цела недела, го вакциниравме веќе. И ми рече ако имам прашања да ја барам. Во Ремедика сум породена.
Прашање до мајките кои одат периодов во Систина, дали сеуште ве пуштаат со придружба и дали партнерот треба да е тестиран за корона за да може да присуствува на пораѓај ?
Како не доаѓа патронажна? Може не ја нудат услугата заради коронава. Ама па ако не ја нудат, нек намалат некоја илјадарка
Од една страна и мене ми е посигурно да не доаѓа, а од друга па имаме потреба некој да ни покаже некои работи, зошто во болница на брзина ми покажаа се, а јас уште во бунило
Абе ако можеш да ја викнеш нека дојде да ти помогне. Мене тогаш ме изнервира зашто касно ми се јави. Што ако не знаев да го избањам? Јас веќе се снајдов, па она ѕвони за помош. Ако можам вака да ти помогнам со нешто слободно пиши. Мислам дека ставив некаде линк од видео за бањање пред паѓање на папчето, ако сакаш ќе го побарам ќе ти го препратам.
Филотеа зборува за патронажната од Систина, не државната. Мене супер ми се најде жената од Систина. Таа обично доаѓа еден ден откако ќе си отидеш дома.