Баш наредна недела сум на контрола во Систина и ми кажаа дека маж ми не може да дојде со мене...штом на преглед не може сигурно горе на раѓање уште по строго е може и посети да нема сепак ризик им е
Нели им пуштаат одма слики? Нас доктор од чаир одма на вибер ни прати 10мин малтене после царскиот пораѓај 3 4 слики од бебето и не извести дека мајката е добра. Сигурно во приватна болница ова не треба да им е проблем да пратат апдејт. Треба да се праша и да се разменат контакти
сигурно е, ама може таткото тест да прави. На крај краева, за неколку дена бебето секако дома ќе оди кај таткото. Не знам што да мислам веќе. Што помалку се шетаат, помал ризик за сите.
Да за тест ако направи може и внатре да си влезе ама тоа е додатен трошок за разлика од порано што не ни мораше
Посети за сопругот се дозволени, и исто така со негативен тест на корона го пуштаат на породување (природно).
Најново што каза Филипче, Ремедика и Систина позитивните таму ќе се лекуваат, во изолација؛ Не знам што ни остана како опција؛
Еве и јас го слушам тоа го разбрав како Ако се породиш и испаднеш позитивна нема да мора да те префрлат на Инфективна. Не е дека ќе примаат болни од корона сепак немаат они толку специјалисти и можности за лекувања. Само не разбрав дали сам плаќаш лежење во болница
Oх така сме преплашени уше ова.. Сега останува санте иако и за таму деуште има страв после тоа што се случи предд две години...
Бапка нема страв имаат они изолација и доктор што би бил кај тој што е заболен нема врска со гинекологија. Освен ако станува збор за родилка болна тогаш да. Ама па они и сега земаат брис сама си во соба така што не верувам да ќе има некоја промена или преполнетост илк причина за страв. Верувам дека многу внимаваат
Не како пример гп кажав. Он кажа: Ако некој е хоспитализиран и на пример прави операција на нешто и во меѓувреме му откријат корона да ја продолжи таму хоспитализацијата. Валда додека не заврши тоа што го прави. Искрено они и сга на некој начин пораѓаат заразени. Ти одиш те пораѓа а во меѓувреме ти зема брис. Откога ќе си породена добиваш резултати. Е сега ако излезеш позитивна нема да те префрлат инстантно на инфективна веројатно ќе те остават сама во соба тие 2 3 болнички дена . Јас бар вака ја разбирам оваа нова процедура.
Ако ништо друго барем нема да се тормозиш да се префрлаш на клиника ако уште не породена искочи брисот позитивен од една страна е добро
Па да е сега дај боже сите да се паизме и да исклучиме контакти ткаа на пораѓај ќе отидеме здрави. Од тука понатака мислам се ќе е оставено на наша свест за среќа или за жал
Не верувам дека болен со корона ќе го остават по приватниве пред се немаат инфективно одделение, ај Систина имаат 1000 вработени ама Ремедика едвај со 190 се, ниту капацитети ниту можности имаат. Зборот ми беше еве јас ќе бидам со многу критичен царски зафат, доктор ќе му се јави на маж ми или си имаат посебно задолжени за тоа? Дека во Ремедика седеше пред сала, тука не знаеме како функционира болницава. Секако ќе седи доле на паркинг, не планираме да плаќаме тестирања.