Чим приватните болници ги понудиле своите простории значи мора да имаат обезбеден изолиран дел за пациенти заболени од корона тоа е протокол нема да ризикуваат да мешаат болни со здрави .
Присуство на сопругот за време на пораѓај е забрането,без разлика дали ќе направи тест. Јас бев во Систина пред 2-3 дена и Петровска ми кажа мм џабе да не си правел бајрам на мозокот. Искрено се надевав дека бројките на заразени ќе се намалат и ќе може да биде присутен ама гледано каква е ситуацијава мноогу тешко. За преглед мажите седеа во чекална,бремените сами влегуваа на преглед и чекаа во ходникот пред ординациите.
Стварно не знам зашто да се прави гужва горе во чекална кога секако нема да можат да влезат по нормално е надвор да си чекаат и готово живи глупости
И јас вака разбрав. Треба да имаат посебна патека, изолиран оддел и се тоа со ред. Во систина веќе имаат цела екипа во изолација, оти пораѓале родилка со корона. Отпосле и стигнал брисот. Така да за „безбедно“ не знам колку може да се каже, за било каде. Толку многу се рашири вирусов што е језиво за било каде.
И втора бременост терам кај него. Секогаш ми бил достапен на тел, отворен, комуникативен. Е сега прегледи препорачува на подолг период, а закажување е научна фантастика.
Многу бе.. Ај ако види некоја, породена во Ремедика деновиве да пише колку е тестот. @maremaca29 ти колку плати?
Јас бев на дежурен ме задржаа за породување, два теста ми правеа. Еден преку крв на прием и еден брис после пораѓање. Може различно е од итноста
Благодарам. Над тие 90 000 вкупно има нешто плус? Како за новороденче или нешто такво? И колку дена се останува со спонтано?
Јас платив плус 1000 за крвна слика на бебето само плус, две ноќи останв по породувње, мислам дека треба уште една но добро ми дојде што ме пуштија од страв од корона бев под стрес
Во Систина јас за време на операцијата му реков на докторот да го извести маж ми за мене. Откако заврши царскиот, доторот дојде до мене ми го побара бројот и му се јави лично на мм и му кажа дека сме добро и да дојде за 1 час да не види. Инаку ме пораѓаше доктор Јорданчо Иванов.