Не сум сигурна мислам околу 3000ден се доплаќа за еднокреветна соба ,си кажуваш дека сакаш да бидеш сам во соба на приемот и тоа е тоа .Јас добив апартман зашто немаше слободна друга соба .
Среќна жена што ти се вика. Јас толкав баксуз сум што кај сестрите би ме легнале побрзо него ли апартман да ми дадат и ке ми речат полежи тука сабајле ке испуштиме една па ке те преместиме
Прегледите во систина се стварно мн скапи! Посебно на педијатрија. Поефтино е ехо да правиш, ортопед да посетиш, него бебе да ѕирнат (висина, тежина, грлце, фонтанела..). Па и цениве нон стоп, малку по малку оп скоро 3000 преглед. 1800/1900 беше прв пат кога ја носев.
За педијатрите мислам да можат и воздухот ќе ти го наплатат едно одење на ургентен со син ми без 50е нема излегување.
Здраво.. Сакам да споделам искуство за болницата 'Sante Plus' моето искуство не е баш добро и не би ја препорачала. Sante Plus можеби е најефтина меѓу приватните болници за породување но... јас имав уплатено аванс (пола од целата цена) која беше 550e ако е природно а царски 800е. А во цената се вклучува и анестезија. Јас добив болки пред терминот за породување и бев примата во болница четврток вечерта околу 21 часот и се ок ме примаа за асортиманот и хигиената немам збор но таа сестрата што беше уште одма се испонаша како да не зборувам на телефон, да легнувам да спијам итн... Цела вечер имав болки но сабајлето кај 5-6 ептен не се издржува и дојди докторката и се молев 2-3саата да ми стават анестезија (оти претходно така беше договорот) а она ми вика 'млада си ти како фишек ќе го истераш'. И ај некако со молење ми ставија анестезија пораѓајот помина се добро ме вратија горе во соба после некое време ми го донесоа бебето со мене беше до вечерта потоа пак го земаа и сабајлето ми го донесоа. И тогаш ми викат кажии им на твојте да дојдат порано докај 11часот оти после тоа се доплаќа ок им кажав ама баш тогаш како за бељата ќе се десе некој проблем и закаснаа hhh.. А нели треба од болницата пред да си одиш да ти кажат да ти објаснат како да го доиш тоа бебе, како да му смениш пелена, да го облечиш итн.. они ништо мојте донесија облека го спремале они таму и мене само ме викнаа од собата ајде може да си одиш. Оти ништо не ми кажаа што како за бебето дека требало да се разбудува за да цица, јас си мислев штом спие добро е нека си спие. И за тоа и жолтица ми го фана и многу падна на килажа. Во која болница пуштат одма после пораѓај немаше ни 24саата ама таа е. И за цената ми наплатија плус 200е. И ми испадна како царски 750е хаха..а плус и частовката за сестрите и докторката. После 2 недели отидовме на прва контрола за бебе и за мене. Мене не ме ни прегледаа а за бебо таа педијатарот не провери на крв така од око ми вика воа бебе има инфекција на папчето носи го да му го горат. Јас цела исплашена испаничена одам во болницата во мојот град му земаа крв и нема ништо се беше ок. Извинете за долгиот пост ама јас ич не сум задоволна од Sante Plus болницата.
A zasto odite tamu jas neznam posle ova sto se sluci so rodilkata sto pocina I bez pari da e tamu poragajot ne bi otisla
Како бе те пуштиле одма, јас ќе се бунев, да беше за одма дома ќе раѓам. Па уште и си ги частела. Чим си во приватна болница нема частовки, си плаќаш цена. Леле се изнервирав. Ај битно сте добри, прошло.
Останаа ненормални. А чудо роднина се пораѓаше лани она па презадоволна ја тинтрале се како што треба. Ја мислам и до сестрите е многу се жалат од нив дека се ненормални ...и плус цдна плаќаш за 2 3 болнички дена а не одма да те пушти. Сигурно сега имаат гужви ради ситуацијава начекаа и они цц
Точно дека во приватна болница си плакјаш цена, ама зошто да не си го почастиш докторот ако си задоволен.
Да го почастиш да, ако сакаш на твоја добра волја, а не да чека докторот/сестрата частовка од мажот. Бог да чува, моја блиска кога се пораѓаше на државно, докторот на сопругот дирекно му рекол: не ја бива работава за природно, критично е, ај дај почасти нешто за да ја породиме царски. Мислам, што муабет е тоа?! Мажот избезумен во тој момент се што имал у новчаник му дал на докторот. Па во приватно вака некој да ми се понаша? Ќе тужам
Зошто давам брдо пари, а нив тоа им е работа. Зошто би частела?! Па уште па сестри да частам. Нашле па зашле.
Ете имало и негативни случки за Санте иако во последно време ги фалат .. Пак јас таму си планирам ама ќе видиме, за сестрите не се замарам јас толку,од Чаир што све не викале овие се гола вода.. Башка што и мене во Чаир ме фати колку во Санте а услугата не е ни приближно иста.. а и со гужвиве.. Ај има време ќе видиме. А за кои прегледи ти наплатиле 200+ еу?
Па на мм му изнакажале пуно работи вао ноа а он така не ни прашал убаво зошто како да се доплатат тие пари. А мене ми кажа дури дома каа стасавме и таа е. Ами ајде де боже нели си се породил дете си добил ама не требало.