И јас мислам дека е најмногу до сестрите. Мене цело време ми ја ставаа на града да цица, ми покажуваа што и како треба. Едино не бев задоволна од педијатарот, ама сега гледам има и друга. Кога стигна ред за одење, мм однеси само мекици и сок и тоа не сакале да го прифатат.
Епа 200 еу частев доктор Исмаили сакавме да ме пораѓа ( не напаѓајте мој избор е тоа ) И за докторот воопшто не жалам, седевме доста денови во апартман заради малиот што фати инфекција.. Башка што частенките беа сите 8 дена,уште не бев станата од бокс ми носат бајадера мм пратил... И за тие пари идам приватно. А и во Санте работи братучедка на мм па и со неа ќе видам @..MoNNy..!! А кај се наоѓа сега Санте? Старото во Ѓорче или? Ќе идам на едно ехо да видам како ќе се поминам прво. А таму бираш доктор така?
Не бе не се ни замараат кога ми го донесоа првиот пат бебето и нели му викам нели треба да цица воа бебе нели треба да јаде они викат не се сикирај ти за тоа се му е ок на него најаден си е. А и ништо не ми покажаа како треба а јас од кај да знам прво ми е. Они треба се да објаснат не само за цицање и за се друго.
Незнам што да кажам, по сликите гледам дека се истите сестри. За мене идеа едни сестри, за малата педијатриски сестри. Се претставуваа кои се како, и ми ја ставаа на града. Е сеа само една ми ја ставаше правилно, сестрата со кратка плава коса, многу мила. Од другите ме болеше, ама во главно сите беа фини. Кој доктор те пораѓаше?
Секаде има задоволни и незадоволни. Ти си осетила лошо, баш ми е криво. Битно сте добри, гушкај бебче, друго се се заборава
Здраво! Некој што се породил во Систина да ми каже кога треба да се отиде кај докторот што ќе го изберете да ве пораѓа? Јас бев само на втор скрининг во Систина, а цела бременост ми ја следеше матичниот. Во план ми е во Систина да се пораѓам, па ме интересира како е постапката при бирање на доктор и доколку имате искуство со Дракулевски споделете. Фала однапред!
ќе се јавиш,ќе си закажеш термин за разговор со докторот, за од 36та веќе да си почнеш со цтг таму. Мрнр ми дадоа број од докторката, се слушнав, се договоривме да се видиме,да си напраивме муабет, да го види бебето, па договоривме термин за царски
Ти благодарам. А тој термин за разговор го наплаќаат како преглед или спаѓа во пакетот за породување? Исто и цтг од 36та недела кога ќе се прават ,секое се наплаќа или?
Не можеш да закажеш само разговор со доктор мислам, секако закажуваш преглед кој се наплаќа. На мене ми ја водеше бременоста др. Дракулевски, многу е стручен во својата област, презадоволна сум. Сега гледам, за пакет за породување прашуваш.Незнам за тоа, не се сеќавам каков беше пакетот за породување затоа што јас цела бременост таму ја водев, исто и пораѓај, па секое цтг не ми го наплаќаа.Јави се најдобро, ќе ти објаснат и ќе те упатат.
Мене не ми закажаа преглед, баш така беше,муабет и не ми наплтија, не наплаќаат цтг, спаѓа во пакетот за породување. Ова ќе ми биде втор пораѓај таму,исто беше и за првиот
Можно е. Затоа и реков незнам какви се пакетите, затоа што јас цела бременост ја водев таму, па после 35та недела не се сеќавам но мислам дека не ми наплаќа за цтг или преглед. А кај кој доктор си?
Како сум се напнала пред некој ден во Ремедика, јас таму си планирам пораѓај здравје боже и таму ме водат, користам боледување и за продолжување за 2 мин буквално ни преглед ни ништо само извештај требаше да земам ми наплатија 2500 а бев на контрола пред 3 недели тогаш си платив колку требаше сега толку се изнервирав што му се вратив на докторот и викам за продолжување ли 2500 платив а не ме ни прегледавте, а ми кажа минатиот пат дојди ќе ти дадам само извештај па уште ми рече што си доаѓала на маил ќе ми го пуштел КАТАСТРОФА, значи јас тие 2500 така ги дадов
Добро си поминала. На тие што не водат бременост таму, а им даваат боледување за пред комисија, цената е 6000-7000 денари. И Ремедика и Систина.
И јас знам дека си се плаќа боледување конзилијарно е толку 6000 другарка плати после секој нареден по 2500 само што она ехо си закажуваше и се во едно правеше. Ако си имала термин закажано мора како преглед да ти наплати. Роднина работи таму и стално ми вика за консултации јави ми се не закажувај за да не ти се наплаќа. Мораме за секој закажан пациент да си дадеме извештај со сума автоматски им излегува. Си платив за кожно консултација од 10мин 1500ден па после пак прехлед 1500ден...тоа е приватно на се наплаќаат.
Не ме прегледа имаше друга пациентка веќе примено, но ме чуди што јас имам плаќано досега прегледи општо, но за конзилијарно боледување немам платено 6000 и плус ми кажа ќе ти пуштев на маил!???? Незнам што да кажам Да не ме помешал со друга можеби!? Баш следен пат ќе го прашам, досега максим што ми имаат наплатено е сума од 4000ден, а 6000 не сум дала досега
Јас кога одев во систина на редовни контроли (бев со скратен цервикс),пред да почне една контрола на др и реков и да е се ок ми треба малку полоша дијагноза за на комисија, без проблем ми напиша извештај и беше наплатено со истата цена од претходно 2500.