@LadyC кажи ми те чекаше негде сопругот додека беше во сала? Кој му соопшти како поминал царскиот и дали му дадоа да го види бебето одма?
Јас се породив на 8 мај и од подароци си имаше се за секое бебе посебно..торба,кебенце,Мустела,биогаја цела колекција Бекутан,налепници за кола прирачници за мама,за бебе,цд.....ама сертификат немаме зашто тогаш беше некако многу жустро со коронава и полициски час и што ли уште не имаше
Идам у Санте плус имам закажано 11:30 ме прима докторката во 13:00 ме гледа 5 мин ми вика имаш септум дојди после еден месец и толку. Без никаква терапија без никаков совет. Мислев за пораѓај таму ама после ова што читам па и не би одела...
Дома беше со поголемиот, јас бев од вечерта примена со болки, ми даде одма Кацарска да му се јавам уште у операциона. Дента може кога сака да дојде бебе да види, другите денови само од 10 до 12 посета. Ете ова ја немав , ниту па за попуст нешто плус.
Ми дадоа како картонче, со име, дата на раганје, час на раганје, тежина, должина, тоа ли е сертификат. Но слика нема. Исто и на baby катчето се сликавме со наш телефон, сестрата која не испракјаше не сликна. Кога видовме дома едвај една слика малку појасна, другите замачкани. Дури ни рече дека забрането било без маски да се сликаме . Заборавив да напишам дека имам и кебенце и перниче со лого систина и лигавче биогаја. Исто и капки биогаја, како и две ампули капки за нос. Но, ајде кој ги гледа поклоните, битно е што имаат добри доктори, добра услуга, и покрај тоа што бев ептен ризичен случај, одлично си ја завршија работата .
Мене ме чекаше во ходникот кај што е baby катчето. Др. Гордана Петровска веднаш по операцијата, отишла и го известила за мојата и состојбата на бебето. Со оглед на тоа што бевме на хитен царски и до крај беше неизвесно што је се случи, мажот ми, вика кога ја видов докторката насмеана, више се ослободи и знаев дека е се во ред. Му се обратила со збировите: кај е најсрекниот татко, јас да видам . Потоа дошол и педијатерот др. Фидановски, му ја кажал состојбата на бебето и го однесол да го види бебето. Нашето бебе беше на интензивна нега 9 дена.
Рекламен материјал, од Мустела комплет, од Бекутан две пелени и комплет козметика, Био Гаја лигавче, Медела ланолин мало кесиче, прашак мислам од Персил. Толку се сеќавам, можеби имаше уште нешто. Каков фризерај, како метла си отидов.