Ние не добивме биогаја. Само торбата и кеса со бекутан производи, цд за бебе и 2 мали кутивчиња Синомарин.
Ова подароциве по заслуга која викала повеќе и досаѓала помалце подароци за другите повеќе што биле умни
Ве молам за одговор ако некој знае. Бременоста не ја водам во систина но сакам да се породам таму , на скрининзите бев таму со разговор со докторот како оди породувањето таму ми кажа дека се договараме за термин и со вагиналета да започне порагајот. Но јас не сакам така сакам кога ке ме фатат болки да си отидам за породување. Има ли некој што ја разбира процедурава како точно оди природниот порагај таму ?
Здраво. Дали ќе може некоја тазе породена мамичка да ми каже која цена е сега царски во Ре-Медика и колку чинат дополнителните трошоци за крвна група, ковид и некој др. трошок доколку има, а не е вклучен во цената за породување? Благодарам.
Вагиналетата е за омекнување на грлото на матката. Има случаи како мене, се намалуваше плодова вода, а абер немав од болки за пораѓај. Ме примија,ми ставија вагиналета, се отворив и родив. Без провокација.
Ништо не се сменило во однос на поклоните во Систина, само цените во вис отишле Пред 4 години даваа торбица, перниче, прекривка, бекутан колекциј со несесер, веледа тестери со несесер, биодерма тестерче, гел за непца, ланолин за гради и ќеси за млеко, цеде, прирачник, и ваучер за попуст за пумпица. Може уште нешто ситно да имаше ама на ова само ми текнува.
Сега во приватниве како е доколку излезе тестот позитивен на ковид19? Те препраќаат на гак или без разлика остануваш во болницата само под посебен третмн нели...?
Последно беше дека имаат дозвола да те остават изолиран во болница и да те породат/оперираат ако во меѓувреме не смениле нешто
Систина мислам дека породуваат и доколку имаш ковид 19, но ако си нивен пациент, ако си водела таму бременост. Кај мене, бидејки мораше хитен царски рез да се направи, ме однесоа во операциона сала без готови резултати од тестот. Дури покасно за време на операцијата добија известување дека тестот ми е негативен. Мојата докторка рече, немаме време да чекаме, ке се заштитиме подобро.
Девојки сакам да прашам за искуство за пораѓање си царски во Плодност Битола? Како што пресметувам и прашав цена околу 85 000 ден(пораѓај, престој, изготвувања на бебето) , но ме интересира да не има некои додатни трошоци?
Мене докторот ми кажа дека имаат посебен бокс/сала за позитивни плус соби за позитивни во изолиран дел (некаде над ковид тест центарот). Имам комшика сестра, исто ми кажа.
Сега со короната, пуштаат ли таткото да го види бебето и мајката по породувањето, конкретно за ремедика прашувам.
Некоја мајка со искуство со провоцирано породување? 39+3 утрово цтг ок и ме виде др вагинално, ми вели 2-3 прста отворена, меко грло матка, се е спремно дали сакаш денес да се породиш? Ќе ми ставеле вагиналета и дур е тој на смена ќе се породам, друга опција е да чекам болки кои може да почнат ноќе во ниедно време.. одлучив да си почекам за природно да почнат болки.. некако имам слушнато дека кога ќе почни процесот провоцирано, трае подолго и со поинтензивни болки.. некој искуство? Ова во Плодност. Четврток пак цтг сабајле, 39+6 ќе сум, ако не се породам до тогаш планирам да прифатам ваков предлог.
Јас немам добро искуство со провокација, па според мене подобро што си избрала да чекаш, секој со свое искуство. Со лесно.
Мене вагиналетата ми заврши работа. Не стасав до провокации. Се отвори 10 само од тоа, а не бев ич отворена.