Јас мислев да не барам засебна соба овој пат, секако мм нема да иде за друштво. Ама ако треба да седам со маска нон стоп, ќе се префрлам. Нели не тестираат на прием?
Го пустата таткото преку прозор ќе го види бебето, после пораѓај докторката му се јави на маж ми да влезе да го види јас уште бев на интензивна, ние се видовме после 4 дена
Не седат со маски во соби. Дека те тестираат 2те позитивни и не треба. Мислам само за визита ставале. Ама не ја разбрав убаво братучедкава она во Ремедика беше
Јас ниеднаш не ставив маска. Ме тестираа, ме примија и веќе не носев, па и скроз ја заборавив, се додека не ја видов @LadyC. Со цимерка бев во соба, ама не не опоменаа ниеднаш.
Не знаев дека го пуштиле маж ти. Јас не ни прашав дали може зашто мислев не може. А влезе и кај тебе на посета или те пуштија за 4 дена? Јас на царски носев маска, а после не. Само еднаш една сестра ми рече кога ќе ми го носи бебето да ставам маска ама таа сестра не ја ни видов веќе.
Не бараат дури си во болница да носиш маска ,баш јас кога од оделение ме качуваа во родилна прашав дали треба маска да носам ми рекоа нема потреба ,персоналот си е цело време со маски ама родилките нема потреба да носат ,ептен по своја желба ако сакаат.
Да го пуштија бебето да го виде, од влезот на Прима мед, го пречекала сестра и го упатила преку прозор му го покажала сестрата нашето бебе. Цимерката беше породена 2 часа пред мене нејзиниот маж никој ништо не го известил.
Мене ми рекоа за мм дали да му се јават ама јас не издржав го побарав телефонот уште несошиена А за бебето да го види никој не ми ни спомна.
Маски не носевме, бевме 2 во соба. Бидејќи на ден на прием вечерта т.е. имавме негативен резултат и двете. А вака низ ходник коа шетавме ни викаа носете си маски, само тогаш. На пораѓајот не носев, царски
Во Ремедика бевме со маски само бебињата кога ги носеа кај нас. Т. е педијатар кога идеше на посета не караше да носиме маски додека се бебињата кај нас.
А зошто па кога тестираат нели добиваш негативен тест не си во контакт со никого и цимерка да имаш и таа е со негативен. Доктори сестри на 3нед ги тестираат...Ок е мерки да се има секако ама нема потреба кога те тсестирале
@eli.karameli еве Константин е роден 3500 гр во 37+2 и беше ептен цицач,ова е во 37+5 и имам проблем, спие на цицка, за ништо не се буди да цица, мрзлив е мн и немам баш млеко доволно. Џабе пијам и чаеви, се измолзувам, ама оти он не влече си имам проблем некогаш со лактација... @Rubiii Кацарска два пати, сега платив 119450 ама дека со Систина Дајнерс имам 5% попуст инаку сметката беше 126000.
Па јас не барав засебна, така ми се погоди. И фино ми беше искрено. А ме тестираа внатре у соба кога ме примија. Може дека пак ме задржаа итно.