ја ја прашав пакет породување природно рече 550е и требало да оставиш капар сега за да искористиш акциска цена , а може да се породиш во декември за истата цена, знам за родилката ама нели тоа беше пред 4 до 5 години?
Да беше ама колку што знам пред скоро почнаа со пакетите за породување али знаеш како е некои се задоволни некои не зависи какви очекувања имаш, а и унапред да уплаќаш не дај боже не знаеш што може да се случи понатака
Приказната на познаничка од Санте е следната: Била на контрола во 39та недела т.е. на цтг. И и рекле дали сакаш денеска да родиш дека си од друг град да не доаѓаш пак? Оваа млада и наивна (не знам како на друг начин да си ја објаснам нејзината одлука) рекла па ајде Без никакви болки или индикации и дале провокација или нешто друго (не знам, не се разбирам), не се отварала и ајде царски рез. Мажот и ја чекал во кола, се загрижил дека долго ја нема, и ѕвони и оваа му вика Честито, стана татко Ептен чудно и нејасно.
Јас пред 4 години и некој месец се породив во Санте, тогаш тазе породена и во шок може и сум пишала дека ок сум поминала ама сега вака смирена, за второ не би одела таму. Јас во принцип имав лесна бременост, ме порагаше Кипроска, стручна е, во никој случај не прифаќа царски освен ако самата не инсистираш, дури и ти објаснува ако нема потреба за царски да се отфрли идејата. Она што ме иритира е што таа не дојде последните два дена од престојот да ме погледне, дури и другите доктори што ме прегледува една искоментира во смисла јас нмоите пациенти секогаш сум им достапна, што и треба да е така, а не јас да ја барам да дојде пред одење и да не дојде. Сестрите имаше една душа жена ама повеќето се без искуство, што не знаат основни работи како на пример како да заздрави папочето на бебето. И освен тоа ништо не ми покажаа за доење, буквално ништо, син ми еднаш или два пати ми го ставија на града и толку, дома сама се учев со плачки, бебе плаче и јас со него, уфф кога ми текне сега ми доага да плачам Инаку чисто е, се одржува хигиена ама за горе наведеното не сум задоволна. Таму не би се порагала пак.
Како сте задоволни од постпартум негата во Ремедика? Сега кај што ја читам членката погоре за во Санте, уствари сфаќам дека е многу битна работа. Дали има искусни сестри, дали убаво те подучуваат за доење, капење, нега околу бебето..? Имам слушнато една познаничка која се породи пред неколку месеци се жалеше конкретно за таму као не обрнувале многу внимание за доење на пример...
Од Ремедика сум пре презадоволна. За доење ептен убаво те проучуваат, исто и за капење, сестрите додека си таму се нон стоп достапни(но не да се досадува на секој 15 мин),пријатни, друштвени. Имаше сестра Вале, Кате и една со шишки(ни кажуваше дека има близнаци) што ми се погодија во соба многу убаво поминавме со нив, овие три беа најдруштвени.
Исто како @Chuchanov. Да не беа сестрите толку упорни немаше да дојам сигурно. Да не се повторувам, буквално од се сум задоволна.
Тоа е најбитниот момент. Никој нема да роди место тебе, приватно или државно. Разликата е после и вниманието на оддел неонатологија. Тие треба да ти дадат поттик и те подбутнат да доиш, како да се грижиш за бебе. Ова е најголема фалинка на државните клиники. Секако и прегледите првиот месец мн значат!
Токму така, многу големо значење има насочување на мајката во доење, а освен тоа после порагај хормони до плафон, не знаеш глава кај ти е посебно со прво дете, неискусна, добро е што мајка ми, ми беше гооолема подршка, и мм, дури и матичната на син ми на прва контрола ми рече синчето ти е прегладнето после неполна недела од порагај имаше симнато нешто помалку од 100 гр кога не испуштија од болница. Тогаш и јас незнам како дома стигнав, во паника и плачење како најлоша мајка, ама со упорност после една недела кога се вратив само со доење се изненади од килажата. Да не бев упорна немаше син ми толку години да го дојам, сега кај некои мајки едноставно нема млеко и покрај упорноста ама тоа не значи дека се лоши мајки или да се осудуваат.
Убаво искуство. Се ке ти објаснат. Ептен се љубезни,насмеани и пријатни. Ке те научат да доиш,ке имате обука за бањање на бебе,во соба прв пат пелена да му смениш на бебе Во подобри времиња без корона и таткото присуствуваше на обуката за бањање. Педијатар исто објаснува се . Имаш ѕвонче и одма доаѓаат штом стегнеш. Помагаат првите денови и за бањање за тебе. Те мотивираат Што повејќе
Се пораѓав пред 3 години, гледам истите сестри се. Презадоволна сум. Однос, грижа за бебе,помош за цицање , совети буквално се. После ми дадоа број и ги барав од дома кога имав прашања (од тип на : бљуцкање ,какање и сл. работи што сега ми се смешни а тогаш непознати )
И јас се породив во Санте пред 4 години ама не поминав лошо. Проблемот беше што немаа клима и беше жешко. Кога ми дојде млеко 2 сестри ми ги масираа градите за да ми се отнат каналите и ми дадоа 2 пумпи да се одмолзувам цело време. Бебето ми го ставаа на гради после тоа и ме учеа да дојдам ама за ова што кажувам не се замараа сите сестри (читај помладите) туку тие што беа повозрасни. После тоа читав многу негативни коментари и некако не сакав да одам таму за вториот порагај.
Во ремедика бараат тест за корона, но што се случува доколку те фатат болки или ти пукне водењак пред да си направиш тест? Може ли директно да отидеш за породување, па таму да ти направат и тест?
Ке те породат,некој час ке бидеш изолирана додека стогне резултатот. Доколку си позитивна те префрлаат на гак