Vo posledno vreme se pocesto citam deka pocinuvaat rodilki na drzavnite kliniki, i iako se mislev dali drzavna ili privatna sega definitivno sum uverena deka ke odam vo Sistina. A za Sante se zbori deka vrabotenite nemaat zemeno nekolku meseci plata i sigurno ne se tolku zadovolni so uslovite i ne se grizat mnogu za pacientite. Nekolku pati sum bila kaj Drakulevski i citam mnogu pozitivni komentari za nego, pa ke go odberam nego... Spodelete nekoe iskustvo so doktorot dobredojdeno ke mi e
Здраво. Јас сум 3 ти месец бремена. Меѓутоа оваа дебата ме испровоцира да го споделам своето искуство.Кога останав бремена на ехо заказав во Санте плус. Се си беше ок, додека не дојде денот за преглед. Излегов од работа, иако морам да кажам дека е цела процедура за да земам неколку часа слободно. Отидов на преглед, и од таму зачудени докторката не е на работа и ЗАБОРАВИЛЕ ДА ГО ОТКАЖАТ. Збеснав бидејки едвај успеав да излезам од работа. Запалив кола и право во Систина, ми беше најблиску. Иако немав закажано ме прегледаа и морам да кажам дека ме воодушевија. Д-р Јорданчо Иванов е мојот доктор и не го менувам. И да знаете не е важна цената туку стручноста на докторите, да се има здрава бременост и здраво и живо новороденче е тоа нема цена.
Nejze vaka i rekoa, 1p00 Фала на поддршка, да си станеш и ти мајка наскоро. Инаку, не е од вчера Санте плус, поранешна Св. Лазар е, само името го сменија. Докторите не се од вчера, професионалци се во тоа што го работат. Др. Адамова и др. Јегени се пример за тоа. Инаку сите 3 скопски приватни се супер, кој како ќе избери. Не можеме сите во една иста да одиме! Претходната феминка убаво си кажа, интимно е многу, за разлика од останатата каде што е огромна и нормално е да е пофреквентна. Многу народ секојдневно, бидејќи не е само гинекологија. И да напоменам, од 38ма пишува бесплатни прегледи во Санте, но еве мене верувам и на другите, може ќе ви кажат и од 36та! Башка кога бев на разговор со др. Јегени, ме виде и на ехо, се изненадив, не ми наплати нормално, човекот е човек, видов дека не гледа мн материјално. Инаку 2.000 ден им е ехото. Да скратам, небитно е името на болницата, битно е се' да помине во најдобар ред и да се сеќаваме на тој ден како најубав досега! Со лесно на сите, и само позитивни мисли
Мене ми ја водеа бременоста во Систина, таму и се породив. Од пораѓајот сум презадоволна ама од водењето на бременоста не баш. Не дека имаше проблеми туку некако многу се нервирав, гужва, тесно тоа ходничето, со секоја трудница уште 6 души доаѓаат на контрола, докторите немаат секој ден амбуланта па за ехо закажував две недели порано, ако има итен царски докторот ги остава пациентите во амбуланта и оди на пораѓај па се чекало и по цел саат, не често ама се случува. А за пораѓајот немам збор, сите услови овозможени, 15 мин без надзор не ме оставаа, навистина се чувствував сигурно, се породив со итен царски, сала организираа за 2 мин, мојата докторка викна уште една од амбуланта, секогаш има двајца доктори на царски, кога влегов во сала може 10 души имаше, доктори, сестри, анестезиолог, некој што ме држеше за рака ( ваљда асистент на анестезиологот). Кога се разбудив во шок соба сестрите беа срциња, ме галеа ме тешеа, едната ми даде моб да се јавам на мм а другата отиде да го донесе мојот телефон, и повторно нонстоп патролираа по кревети, на две минути ме проверуваа. Кога ме донесоа во соба исто, бебето избањато пресоблечено, сестра ми го подава, сестра го зема, првите денови штом заплаче одма доаѓаше некој да го земе за да можам да се одморам. Копче до креветот поврзано со собата на сестрите, за било што одма доаѓаа, лош збор никој не ми кажа. За следна бременост пак ќе одам во Систина, само што до 8ми месец ќе ја водам кај мојата докторка, а после кога ќе почне одењето на ЦТГ ќе се префрлам во Систина.
Јас никого не убедувам, мене односот ми е битен, докторите, а некоја да ме гледа на инфопулт ко да сум падната од марс ме одбива. Докторите во Санте се со репутација за која Систина може да сонува, а и самата болница е една од подобрите во Европа, тоа што кај нас ја отворија пред пола година не е знак дека болницата е нова. Мојот избор беше меѓу овие две и ја избрав Санте, се надевам не погрешив како и вие кои сте се породиле и ќе се породите во Систина
Ангел велиш докторите ти се битни, па тогаш што е битна таа на пултот? Таа ниту ке те порага ниту ке ја видиш. Ич не ми е гајле за неа, докторот да ми е супер, сестрите за помош, а личности по пат кој ги ферма Инаку на катот кај што сум јас се мошне фини на пултот, за доле или на прв кат не знам. Јегени, Адамова, да супер доктори се. Гледам и некоја Елма чинам беше породува, за неа прв пат слушнав. Ама дека се со подобра репутација од систина не би се согласила. Во систина има врвни специјалисти не само од областа на гинекологијата.
Неможеме сите да бидеме задоволни од едно нешто тоа е факт.Мене Систина ми се покажала како најдобра и таму ќе одам.Можда на некој Ремидика,Државна,или Санте.Ама би се сложила и дека Систина има одлични доктори од секоја област.Не би можела ниту една болница да ја замени во тоа,а и е прва приватна болница во Македонија со што значи има доста добро искуство. А за Санте или бивши Св.Лазар точно е за тоа со вработените.Плати не им даваа неколку месеци,газдите не се појавувале долго,многу доктори напуштиа работа,многу газди се смениа,и дури сега пред неколку месеци станаа Санте и го земаа турци.Имав познаничка која работеше како хигеничарка таму бидејки тие се грижат за бебињата ( менување на облека или нешто ако затреба) трета смена дојде сите одат по соби и легнуваат.Чуварот кај него во таа просторија иста.Не би зборувала повеќе ќе испадне како да имам нешто против Санте
I jas mislam deka koga se raboti za ginekologija, Sistina e lider. Ubavite iskustva i zborovi uste od vremeto na Mala Bogorodica se dokaz za toa.
Jas sum Leyla mazena veke edna godina vo Turcija. Mi fali makedonija i cesto sum na nasive sajtovi. Ve citam redovno i gledam se razvi debata pa resiv da pisam, bidejki smeatam deka sum najkompetenta bidejki i Sante plus i Acibadem se turski brendovi. Tuka zdravstvoto mnogu se razviva. Prva i najdobra bolnica e Acibadem imaat mislam 20 bolnici. Bidejki mojot soprug ima privatno osigururvanje i bidejki mi bea poznati i od makedonija resiv da ja vodam bremenosta tamu. Bolnicite se ogromni bas svetski i se so najdobra reputacija. Imav moznost da vidam i bolnica na sante plus i se zaprepastiv. Vo turcija ako prasate recisi i da ne ja znaat, mala bolnica koja nema nikako renome. Ne moze da se sporedi so eden Acibadem ili Liv hospital. Zatoa ve molam ne gi doveduvajte vo zabluda lugeto. proverete prvo pa posle pisuvajte. Nikoj ne zasluzuva da bide manipuliran, sepak ovde sme da si pomagame da si davame soveti a ne da pisuvame gluposti. Toa barem deneska lesno se proveruva treba samo da go prasate google.
Lyela imas pravo, da ne navleguvame vaka ili onaka, se znae za ginekologija koj e najdobar barem kaj nas. Kako be da im veruvam na Sante, koga sto iminja i rakovodstvo smeni taa bolnica , de Sv. Lazar de Sante, pa smena na milion doktori. Ne sum vlegla a ne ni sakam da eksperimentiram koga stanuva zbor za bebe i semejstvo. Sistina e Sistina, koj ima moznost od srce bi go sovetuvala da pojde. Dobra nok idni mamicki.
Morav da se umesam-sekoj si dava mislenje ,ne treba taka da pisuvate -deka treskat gluposti.Eve ima i zeni sto se zadovolni od GAK-pa ispagja itie neznaat sto pisuvaat,treskaat zeleni znaci jas nemam moznost da odam vo privatna bolnica,ama imam citano dosta pozitivni raboti za Sante-i site idat po privatnive glavno za doktorite a posle zaradi uslugata,oti na sekoja zena pobitno i e zdravjeto na nea i bebeto otkolku luksuz za 3 dena....moe mislenje !!
Joy1 дали знаеш зошто ги препраќаат? Барем кога станува збор за Систина маката ме научи се да дознаам. Заради тоа што лежењето на неонатална интенизвна нега во Систина за жал неможат финансиски да си го дозволат па затоа ги препраќаат на ГАК. Ги препраќаа предвремено родените на ГАК пред 6 години кога Систина беше само болница за породување а сега е клиничка болница и таму работат најдобрите педијатри за предвремено родени деца. Не памтам кога беше мислам лани се роди едно бебе од 600 грама ептен рано во 25/6 недела и плус го оперираа во Систина и се помина добро. Тоа со препраќањето е тежок мит.
Не зборувам за бебиња туку за родилки. Пола од докторите во систина на времето работеа по државна.За пари и име се преместиа на Систина.Угриновски кај оперираше со години?? Па сега го викаат на повик и во Систина кога имаат тежок случај.Истите тие се истиот персонал.Другарка ми раб во Систина.Нејзиното се роди пред време.И секако го чуваа таму на неонатологија па почина за една недела.Кои се тие екстра специјализирани што мислиш дека ги има само таму?! И не ми е јасно едно?? Имам пари ЈАС да се породам во приватно ама нема пари ДЕТЕТО таму да ми го лекуваат па ке го преместам него на државна??
Зaр уште сo тoa декa ги препрaќaaт нa Гaк? Дa, бидејќи немaaт пaри, неoнaтaлнaтa негa е премнoгу скaпa дoстигa дo илјaдници еврa нaжaлoст. 1000 еврa зa пoрaѓaј и 10.000 еврa не е истo. Акo систинa немa кaдaр, гaк имa сигурнo, кoлку предвременo рoдени бебињa пoчинaa нa гaк, мaјкa ми рaбoти нa пријaвувaње нa пoчинaти и стрaшнo е штo се дешaвa. Скрaјa дa е. Вo систинa се рaѓaaт шест месечни бебињa и преживувaaт, aкo се сеќaвaте нa Кaтјa мислaм беше. Гaк е кaтaстрoфa тoa гo пoтврдувaaт пoрoдилнине прикaзни, и вo никoј случaј не мoже ни пo oпремa ни пo кaдaр дa е пoдoбрa. Бaшкa сите дoбри дoктoри зaминaa. Пoследнo чув зa Трaјкoвски и тoј си зaминaл.
Joy1 истиот персонал е ама условите за работа се други, не шетаат бубашваби по ѕидовите и имаат нова опрема а не од 63-та. Угриновски работи во Систина, а не е на повик (го оперираше мој роднина). Едно е да платиш еднократна сума за породување (си штедиш пари колку што е), а друго е ако ти се роди детето критично и не знаеш колку дена ќе треба да лежи таму, може и со месеци и каква терапија ќе прими и не можеш да знаеш колку се ќе чини.
Нашето малечко го префрлија од Систина на ГАК без да барат никалва дозвола. Откако го префрлија и дадоа ма тетка ми да потпише. И да ПРЕЖИВЕА! Немавме никакви врска , не сме од Скопје. Грешки се случуваат секаде. Секој си знае каде се чувствува безбеден. Овде има родилки кои не можат ни да сонат да одат на приватно, а со ова само се набива страв кај нив.
За условите не коментираме туку за персоналот. Пак доагаш на моето дека е истиот персонал.Угриновски каде работеше?Државна нели? Тоа и јас ти го велам.Разликата е во хигиена,услови,пажња. Лекарите се тие.Истите. Не мислам ништо лошо ни за едните ни за другите.Сум била и таму и таму
Не бре во Систина се е мед и млеко нели? Или плаќаат дебело за да не излезе ништо на виделина.Па на самиот Димчев трудницата му умре на порагај. Ти имаш инсајдер од Гак јас имам од Систина.Персоналот избега од гак бидејки беше помалце платен . Тоа ти е како некој од мотел да замине да раб во Александар Палас.Истиот човек е само раб во подобри услови