Мене ми закажаа за 38+4, докторот рече дека бебето е кондициски спремно тогаш, мислам дека ќе е спремно и порано и покасно. Е сеа само да издржи до 38+4 тоа е за една недела, како запнала ќе искочи.
Препорачливо е колку што може повеќе да се одржи бременоста,сепак зависи од случај до случај а причини има многу. Не си ја навела твојата причина за царски. Јас бев поради плацента превиа (постелката го блокираше родилниот канал +бебе имаше ептен лоша положба),сепак уредна бременост термин за царски ми закажаа кога влегов во 38г.н. ,а ме породија 3дена пред терминот за раѓање во 39г.н.+4 дена. Но како што напоменав бременоста беше уредна. Од денес за утре не е пракса, освен во случај додека си на цтг и има потреба да те задржат и хитно да те породат царски. Во случај кога се знае дека нема услови за природно-спонтано породување, ниту еден доктор нема шанси да форсира такво нешто. Инаку јас сум породена царски во државна. Поради која причина породувањето треба да биде царски кај тебе?
Мене ми кажаа од денес за утре. На цтг се покажаа контракции, докторот рече да не чекаме повеќе и ми рече дојди вечер да те спремат, утре сабајле ќе те оперираме Се породив 38+5
Ги пробав шпагетите. Премногу дебели за мој вкус Торбицата јадна. Едни био гаја капки, лигавки, ракавички и флаери. Со првото имаше многу повеќе. Бекутан, мустела, медела, пакло бекутан..
Претходно стварно имаше многу повеќе и за почеток се наоѓаа. Убави несесерчиња исто имаше. Ваљда секаде е криза :/
Па вие за подароците ли одите на приватно? На дадени 2000 евра за пораѓај, што ке ви смени еден пакет козметика?
Па внимание добивате додека сте таму. Третман имате за парите, нели е така? Јас дадов пари за чување матични клетки а не добив ни пенкалце. Не ни очекував, плаќам за конкретна услуга, исто како и вие.
Ти не се пораѓаш во приватна клиника, така?! Што тогаш ми ги менаџираш очекувањата?! Јас плаќам, јас очекувам. Ко ќе се најдете со некои мислења колку за осуда да му се смучи на човек.
Интересно е тоа што очекуваш подарок кој вреди, колку, 50 100 евра? Си дала 2000, сигурно имаш уште толку. Само прашувам.