А ти ја следиш дискусијата во темава или за мудрување се јави? Пари за фрлање немам. За 50-100еур ќе купам на детето нешто.
A зошто да не очекувам, кова веќе еднаш сум добила и сум дала толкава сума на пари за пораѓај? Дал има да даде уште толку или нема тоа си е нејзино, не треба да не интересира туѓиот џеб.
Ама тој подарок не е вклучен во пакетот. Или е? Кога имаат спонзори даваат повеќе, кога не, не даваат. Затоа што плаќаш за конкретен пакет за породување. Козметика чинам не е вклучена. Подарок е тоа.
Сега прочитав, и пакет козметика спаѓа во пакетот. Не е назначено што, значи даваат кога што има. Како и да е, смешно е на 2000 евра да ви менуваат нешто шампонче и лосионче, од која било фирма.
Цел на муабетот е: цените рипаат а се добиваат каде каде помалце работи од времето кога порајѓајот беше поефтин а подароците беа поинтересни и побројни. Дека корона криза ги фатила. Ете тоа. Муабет да си направиме. Ама кој да не разбере
Хахха и мене највеќе ми се свиѓа тоа со фризурата, ама некој скоро ми кажа дека екстра се доплаќало тоа или грешка сум? @Milkiway нас во Ремедика ќе ни дадат ли нешто? @MilaSs12 не станува збор дека бараме којзнае што. Порано и на државно кај што е бесплатно, даваа торбици со неколку основни ствари за бебе. Не дека нешто ќе ми сменат неколку тестерчиња бебешка козметика или влошки за гради. Убаво кажа @kukla21 до вниманието е.
На државно тие торбици што ги даваа се заменети со еднократната помош од 5000ден, на која имаат право сите без разлика каде се породени. Само ја направија процедурата комплицирана. Јас се откажав
Јас од Ремедика ништо не искористив. Козметика веќе си имав купено и немаше да експериментирам со тие што беа во кесата, се израдував многу за кесичките за замрзнување млеко ама во тој хаос со доењето не ми ни текна да замрзнам Сега веќе не можам да измолзам ни 10мл. Влажните марамици ги искористив нешто да подзабришам зашто не користам бекутан. Козметиката беше од бекутан и мустела и имаше торбичка. Не ми текнува друго.
Јас во државна се породив,три несесери ми дадоа од Памперс.Виолета и Бекутан. На одење сестрата му даде уште еден на бебе. И од општина и од фондот земав по 5.000ден.
Цените на се рипаат, не само на пораѓај. Од храна, сметки, ма се што ти треба за живот. Мене муабетот ми е дека на таа голема сума на пари, торбата е најнебитна. Сега даваат 5000 и 20000 ама за сите деца. Ако порано биле тестери, а не цела козметика од гел до лосион, не скратиле којзнае што. Веледа комплет со редовна цена е помалку од 2000. Комплицирана и не де баш 5000. Ти треба потврди еден куп, државјанство, извод, венчаница, чуда. Кога ке пресметаш колку си дал за документи, 4000 испаѓаат. Да не зборам дека без луѓе нема да завршиш а дома имаш бебе кое чека цицка. Рокот е 3 месеци од пораѓај.
Пред колку време ова? @MilaSs12 Не ги ни погледнав убаво сите потребни документи ама кога видов дека треба да извадам некаков доказ за жителство во држава во која сум родена и живеам 29 години Не ми падна на памет во време на корона да оставам новороденче дома кое е закачено на цицка.
И јас се чудев, првпат слушнав за таков документ. Наводно, ако личната карта не ти е постара од 1 година. Глупости. @monik55 Претпоставував. Сега мислам нема такво нешто, а и тешко се зема помош од општина, плус ретко кои даваат сега. Треба стапката на наталитетот да е падната во општината.