Да знаев дека се толку ќе ги напраев ...а зашто 2 мене матичнава 3 ми зема. Стрептокока, кандида цервикс и кандида вагина мислам беа исто gps пакет.
Јас кога се пораѓав пред 1 месец на гак бебето до мене првиот ден беше 2 саати, а вториот од 6 сабајле до 2 попладне кога и не пуштија дома. Мене не ми го оставаа цел ден, дури и кога им барав ми рекоа да одмарам.
Мене површински ми помина. Вагина и измеѓу анус. Е сега два или три се... Понеделник ке видам на цтг сум ке ги земам резултатите
Ич не го осетив ама ептен се опуштив дишев длабоко..пробај стварно помага. А и матичнава моја е стварно нежна
Женски, да се држиме до темата - породување во приватна болница. Пред да пишам на @eli.karameli си помислив дека ќе се развие дискусија за државно, ама имав намера да и дадам совет само затоа што знам дека ќе оди на приватно. Жално е што на државниве не нудат поголема поддршка за мајката ден/два по пораѓајот. Некој пиша (не беше @Sofi.ja), ама да не барам по мислењата дека едвај чекал бебе да му донесат. Нема потреба во секоја тема да се истакнувате како сте најмајки. Јас одбрав да раѓам на приватно, не на државно. Тоа што ми требало одмор и сум имала болки не значи дека не сум го сакала детето и сум го шутнала. Олабавете малку со осуди.
Не сум јас,Мила беше Инаку јас те поддржувам во тоа што си побарала,пишав само да кажам колку е потребно и на државно да го има тоа И ваму си штотуку породена,и таму си. Истата нега е потребна. Ама лекот е во кешот што се плаќа во моментот,без оглед на тоа што секој месец плаќаме здравство.
Ама навистина е така. Еве јас не стапнувам на државно бидејќи имам многу лошо искуство. Не го пишувам затоа што има мајки што неможат да си дозволат порајѓај на приватно да не мислат дека сите така би поминале. А па кога ке читам врски на државнокој врски бе што им е работа на нив. Знаат само да дремат и зеваат. А дали бебе ке е кај мене или ке сакам да одморам е мое лично право. Јас им го расипав ѕвончето од нон стоп што ги викав. Јас да требаше да мочам а бебе да беше во соба викав да го земат така сакав на безбедно да е. А и одмор ми требаше. Како на сите.
Јас кажав дека едвај чекав да го донесат. И така беше. Премногу ми беа тие часови откако го извадија додека да биде стално со мене. Во магла ми е запознавањето, па толку ми падна мачно што јас лежам со катетар а синко е сам таму. Си го сакав до мене. Јас имам друга замисла за мајчинството. За мене е незамисливо да одмарам додека синко, кој штотуку дошол на свет, е осамен. Сакав да го мирисам и гледам. Одмарав 25 години, 9 месеци се спремав за тоа дека откако ке излезе од мене, на друг начин ке се поврземе, па тие денови во болница не ми менуваа ништо. И ден денес сум преморена.
Како што кажа и Кукла бебето знаат да ти го тупнат требало со мајката да биде. Јас уште лежам не сум заѕвонила на телефонот да им кажам да го донесат, кога е време за јадење да ми го донесат да поцица за да може убаво да надојде млеко иначе се љути и вришти, они ќе го нахранат и ќе ти го донесат бебето спие со саати не се ни буди,а ти си со едно око отворено не можеш да одмориш денес 12 саати го оставија и само им зврцкав за помош за доење има некои се писмени некои неписмени ќе го намести и ќе си отиде додека да искочи низ врата почнало да вришти. Треба малце повеќе внимание да се обрне тие 15 минути тука да се кога се учите.
Ама нели треба да биде со мајката? Тоа мало човече сака мајчина близина и топлина. Таму никој не го гушка. Плус никој не мириса како мама. Како може да кажете дека ви го тутнале сопственото дете? Навистина ме зачудувате.
Зашто сме луѓе. Очајно е потребна помош првите денови. И нас ни треба одредена негаа. Не треба никоја да се чувствува виновно заради ваква работа. Ок е и твоето, ок е и другото. Не знам што толку чудење.
Во тие денови многу поважно е мајката да застане на нога, да се стабилизира и опорави. Има жени со тешки породувања, не е коректно да се каже дека се немајки зошто не го држеле бебето нон стоп. Немаш ни млеко, бебе повеќе ќе се мачи заедно со мајката него да има лезет. Цел живот ќе го имаш да го гушкаш, 3 дена ништо не се. Плус бебе треба во први денови да е под надзор на педијатар, не е само пиење млеко. Ги вакцинираат, бањаат, даваат медикаменти каде што треба. Негата е за двајцата.
Сепак треба и мајката да закрепне, нема потреба од форсирање од прв ден, полека. Понатаму ден и ноќ ти е бебето во раце или до тебе. Уствари секој што може да бира, ќе си прави како што му е замислата.
Чудно е затоа што велат дека сопственото дете им го тутнале. Можат се да ми тутнат, ама за синко не би кажала, а пред се, не би почувствуала дека ми е тутнат. Мислам дека првите денови и часови се најбитни за поврзување. Однеси донеси со тоа мало човече, срцето не ми дава да правам. Немаме ист став за ова прашање. Точно е дека три дена не се ништо, ама тоа се првите три дена од животот. Сигурна сум дека бебињата чувствуваат дека се сами и не сакам својот сон да го ставам пред чувствата на синко. Ако нема млеко, ке донесат дохрана. Ама прво цице па дури тогаш шприц. Јас не сакав ни со шприц да го хранат сестрите. Иако, на оваа тема, @Kaetana објаснуваше дека колострумот е доволен за првите денови. Не ве осудувам, само се чудам. Тоа е се.
После тежок пораѓај особено ако си првородка си изнемоштен ретки се тие што лесно прошле и имаат сила за се...особено царски кога си прво изгладнет до смрт,а после тоа не ни смееш да јадеш болки ужасни те клукаат со лекарства ти се врти во глава не можеш нозете да си ги погледнеш,а не пак дете да држиш и доиш особено ако немаш млеко е многу тешко тоа вришти гебе и жал ти е и нервоза те фаќа сакаш да е најадено и убаво да му е ако е цел ден со тебе не значи дека се тоа ќе бидеш способен да му го пружиш и за мајката треба одмор барем додека може во болница да одмори после дома се знае нема спиење ќе има плачки станувања касно навечер и тоа е. Не си немајка ако сакаш да одспиеш барем два три саата за да си способен за максимална љубов да му пружиш на бебето...само гушкање не е љубов
Никој не рече дека мајката отишла во болница да се наспие,не е во хотел нели. Што би избрала ти да си во таква ситуација, без сон 24 саати, изнемоштена од пораѓај, со болки по цело тело,а се чуствуваш неспособна во тие моменти да се грижиш за тоа мало човече? Си викаш бар 30мин некој да го пригледа да соберам сила. За кого, за него! Знаеме колку е важна врската мајка бебе и за доење и општо. Сите сме се почуствувале како дел од нас да е одземен после пораѓајот и сите со нетрпение сме го очекувале здраво и право да се роди. Не значи дека не го сакаме сопственото штотуку родено дете ако побараме малце оддишка за пак да сме способни да се грижиме за него. Верувам дека првите денови сите сме имале помош кој од сопруг кој од мајка кој од свекрва итн да не редам. Породување не е така лесна работа,на телото му треба време за да закрепне. И бидејќи јас ја започнав дискусијата овде и да ја завршиме затоа што не сме во соодветна тема.
И јас имав тежок пораѓај. Цел ден, повеќе од 12 часа, и на крај царски. Плус нередовни контракции неколку дена пред тоа. Ни на државно не ги носат децата ако мајката е во очајна состојба. И ги земаат ако има нужна потреба. Јас лично немам слушнато нечовечен третман првите ден два, посебно за царски. Откако ми го донесоа синко јас немав потешкотии да се грижам за него. Болки имав и дома наредни две недели, повеќе од една година сум ненаспиена. Вие овде зборите за константно однеси донеси на бебето, кога и да посакате. Не може на сите да ви е толку лошо за вррме на целиот престој таму. Кога тогаш ке се освестите. И на државно не пуштаат дома ако мајката не е добра. Ама и на држвно те оставаат да спиеш и да дојдеш на себе. Овде читам дека бебињата ги носат и враќаат назад на повик. Цело време додека се таму. Тој дел не ми е сварлив. Секој си прави како му одговара, јас само размислувам гласно.
Ee trebalo da gi podmites dr i jas isto pominav kako tebe vo strumickata bolnica oti ne dadev pari na dr
Аман жено! Ќе ти ставиме орден за најмајка. Темава е за приватни клиники. Ако имаш искуство, сподели, ако не прерипај ја. Поим немаш како изгледа тоа носење, земање, враќање деца.