Моето сегашно искуство у Систина беше различно од првото. Со првото цело време беше со мене оти така сакав а и ми го носеа мн често, а со второво само за цицање го носеа, не го гледав по 3-4 саати. Кога ќе ги замолев да го донесат ми викаа дека спие и кога ќе се наспие ќе ми го дадат. У 23 последно цицаше и дури у 6 ми го носеа. Верувам му капнувале тогаш ад за да ме остават да спијам. И спиев. И топ ми беше. Не ја повторив истата глупост од првиот пораѓај.
Леле ама си осетлива. Се правдате, те вака, те така. И јас поминав низ истото и кажувам мислење. Немам идкуство со пораѓање на приватно, ама темата секако нема да ја прерипам.
Кој ти се правда тебе? Си залутала во темавa, тука се споделува искуство од приватни клиники. Ако сакаш да дискутираш на темата најмајка, отвори нова.
знам дека е офтопик ама и мене ме засегна баш овој проблем , и ова е еден фактор зашто бираме болница затоа и јас се мислам за приватна зашто мислев дека ќе има време да се здивне после пораѓај , само на кратко ќе споделам две искуства првото јас првородка 20 саати природен пораѓај ,а ја 20 години дете истоштена и не личев на себе неможам од кревет да станам , бебе ми го донесоа во 3 попладне и остана , првите саати цицаше , спиеше и се супер после полноќ нешто не штима , а ја немам што да правам , бебе плаче нема никој наоколу плаче со саати , во соба две мајки и двете спијат крчат , а веќе лудувам ни сестра ни бутур по ходник како луда некоја одам и ја плачам , дал да идам по скали дал да викам по сестри ,бебе не се смирува, мене крв по нозе ми тече до тоалет неможам да отидам, околу 4 или 5 сабајлето некоја мајка од последните соби како од господ пратена дојде , вика а бе мила не дојде ли никој го слушам бебево со саати како вика , ја зема ја заврте налево надесно ја понишка и заспа бебче , па се стрча по сестрите партали ги напраи и дојдоа го земаа бебче па ја дремнав саат два , второто ми го носеа за доење по саат време па го зимаа , малку да се дружиме и малку зедов сила прв ден , и да се истуширам и да јадам и одма подруго е ..... незнаеш какво ќе биде бебче , не секој ќе знае што да прави во прв момент , не секој има сила и исто го поминал пораѓајот ( царски ли природно ) , и сега уште треторотка па да ме етикетираат како искусна или немајка ако сакам да се освестам во прв ден , ако побарам да го зимаат да не е цело време со мене мислам дека не е во ред , си има протокол за тие работи само се надевав во приватниве се поажурни од државниве .... сеа ме разочаравте
Ажурни се. Кога и да ги викнеш да го земат бебето, ќе го земат. Мислам дека имам пишано, кога бев во болница имаше две мајки во соба што буквално (значи буквално) ги викаа сестрите на 10-15 минути во соба за секакви ситници. Идеа секогаш и без збор си ја вршеа работата. Првите денови помалку време поминував со бебето зашто стварно немав сила, гладна и со болки не бев способна цел ден да се грижам. Третиот ден го побарав бебето кај мене цел ден и дохраната во соба да ми ја донесат за да бидам сигурна дека е гладно и да фати цицка. Си барав се што ми требаше.
Ве читам. Се мислев дали да пишам или не. Ама ај. Ќе пишам. Прво породување - Ремедика Јас лично сакав бебето да е до мене. Цело време. Не сакав да го пуштам. Не сум најмајка. Едноставно таква потреба имав. Ама го немав. И си реков - ок. Таков е редот тука. Морам да го носам во собата за бебиња. Еднаш остана подолго кај мене - го вратив мислејќи дека ќе ме караат. Од аспект на доење - не воспоставивме добра релација од почеток баш заради тоа носење / неносење и доење на некои си рандом интервали со дохранување према нивна шема. Значи таму се даваше формула редовно а во меѓувреме бебето се носеше на рекреативно доење. Тоа за мене лично значеше борба првиот месец да воспоставиме добар однос во доењето. Значи не велам дека тоа ќе е така кај сите вас. Но таквиот пристап е потенцијален ризик за некои од вас. Второ породување - надвор (BF болница) Бебе со мене од матка. Никакво двоење. Породена со царски после цела ноќ плачење и око несклопено. Немаше никаква соба за бебиња. Сестри доаѓаа кај нас во соба и тука правевме сѐ. Формула никаква. Ама го следеа цело време. Не се дава како кај нас што се дава по распоред. Туку по потреба. Спиев со бебето. Цицаше колострум. Не постои немање млеко. И одморив. И се наспав колку-толку. Иако бев со бебето цело време. И плус со цимерка и со нејзиното бебе. Е немаше спиење цела вечер. Ако спиеме со бебе, сестра доаѓаше и нѐ будеше за да цица ако поминало подолго време. АМА - клучна разлика - таткото е тука. Таткото не е посета. Таткото е дел од фамилијата и е до мајката и бебето. Значи јас спијам, маж ми го гали бебето и му менува пелени. Го шета, го смирува со контакт кожа на кожа. Јас јадам, се туширам, одмарам. Тој превзема обврски. Симулација како дома. Сметам дека и тој фактор е многу клучен. И дека тој е тој тип на поддршка кој треба на мајките, а не соба за бебиња и давање формула. Втората опција би ја одбрала секој пат. Секој пат. Дури и ако значеше нешто помалку спиење од првата. А никоја не е помајка или најмајка. И ако некој каже дека сакал да е бебето со него цело време - не значи дека сака да се направи подобар од вас. Рачунајте дека се хормони во прашање. Како што истите тие хормони некогаш играат улога и во други димензии. Па не е лошо да сме малку претпазливи кога дискутираме на вакви теми. А лично сметам дека проблем се очекувањата. Мислам дека за многу работи ни се дава погрешна слика од аспект на мајчинство и што тоа значи. Меѓу другото и породувањето и што да очекуваме во болница. Да се пораѓам сега повторно во МК, би одбрала приватна болница ама под мои услови.
Целосно се согласувам особено делот со таткото. Ех, да ми беше мажот мој во болница како дома што беше какви сестри, каква соба за бебиња, немаше да се одделам од беба.
1. Во систина воопшто не е така. Се форсира доење. Бебе е кај тебе дур спие, се буди и цица (има, нема, за стимулација). Дури после, му даваат дохрана. 2. Го земаат за фототерапија, ако треба и пак на цицање. 3. Посета имаш 2ч само. Помош,никаква Секој од нас различно се опоравува. Дека ќе влијае на поврзување и млеко ако му дадат ад неколку пати, а јас одморам за да имам сила да се грижам утре и дома за него, не верувам. Побитно е да добиеш правилни совети, него да си утепан од умор. И во темава не зборуваме за доење и поврзување и колку е тоа битно, туку за услуга која ја добиваме за соодветен надомест кој го плаќаме. За мене припомош од сестрите е дел од тоа.
Супер ако е така. Иако имам слушнато дека не секогаш е баш така. Ама очигледно се трудат. Дај Боже и во Ремедика да е така. Моето искуство во Ремедика е пред 6 години, па може не е апликативно во моментов (се надевам). А темава е породување, да. Ама јас ја имам сфатено и малку пошироко - за мене не е само опфатен самиот чин на породување. Туку сѐ. Од доаѓање во болницата, породување, до грижа за тебе како мајка, за бебето како бебе, за мајката и бебето како пар. Некогаш и од најмал збор кој ако е кажан малку "погрешно" може мајката да ја чини многу. Емотивни сме, и пристапот за време на престојот таму мора да се земе сериозно. Муабетот ми беше дека кај нас се форсираат пракси и од самите здравствени работници кои многу добро знаат дека поинаков пристап дава многу подобри резултати во повеќе области - не само доење, туку и здравствена состојба на мајката и бебето. Ама ајде, не навлегувам. Помош од сестрите и те како треба да се очекува за парите. Но јас лично таа помош ја разбирам во давање на правилни насоки што да очекуваме, што да правиме, како да се справиме со ситуацијата. Не само да ме остават да одморам, или да ми донесат чисти чаршафи, или болницата да ми нуди фризерај или што не. Психичката поддршка во тие моменти најчесто е најпотребна. И да - услугите треба да се концентрираат во поврзување со бебето, доење, пелени, и сл работи кои понатаму се круцијални во грижата за едно бебе дома. Ама тоа за мене. Не мора да значи и за вас. И тоа е ок. Секој со своите стандарди и очекувања.
Дискусијава почна од долго оставање дете, не од неоставање и носење во соба за бебиња. Значи праксата е таа, во Систина сега. Чаршафи и сл не носат сестри, си има болничари за тоа. Поддршка за доење има очигледно бидејќи истото го форсираат. И првиот пат и сега ме испуштија со совет мајчино млеко. Првиот пат не ни имав млеко. Не мора секоја дискусија да се извртува во друга насока. Јас си знам каква мака имав затоа што држев дете со часови во рака. Друго е дома кога имам перница, сопруг и бебе не ми лежи на рана. Дадов добронамерен совет. Да знаев дека волку ќе ги извртите работите лп ќе и пишев.
Даваат сите општини кај што наталитетот е намален. За Гази Баба знам не дава, Аеродром даваат на пример. Најдобро да си прашаш.
Ние сме под Кисела вода,пеленки имаше таман да пробам виолета,бекутан и памперс,некоја кремичка на бекутан плус. Што си ја замараш душата,секогаш има некоја најмајка што е. Јас ќе заспиев со него во раце како ми паѓаше главата во секунда па и тоа грбот како ме болеше. Ги викнав го земаа,вечерта најкасно до 9 го зимаа за јас да се одморам. Недај боже да заспие и од висок кревет да ми падне на плочки.
Коа веќе сте отишле толку офф топик... Значи имаме НЕмајка, мајка, НАЈмајка и ФЕМИНАмајка. Шо не е јасно? Страв ми е да ви кажам дека после царски кога ми го покажаа бебе реков само ‘Баш е слатко, земете го’ Ќе испаднам чудовиште... Хормони бе жени, ние меѓу нас ако неможеме да го разбереме тој дисбаланс и да се поддржиме, кој? На темата: Супер си поминав у Систина.
Твоето бебе било слатко, јас прашав сите вакви чудни се раѓаат? И сестрата едно незгодно вика секој ден ќе мења мајка Стварно ај сите чил со муабетов.
Кога веќе зборите за прв впечаток, мм кога дојде Мика да го види ме праша дали е наш и да не го смениле случајно. И откако маааалце доби некоја човечност у него свативме дека личи на свекор ми.
Секоја тема панаѓур со ова најмајкиве Со првото во Систина, второво здравје повторно таму. Вторава бременост цела таму ќе ја водам, од брис до пораѓај. Немам никаква доверба во државното. Па и оној случајот од вчера... Првото го носеа наутро накај 7-8, последниот ден и во 6ч, форсиравме доење иако капка млеко немав тие денови. Ако бев уморна ја земаа, и онака одпосле нема да се делиме дома. Ми годеше помошта тие денови таму. Што ако сакам да поспијам дур сум таму, па не сум го оставила на улица бебето, туку под надзор. Дека во државните не се замараат сестрите, туку ги оставаат бебињата со мајките уште одма по цел ден, иако на сите им треба одмор и помош тогаш, затоа се осетливи мамичките на оваа тема. Овие (ние) во приватни што сме отишле,размазени,распекмезени,сме отишле да се изнаспиеме таму а не бебе да раѓаме, така нешто му доаѓа. И моето беше копија на свекор ми. Среќа смени после првиот месец.
Ич не ми беше целта да извртам нечиј муабет и жалам што сум така сфатена. Баш во претходниот пост мислам дека убаво објаснив. Целата поента - а поврзана со темата - ми е: за тие пари што ги плаќате, барајте си поддршка каква што ви треба. Ако е тоа поддршка да го згрижат бебето мајката да отспие и одмори - нека е. Ако е тоа поддршка за доење - ок. Ако е тоа поддршка за папок чистење, пелени менување, каква и да е - барајте ја. Споделив лично искуство од аспект дека ми е криво што молчев првиот пат. И дека тоа ме чинеше нервози после тоа. И не го наметнувам како единица мерка за мајчинство. Споделувам само гледиште кое секако е нормално да биде со одредена доза субјективност, но, без намера да навредам или да наметнам мислење. И да - од овој аспект (кога имам второ многу поинакво искуство) се чудам каков ми беше престојот таму. Како ми носеа бебе рандом. Како дента кога нѐ испуштаа ме викнаа да ми покажат основни работи - како се бања бебе, како му се става пелена, со што да го мачкам и што да му правам. Од овој аспект се осеќам дека тие 5 дена во болница се као - нарачав бебе, благодариме што причекавте, сега е готово да си го земете - вака се бања, вака пелена. Брзински пред излегување. Испуштена со препорака за дохрана. Онака пишана. Дома дојдов не знаев што да очекувам. Колку мочани пелени. Колку какани. Колку подои. Ама важно калмата трчав да ја купам на пат од болница накај дома. Нема везе. Тогаш ми беше сѐ супер, затоа што не знаев колку не е природно пелена на бебето да му немаш сменето во 5 дена престој во болница. Се надевам дека се сменети работите. Но, ако не се - барајте си ги правата за парите што ги плаќате. Затоа што ако вие тоа не го направите, тие сигурно нема.
Да и јас кога се породив во ремедика,буквално сестрите си ја вршеа целата работа околу бебето. Мене ми викаа одмори мајка дома нема ѕвонче. И така и беше. Но,дали до мене беше бидејќи јас единствено што појма немав дека може "тешко" да се одвива е доење или па мислев штом имаш млеко бебе одма фајќа да цица јас мака со доење не видов. Од одма си фати. Но,морам да ги пофалам тука сестрите зошто навистина форсираа доење и ми го местеа во поза лесна и за мене и за бебе. И јас до крај така го доев на перница како што ме научија. Штом беше буден прво на цицање го носеа па потоа штом заспоеше го земаа за да спијам и јас бидејќи ке беше 5 саат сабајле а мали бил гладен. Значи не посегнуваа по формула веднаш. А педијатар да ме испиша со препорака ад на толку и толку и толку и толку мл... небитно може шаблон им е. Пелени од радозналост побарав во соба да му сменам з да го видам голо. И бањањето. Се на се убаво искуство. Затоа ми се во план и сега. Дека многу забегавме од темата збегавме. Но мора да престане то најмајка дефинитивно и секој осуда зошто вака зошто на приватно зошто доела а зошто не доела. Ни за сестра ми не ме интересираше зошто сама одлучи да не го дои бебето ни еден ден а камо ли за рандом личности.
Дали му е познато на некој, дали е потребен тест за ковид пред породување во Систина и дали ќе биде примена доколку покаже дека е ковид позитивна?