Да, потребен е. Ќе ти земат таму крв и брис. Не знам како не ви ги носеле бебињата. Моето цело време беше со мене. Вториот ден синко плаче, мене раната ме боли, ги викнав да го земат. Сестрата од таму ми рече не го зимаме пробај да го смириш сама Јас се вратив жива ненаспана дома. Знам една вечер го земаа во 4 за да поспијам и го вратија во 6 хаха Добро спиење нема што....
I mene mi go zemaa bebeto edna vecer samo vo strumickata bolnica ama oti sestra mi im ostavi pari na dr I na sestrite zatoa bez jas da znam koga vlegla Im dala pari na sestrite I na dr I ubavo mi bese sto odmoriv malku
ах, камо да дозволуваа сопруг/партнер да престојува заедно со родилката како што е во странство. да биде дел од цел чин и процес и на двајцата истовремено да им се објаснува и покажува за грижата на бебето.
Да дефинитивно и јас би сакала мм да е до мене. Да гледа и он за доење преслакање бањање. И дома да си одиме скоро па спремни. Плус така може бебето да е заедно со нас цело време..во спротивно се зависи како ќе ти помине пораѓајот и колку ќе си способна
Јас сум со став дека маж не треба да биде присутен ниту на чинот ниту во болница. Што дека ќе гледаш, ќе дојдеш дома пак си како утка, дур не пробаш 3-4 пати и не фатиш сам некој ред. Премногу ми е пренемагање ова со маживе, па и по прегледи се влечат па уште место доктор они да застанат на бокс да те ѕирнат. Ова е мој став, не велам дека е исправен.
За пораѓај тоа е пак личен избор некои сакаат некои не. Точно дека нема да знаеш ама нешто он ќе запамти нешто јас. Ние еве 3 мес само гледаме видеа читаме книги ама пракса е друго. Бар вие што имате веќе по 1 бебе знаете. Сестра ми и зет ми беа скроз изгубени врска немаа од ништо затоа што нејзе во чаир никој не и покажа, он поима нема...и бабите бањаа преслакаа ги учеа итн. Плаќам приватно за да ме научи се да не треба баби да викам...
Сум пишала и претходно, еве мене во Ремедика свашта ме учеа, толку ми го блокираа мозоков јас стварно ништо не запамтив. И дојде ред да ме учат како се бања бебето. Кога ја соблекоа и ја видов таа минијатура без облека плус боцкана по рачињата и главчето со инфузии јас се онесвестив. И тоа беше првиот ден од мојата постпородилна депресија. Зборот ми е еве јас за 3 дена ништо не научив во болница и се што читав од книгите беше џабе. Го памтам и првото бањање дома сама се тресев цела, вториот пат веќе бев боља. Пракса учи све.
За мене не е пренамагање, колку е мое детето толку е негово. Зошто да не биде присутен на прегледи, во болница, па ете и на пораѓај? Зошто да му се скратат правата? Ако не и дома нека не седи, нека скита со друштва, јас сама да го чувам. Заедно сме во ова.
И јас исто имам ваков став. Ја прашав докторката кога бев последно на преглед ми кажаа дека може само преку стакло да го види кога ќе се роди и толку. А една членка имаше еднаш пишано конкретно за Ремедика дека може да биде присутен ако направи ковид тест. Еве температура на влез веќе не мерат, ај си викам може ќе има некоја променета мерка и за татковците барем, додека дојдам на ред
Од кога не мерат? Јас во средата бев ми мереа и таму и во прима мед доле исто ми мереа. Што одеднаш престанале? И тоа со тестот ама ако излезе од болница не му важи веќе негативниот. бар да направеа некој пакет да беше поевтино ќе се тестиравме и двајцата
Не знам не ми кажаа дека може да се тестира и тој. Не ни препрашав пошо на прегледот бев повеќе сконцентрирана. Петокот бев јас, немаше никој на влез само на масата средство за дезинфекција и докторката баш нешто искоментира дека престанале да мерат температура.
Се согласувам со тебе. Колку е мое толку е и негово детето. Двајцата му се родители. Језда мажот не може да го дои, ама све друго може да праи!!! Ама реално зависи и од мажот (односно карактерот на човекот). Не секој може да се справи со тоа. Мојот на пример, не ме пушта сама на гениколог ни за ПАП и редовен преглед. Посебно сега кога се обидуваме за бебе, цело време е со мене на прегледи и дури повеќе од мене прашува што како. Здравје боже за пораѓање, ми вика ќе си платиме приватно ама сама не те оставам, сакам да сум со тебе у најтешкте и најубавите моменти. Ама пак ќе кажам, сите луѓе сме со различни карактери и размислувања. На кој како му одговара и како мисли така треба да си прави. Ништо не е погрешно или правилно се додека сите се живи и здрави и среќни.
Околу чинот на пораѓај и јас се сложувам со тебе јас и да може не би го земала таму, може од после поинаку ќе размислувам ама вака таму ми треба само доктор он да ме гледа во болки може или да ме жали или да се паничи друго незнам, а ни едно и друго не би ми помогнало
Па може бар посети ќе дозволат. Ама па нашиве знаеш како оди прави мекици со 100 души вечерта, сабајле ти доаѓа на посета... дури си викаш поарно нека нема ништо.
Јас најмногу сакам да е со мене пред пораѓај, кога ќе сум со болки. Не мора да биде на самиот пораѓај во сала. Што знам, некако друго ми е кога имаш некој твој до тебе. После нека го види бебето и нека си оди. Не мора ни на посета да доаѓа. Ама во тој делот пред пораѓајот, би сакала да е со мене.
Да и јас. Сега кога ме фаќаат болки бар ќе ме масира, ќе ме тинтра па ај диши па ќе ти збори нешто. Вака што викаш сама паники ќе ме фаќаат повеќе. Он иако е попаничар ама во момент знае да ме утеши при болки
Да и сега е исто. Ќе ме заболи он ме теши Ајде ќе те пушти ќе помине и јас: Ти од кај знаеш, да не си раѓал, ти ли доктор си, може се вистински болки, иди упм, шо ми напрај ... инпосле 15м пак за раче си се држиме
Ќе си го гледа и чува цел живот ако е таков татко. Ако не е џабе што ќе дреме на породување. Ама на пороѓај да ме гледа таква ниту е од помош ниту би се осеќала јас комотно. Ми треба бабица да ми каже како да соработувам и медицински тим, за маж ми да ми со сожалувње да ме гледа, јок. Ова си е мој став.
Не мора пораѓајот нека е личен избор дали сакаш да докде. И ја нејкам на бокс да дојде. Ама сакам да имам можност да биде тука после првите денови. Он да го држи да го чува да учи да го преслече бања. Може што викаш пак нема да знаеме ама зошто он да е лишен од тоа